Омилено,и најново Инаку сликата ја симнав од интернет,дека моментално немам услови за да сликам. Сликата е од фб страната на локална продавница,и цената се приметува 250 денари. А јас го зедов од Бит пазар за 100 ден. Не е мала разликата
^ Значи да се здрави и живи Бугарките на Бит - Пазар!!! Споменик да им се подигне, одма до Аце на плоштад! Страшна работа која разлика ја има во цените на скроз истиот накит во локална продавничка, и тука. Јас константно наоѓам од Страдивариус ланчиња скроз исти, по 100/150 денари, наместо цели 800 ден па и повеќе да давам за нив, и успат да им платам име и кирија. Надвор од темава, ама вредно да се напомене!
Не знам дали прашањево ми е за тука ама ај ќе прашам. Девојки имам едно ланче златно бижутерија,ама ми потемне. Како можам да му ја вратам пак бојата?
Anna-Banana во чашка стави сода бикарбона растворена во малку вода и стави го внатре ланчето. Или пробај со стара четка и паста за заби. Мене со едно ланче ми успеа оваа вторава варијанта, пробај само биди ептен упорна! Треба да трљаш додека не ти паднат рацете!
Мислам дека не е возможно со бижутерија, ако го ставиш во вода уште толку ќе потемни. Мене цела бижутерија ми е поделена во мали најлончиња и немаат контакт едно со друго и барем малку се спречува потемнувањето, но не мора да значи некогаш со текот на времето и од самото тело од носењето потемнува.
Старата боја тешко да ја вратиш, ама ако имаш некои гребнатини само со сода бикарбона триј без вода и после со чиста сува крпа избриши го. Ако ништо друго барем онаа боја која ја има во оригинал ќе се истакне, убаво ќе засвети. "Златната" бижутерија барем јас вака ја одржувам. Ако ништо друго за следен пат гледај да не ја мокриш барем колку толку да ја заштитиш. За жал тука игра она колку пари толку музика, сите бижутерии се горе доле исти.
Девојки ај објаснете ми каде точно се наоѓаат овие бугарки, јас утре ќе одам до Битпазар и сакам за мене да си земам и плус за поклон на роденден.
Еве нешто од мене.. Едвај чекам лето да дојде да ги износам овие школките,душата им ја извадив лани А другите си ги носам доста често,повеќе сум со обетки,нејкам многу ланчиња..
На бижутерија тешко дека ќе ја вратиш бојата, тоа е само со боја премачкано и затоа се лупи. Мој совет за понатаму, бижутеријата премачкувајте ја со прозирен лак, така подолго е заштитена.
Драг подарок од уште подраг пријател, made in Romania. Првобитно привезокот беше на црно ремче/синџирче, ама ми се уништи од носење па го заменив со вакво.
Да се разбереме,раката не е моја! Мојата е депилирана.. Спојлер Дечко ми имаше желба да се слика со него Сакам да се заблагодарам на феминките кои ми посочија каде би можела да најдам ваков часовник. Ви благодарам драги феминки!Ми помогнавте мноогу!
прво ја погледнав сликата а потоа се вратив на текстот, си помислив еј седгрл било машко можеш да замислиш како само се изнасмеав кога го прочитав текстот бтв сакав да прашам од алиекспрес е саатов??
Ориентационо врска неам како да ти објаснам - би му дошло некаде на крајот од пазарот, т.е после тезгите со зеленчук и овошје - гледано коа влегуваш од предниот дел. Најдобро ќе биде да влезеш во пазарот внатре и да прашаш некој продавач на тезга, каде поточно да одиш. Љубезни се, ќе ти одговорат, првиот пат и јас самата се снајдов на овој начин, инаку се осеќав као у лавиринт, неколку пати дојдов на истото место.
Сепак,јас се изјаснив дека сум депилирана! Инаку саатов го купив од Бит пазар,200 ден. Немав мноогу време да го чекам од Алиекспрес.