^^ Преубави се! Баш и ги гледав на Фб, прстените се феноменални, и планирам да си нарачам еден, ако е возможно! А еве последните два пара обетки. Особено последните ми се драги, си ги купив од последното патување и се направени од многу различни мали камчиња во различни бои.
Мојата скромна колекција. За обетки немам дупчиња, инаку сигурно би била голем колекционер. Не го носам често накитот, ама еве ветувам дека летово ќе зачестам. Инаку, куде мене нема кич, многу сакам едноставни работи, освен еден ѓердан - тој кај трите ланчиња - со триста тракатанци кој најчесто го носам за да разбие монотонија. Ланчето до него ми е многу драго затоа што нема таква секоја втора и го носам во специјални прилики. Прстени имам само два, затоа што а носам подолго од 2-3 часа ми испаѓаат лишаи меѓу прстите. Ги сликав тие двата, едниот од бело злато, другиот бижутерија ама не дека се гледаат нешто посебно. Ај доста тупев.
Новото прстенче Ју-хуууу, го обожавам... Спојлер На зелено пазарче дури 80 ден. за сите заинтересирани и љубителки на вакви гломазни прстенчиња.
Моите омилени 4 прстенчиња,2 пара обетки и една алка. Спојлер од бижутеријата следуваат слики некој др ден
Прстени! Не сум нешто голем љубител на прстени, ама еве ја мојата скромна колекција и сите до еден си ги сакам, особено тој гобленскиот Да надополнам со обетките кои ми се комплет со прстенот. Абе ко од баба да сум ги украла Бабинско или не, си ги сакам
Еве овие ми се најомилените, скромно. Ушници и немам многу, ако ја носам пуштена скоро и не ми се познаваат, алки немам сликано освен едната Тоа белото е обрач и повеќе спаѓа во акцесорис ама не битно, внатре во него е сатот ама не му се гледа шарата светкав е, во наредна прилика ќе ви го покажам.
Eден апдејт за последниов месец Спојлер Oва е сет алки сребрено-бело, со тоа што сребрените се со различен дезен ама тука тоа не се гледа. ова за 50 денари топ е, затоа сакам распродажби и затварања на продавници