Се подновив со истиве од Алиса, и ја копирам сликава за да не ги сликам фалат YES и NO Спојлер А и еве ми 2 нови и неколку стари прстенчиња
ДомаЧицава средува па си реков ајде да сликнам нешто од моите омилени парчиња накит. Овојпат само ланчињата и алките, за обетките ќе ми биде потребно многу повеќе време Овие најчесто ги носам посебно она што ми е со disco balls, и многу ми е драго бидејќи е изработено рачно во Индонезија од едно здружение кое води кампања против искористување на детската работна сила. И ова ми е посебно драго затоа што е рачна изработка на сопругата на еден мој колега, која има студирано текстилен дизајн и секогаш создава накит или други интересни парчиња со хеклање Конкретно ова има двојна намена, или како ланче или пак може да се употреби како каиш - како надополнување и разбивање на еднобојни комбинации. И за крај алките. Повеќето се дрвени или пак обвиткани со текстил или кожа. Такви најчесто бирам. ТоВа би било. Во глобала јас сум нешто ко Фиби, сакам да купувам работи кои имаат историја и со тие сум секогаш врзана емотивно. Чудно - човек да се врзува за небитни материјални работи И да, се извинувам квалитетот е лош - сликав со мобилен бидејќи батеријата на фотоапаратот ми е потрошена.
Ова е мал дел, остатокот во наредна прилика. Бива? Жал ми е за квалитетот, ама вие не ми купивте апарат... а ви реков.
Е , еве дел од мојот омилен накит. Неможам да ја прикачам сликата со сребрените и по елегантните дранглуии некој нареден пат.