1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омраза кон брачниот партнер

Дискусија во 'Брак' започната од vichy, 23 декември 2013.

  1. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    не проверив дали има ваква тема...сепак ви се случило да осеќате толку длабока омраза кон партнерот поради сите угнетувања и стеги кои ви ги наметнувал со изговор сега си во брак не те личи ова она...на пример не те личи да излезеш на само да си помуабетиш со твојот најдобар машки пријател...не те личи со другарка ти да излезеш петок или сабота навечер(денски може)итн...и како ја имате надминато омразата(или немате надминато ;) )
     
    На glisa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.633
    Пол:
    Женски
    омраза кон брачниот партнер

    Ако го мразам партнерот не ја гледам поентата зошто би била во врска или во брак со него.Омразата е тешка емоција која во никој случај не може да биде поврзана чистота на љубовта и разбирањето што го носи врската и бракот.

    Можам да имам несогласувања и спротивни ставови и гледишта во поглед на некои работи,но омраза никогаш.
     
    На H.VAGA, joy1, Lovely93 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    омраза кон брачниот партнер

    Ако чувствуваш омраза ... запрашај се зошто си во брак со него ?? :^)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    омраза кон брачниот партнер

    во последно време често се запрашувам,и како одговор најшто од срце ми оди останувам во брак во име на љубовта што некогаш била и ја има ама некако се менува и со пуста надеж дека ќе сфати каде греши и дека треба да ми даде слобода да смеам да правам што мислам дека ќе ме усреќи а не да се плаши ете ќе излезе со другар и ќе ме изневери,ќе излезе со другарка и ќе ловат машки итн некои маломозочни гледишта :(
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    омраза кон брачниот партнер

    Во врска љубовта или сеќавањето на истата не се доволни за да опстане, не па брак.
    Бракот е и компромис, обостран, обострано разбирање, па дури и благи промени во животите на партнерите како резултат на стремежот за истата таа прилагодливост. Ако не си подготвена на овие, не си била подготвена ни за брак, особено не со оваа личност, каква што ја опишуваш. :(
     
    На ilipili, Nova, SV1911 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.633
    Пол:
    Женски
    омраза кон брачниот партнер

    ^Љубов и омраза во иста реченица према иста личност во исто време се неспоиви.Или некого сакаш или некого не сакаш (како што кажав омраза ми е многу тежок збор). А кога ке дојдеш до тоа да го мразиш партнерот ниту една љубов ниту еден спомен нема да е доволно силен за да те задржи до него.

    Не сметам дека го мразиш сопругот туку дека имаш сериозен проблем во комуникацијата со него и наогањето заеднички јазик во поглед на реашавањето на проблемите кои ги имате во бракот.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    омраза кон брачниот партнер

    јас вака гледам на љубомората некако нормална ми е во врска и разбирам да му пречело додека сме биле во врска ете да излезам насамо со другар или другарка навечер но во бракот нели имате безрезервна доверба и подршка еден за друг и нели е нормално да не ти пречат оние нештоа што го усреќуваат партнерот или грешам?
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    омраза кон брачниот партнер

    Ај вака да ја погледнеме ситуацијата:

    1) И нему му пречи тоа што тебе те прави среќна (излегување со пријателки, со машки другари и сл.)

    2) И тебе ти пречи тоа што него го прави среќен (да не излегуваш навечер и сл.)

    И двајцата си терате по свое и покрај тоа што знаете дека со тоа се унесреќувате еден со друг.

    И уште една работа, маж тешко ќе го смениш во брак, ако во врска нешто му пречело а не се разговарало за тоа, туку си го прифаќала како нормално, сега во брак, не можеш нешто многу да направиш. Во врска се расчистуваат тие работи. Не е најбитен потписот во матично, не ги решава сите проблеми.

    И се согласувам со Супер, омраза нема, туку отпор и неусогласеност.
     
  9. pikolino

    pikolino Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    55
    омраза кон брачниот партнер

    Еве едно прашање како ке се осекаш ти ,тој да ти рече еве вецер излегувам со другарки во грат сепак од прва нема да речеш ок убаво помини си ,прво ке си помислиш зошто да не одам и јас со нив па сите заедно убаво да си поминеме, ете повикај го и него да бидете заедно со друштвото со твоите другари може така ке прифати да излезете заедно ем тој задоволен ем ти задоволна
     
  10. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    омраза кон брачниот партнер

    нема воопшто да ми пречи да излезе он сам со другарки...сме пробале и да го викам со мои пријатели и после он ги прави ршум од оговарање и ми брани да излегувам од оваа или онаа причина,маанџија човек :)
     
  11. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    А ти не му го знаеше табиетот пред да се земете? Ако во врската имал исти или слични вакви забрани, во бракот само се влошуваат, затоа што тоа парче хартија што сте го потпишале заедно, он го доживува како освојување трофеј, стекнување власништво над тебе, а со тоа и воведување на построги правила на игра. Шовинизмот ја достигнува својата кулминација.
    Почитувањето на твоите пријатели е всушност покажување на почит и спрема тебе и твојата личност. А доколку до сега не си се изборила за својата независност, не ја очекувај дека ќе ја имаш и понатаму. Човекот преку ноќ не се менува, можеби само да се однесува некое време подобро, а сето тоа би било привидно, за да после љубомората го надвладее и изреволтира уште повеќе, па да настане поголем куршлус.
    А колку мразам мажи што како стринки оговараат.
     
