Близначките Едната е златна, другата е мат сива. Неможеше никако да излезат подобро сликите, лошо осветлување, живи им се боите, посебно на златната, прекрасна е.
Еве ги обетките,мојата опсесија.Oвие ми се најновите А овие се од времето на мајка ми,копав пред некој ден низ дома и ги најдов Мене ептен ми се допаѓаат,само незнам дали можам да ги носам. Да не изгледам смешно
Дел од омилениот накит во последно време од одделот алки. Не можам да кажам дека не им се израдував кога стигнаа, особено на канџата.
Ова се моите обетки, кои најчесто ги носам. Сите се минијатурни, затоа што носам очила, и некако многу грубо ми изгледаат на мене обетките. А ова ланче и прстенче, и го купив на сестра ми од Белград. Ама дека мене нели ми тече мозок, од што сум толку паметна... Не го пробав прстенчето, и сега и на двете ни е мало. Само на најмалото прсте ми го собира. Душа ме боли уште, за тие 1000 и нешто денари што ги дадов, ама беше последниот ден, и веќе паника ме фати дека ништо не сум си купила. Мајка ми ми рече, дека ова било филиграм. Ма каков филиграм, милиграм... Со тие пари, што се' можев од битпазар да си купам... А ова ланчето, се погоди... Додуша јас повеќе го носам.
Еве и јас прв пат ставам слика на темава Се извинувам за лошиот квалитет, али од мобилен ми се сликани (нема баш добра камера-како што се гледа ) Дигиталниот ми е расипан. Следните слики ќе бидат со подобар квалитет, Ветувам!
Бидејки имам доста голема колекција имам повеќе омилени парчиња но нај омилени ми се овие обетки, Спојлер ја сликав само едната оти ме мрзеше да ја барам и другата-се извинувам .Деновиве сум слободна па ќе ги изнајдам низ купот и останатите што многу си ги сакам
Лош квалитет, со телефон се сликани. Розевото додуша не е омилено, туку ново ама да се пофалам дека после долго време го поседувам.