Дефинитивно моите љубови Немаат некое кузнај какво вредносно значење, и двете се купени за доста пристапни и разумни суми али баш ми се најдраги бидејќи ептен сум јас кога ги носам, ептен се дел мојот стил, ме издвојуваат онака како јас си имам замислено дека треба да се распознавам
Ова ми е најновото парче накит, го добив за роденден. А на втората и третата фотографија ги сликнав најомилените парчиња накит-сребро што ги имам и доста често ги носам. Само на сликата кај што е медаљонот со розата, ми фали прстенот, се убив од барање и никаде го нема Ова ми се случува доста често, да ми снема некое парче накит и одеднаш мистериозно да се појави
Може малку глупо ми е прашањево ама првпат слушам за сончев камен. Се смета ли за скапоцен камен и колку е пари? И од каде си го купи, ако не е тајна? Btw..најголем впечаток ми оставија обетките на Artemission. Многу ми се допаднаа :up:
Последно нешто што си го купив. Одлично се вклопи во мојата роденденска комбинација, некако ја освежи. Камчето е со поинтензивна тиркизна боја
Нема екскурзија да помине без малку купен накит Ланчево е мојата најголема љубов, ако го земав најскапо од било што си земав од германија , совршено ми одговараше со комбинацијата за на апсолвенстка, а другото е се земено за смешни пари. Со него се осеќам како од милион долара
Обетките се 60, ланчето 50. Сега забележав дека многу бои имаат обетките ама во живо не се толки изразени. Ланчето не е нешто мој стил ама греота беше за 50 ден да го испуштам
Знаете дека сум заљубена во црвен накит и црвено, воопшто. Еве нешто поново, обична бижутерија се, ама мене ми се повредни и од скапоцени камења.
Малце ко со компир сликани, ова се неколку што ми беа извадени. Имам премногу...зависник сум од аксесорис