Фала му на бога успеав со сликиве. И барем сега си го средив убаво накитот а ме мрзеше деновиве некако. Спојлер
Стварно не можам да фатам се да сликам, без разлика колку и да сакам, а искрено и не сакам да биде ова: Еј видете колку имам. Затоа ги сликав само најомилените парчиња, околу 20-тина прстени, неколку ланчиња и омилените алки. Мислам дека се доволни да ви го доловат мојот вкус за накит. Обетки другпат, страшно е досадно се да вадам и потоа се да враќам на место И како што се гледа, обожавам сребро, бакар и разновидни полудраги камчиња. Ланчињата се речиси сите со такви камчиња, а бисерите се наследство од баба ми, која замислете ги носела на својата свадба. Од сите бисери кои ги поседувам, овие ми се најдраги. Од прстените, тие што се во последниот дел, освен пеперутката се сребро, малку филигран и камчиња. многу ми е криво што си го расцепив апаратот и немам воопшто убави слики
Oд вашите слики ме натеравте да си го сликам и мојот накит Сите се богаташки со накит и на секоја слика има преубави нешта. Посебно сакам да ја пофалам girl1985, алал да ти е. А starfish се надевам дека некој ден ќе го видам целото твое богатство. Eве нешто од мене Спојлер
Ајде да додадам уште нешто кон моето катче. Спојлер Нешто ќилибар, нешто Сваровски, обетките се тигрово око, и така натаму... Се изнагледав и те како добар накит. Браво девојки, секоја чест, можам само да замислам колку добро изгледате кога ќе се дотерате.
Пак јас. Сега ви го сликнав омилениот подарок, комплет накит од сребро и аметист. Ретко го носам, ама тоа од страв да не му наштетам како што сум трапава. Го сликнав и ланчето од килибар, со потекло од Русија, купено пред некои 30-тина години но во совршена состојбa. Спојлер И уште некое прстенче што ми дојде при рака. Многу лош фокус, одвратен. Вториот прстен е со виолетово во средина иако изгледа како сиво, а третиот е сребро со камчиња. Во постот на Хипица видов дека среброто позитивно влјаело на хороскопскиот знак девица. Ете плус објаснување зошто толку го сакам среброто.
И од мене нешто Спојлер (се извинувам за големината на сликите, зафаќаат многу место но незнаев како да ги ставам како скриен текст )
Конечно и јас да сликнам. Ова е само дел од накитот, заеднички ни е со сестра ми, дел е во неа (се разбира поубавиот) па поголема е. Кога ќе си дојде ќе сликнам
Прстенчиња најмалку имам, второто саатче ама не ми работи И заборавив алките да ги сликам, завеана. Ама ајде нареден пат
Леле јас спрема вас сум помножена со нула во поглед на накит Сите имате многу повеќе и многу поубав накит од мојот. Ајде разгледајте го...Деновиве ќе си купам и некои нови работи од новата бижутерија што ја отворија и патем многу е ефтино Накитот сметам дека се усовршува и надополнува со години,се` уште сум 16,со текот на времето ќе набилдам повеќе Имам и други убави парчиња накит кои ми се кај другарки А некои и многу ретко ги носам па не ги сликав...