Немам многу накит зошто не носам,алергична сум на бижутерија.Можам само злато и чат-пат сребро да носам.Ама тоа што имам кога ќе имам малку повеќе време ќе го сликнам.Еве сега да ви ги покажам моите најнови ушници вчера си ги купив од Кочани,и многу си ги сакам.
Дел од мојата колекција, некои ги носам стално, некои поретко ама исто ми се драги. Квалитетот на сликите не е многу добар ама се гледа доволно.
Моето најново парче, подарок од сестра ми. Ланче со прекрасен привезок кој може да се носи и како брош.
Еве дел од мојот накит.Иначе дома имам уште многу свечени ланчиња и висечки менѓуши,ама тие не ги носам.Овие што се на сликите најчесто ги носам:
Сликите и не излегоа баш најсјајни,но се гледа,ова се моите омилени обетки од многуте... неизбежните буфчиња ги земав евтини а многу убаво стојат овие ми се омилени од омилените,ги купив малку поскапи но вредат за секој денар,неодоливо стојат многу убава шара овие школкички многу си ги сакам,ги купив за смешни 80 денари а се комбинираат совршено во летни комбинации,лелеави фустани,прошетки на море...и се слично да не претерувам