Имам повеќе парчиња накит, но има некои за кои сум особено приврзана, па ги носам постојано. Секојдневно го носам ланчето со срцето, а понекогаш го менувам за другото, со привезокот со црвениот камен; од задната страна има изгравирано „amor verus numquam moritur“, што во превод од латински значи „вистинската љубов никогаш не умира“, па ми е посебно драг: Од секаков накит, најмногу сакам прстени. Секојдневно ги носам следниве: Покрај ова, носам и најобичен Casio рачен часовник, и пирсови или сосема мали, незабележливи обетки.
По порачка од овде, на линкот таман можеш да го видиш и цитатот одзади. Девојката изработува накит кој е споменат или прикажан во серијали на книги и филмови, а дотичново е од серијалот книги The Mortal Instruments од Cassandra Clare (а се појавува и во истоимениот филм, и серијата Shadowhunters, која е исто така правена според книгите).
Дел од мојот омилен сребрен и златен накит. Сите овие парчиња имаат посебно значење, купени се или добиени на подарок за различни поводи.
Рај за очи . Од каде го имаш земено со ружата тој? И тие под и над тој? И кафеавиот како каиш што е...
Со ружата ми е направен, останатото го имам или правено сама или купувано од различни места низ Европа и пошироко.