Вообичаено имам одбивност кон парчиња облека или накит која ги носи секоја втора девојка низ градов (на пр. црно-бела марама во коцки, морнарско фустанче, „шанел“ чанта и сл.) И не ни планирав да си купам ланче со був, ама си купив темно зелена кошула и со неа шетав од тезга на тезга за да си најдам некое парче накит кое убаво ќе и прилега. Боите на ова ланче одлично се вклопија, некако ја освежија комбинацијата, па и покрај тоа што си реков дека нема да купам ланче со був - овојпат попуштив
Од Битпазар по 50 денари. поинакви се во живо ама тоа е, апаратот таков е. Секако нема заедно со обетките да ги носам.
Овој месец инвестирав во малку парчиња, ама сите до едно ми се по мерак. Long live зелено-битпазараче.
Чиката од Зелено пазарче, едноставно rules! Си го знам уште од одамна, и чат пат му идам на лаф муабет и на парче накит....како ова на пример. Си го сакам...
Еве неколку мои омилени парчиња накит.. ги носам скоро секогаш освен тоа тиркизно-плаво.. и тоа лилаковото не е убаво доловена бојата .. тоа го носам на позатворени блузи или ролки зошто е доста долго...