Овие се парчиња што ги носам често. Имам и други што не ги сликав бидејќи фаќаат прашина само, а жал ми е да ги фрлам. Може ќе ми се најдат за нешто. Спојлер: Ланчиња Првиот ред ми е за ноќни излегувања, а вториот за секојдневни. Спојлер: Обетки Спојлер
Ова ми е последното од колекцијата кога ќе имам време ќе ги сликам и другите, па ќе се пофалам што имам и јас
Првиве се едни од подрагите обетки купени на почеток на студиите. Тогаш ептен бев во фазон цветен дезен и шаренила, како што може да забележите. Не ги носам повеќе, ама имаат огромна сентиментална вредност.
И како да не го обожавам, кога така одлично ме познава. Подарок од момчето (тој го држи прстенот на сликава).
Самтинг њу анд самтинг блу, пошто нема шанси за самтинг бороуд па ни за самтинг олд да залета кај мене кога е во прашање накит.
Дел од мојата колекција, од бижутеријата.Поделено по бои и дезени.Нормално, го носам секое парче одделно.