    На vichy, Trendafilka, Nova и 3 други им се допаѓа ова.
  12. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Мислам дека проблемот е баш во сфаќањето дека во врска забрани се дозволени. Ако тогаш сте имале проблем со љубомората и со секакви ограничувања, тие нема да се изгубат со потпишување на едно ливче хартија.
    Неопходен е компромис од двете страни (а искрено наведеното кажува дека тој никаков компромис не прави), ако го нема, и бракот се сведува само на тоа ливче хартија.
     
  13. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    може ке делувам старомодно ама јас мислам дека немаш никаква потреба да излезеш со другар твој насамо на кафе ај со другарки ок е и денски излегување и се ама навечер мислам дека треба да си излезете вие двајца заедно ти со другарки одржувај контакт испагајте на кафе преку ден мислам дека и ти претеруваш и си правите двајцата непотребни проблеми мислам има далеку поголеми проблеми од ова а вака само се собираат негативни поени и кај тебе и кај него и една ден ке пукне
     
    На pikolino, Daydream, Lovely93 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    59.815
    Се согласувам со eva11.
    Ако сакаш бракот да ви успее, тогаш треба и двајцата да вложувате во него, да правите компромиси и што е најважно, да имате меѓусебна почит и разбирање. Зошто да си ги упропастувате животите со самото тоа што ќе одите контра еден на друг секојдневно?

    Твојот став е ист како од американските серии, но реалноста е поинаква.

    Омразата не е добар знак. Човек лесно не се менува, посебно некој кој што имал поконзервативни сфаќања од твоите. Се надевам дека ќе најдете заеднички јазик, бидејќи тоа е бракот.
     
  15. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    И јас се согласувам. Не дека тој мисли дека има нешто со другарот, ама едноставно смета дека не е во ред тоа. Јас мислам обратно од што наведе Vichy, дека во брак треба да има помалку ограничувања отколку во врска. Додека си во врска е многу поприфатливо да излезеш некогаш со другар на кафе (доколку ниеден од вас нема задни намери секако), или пак сама со другарките навечер што е дури и нормално за повеќето парови, а истово ова во брак се смета за претерано. Според мене не личи една жена да си го остави мажот дома и да излезе да се журка со другарките во сабота навечер, додека пак во врска е многу поинаку, ако ништо друго живеете посебно и не прави некоја разлика доколку немате заеднички планови. По постовите заклучив дека имаш мирен маж, односно дека сте различни, тој сака мирен живот а ти да шеташ. Во таков случај, ни ти можеш да бидеш среќна, ни тој. Најдете компромис. Тој не ги прифаќа твоите другарки веројатно затоа што се послободоумни.
    Јас мислам дека бракот сам по себе си носи одредени обврски и непишани правила. Ако толку ти е потребно журкањето и шетањето, не знам што воопшто си нашла заедничко со еден сосема спротивен човек од тебе. Се тоа може во брак, но зависи од карактерот на партнерот. Тука мислам дека никој од нас не може да ти помогне.
     
    На vichy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Си одбрала тежок збор за наслов на темата само поради исфрустрираност и огорченост кон маж ти.
    Омраза е едно,а да те нервира е друго.
    Сите некогаш не нервираат нашиве,ама па не ги мразиме поради тоа.Можеби само метафорички ќе кажеме "те мразам",но и обајцата знаеме дека е далеку од буквална смисла.

    На вас ви фали разбирање,само толку ќе кажам.
    Зошто ако немате разбирање,компромисот нема да си дојде сам по себе.
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.313
    Допаѓања:
    101.497
    Пол:
    Женски
    А зашто да не може жената да излегува со другарки и другари навечер ако е во брак?? Треба со маќот секаде да иде како со секундарен лепак залепена?? Глупости. Секој од брачните другари треба да си има и личен живот, вентил за издувување. И излегување со другарки и другари на само и тој со другари и другарки и заедно. Нема потреба од гушење.
     
    На vichy, Annath, ph.orhideja и 3 други им се допаѓа ова.
  18. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    Тоа кај нас сите го зборуваат а а во пракса мал дел го спроведуваат
    Таков е менталитетот кај нас ,такво е по старомодно мислење ама јас стварно не свакам како ај децата кај баба нека нанат мама ке испага со нејзин другар ??? :o
    Ај да речиме дека мажот и има современи свакања ама ке го изедат другарите и родителите па и да не сака пак ке и мрчка и коа ке видиш пак ке има повуци потегни
    Сепак и во врска додека биле он не и дозволувал ваквов начин на живот така да мислам треба да и биде јасно дека и во брак би било исто нема да се смени ништо само со еден потпис во матично
    Виши јас би те советувала да си ги смирите малку страстите ,се гледа дека си скоро влезена во брак и сеуште сакаш да испаѓаш да фураш да лудуваш и се е тоа ок само кај нас мал број на луге го доживуваат како нормално така да не си прави сама кавги со сопругот нема потреба оди си на кафе со другарки со другари ама јас пак би рекла нека биде тоа преку ден а аза навечер во дискотека испадната со другар :x :x :x мен ене ми се бендисува искрено
     
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.313
    Допаѓања:
    101.497
    Пол:
    Женски
    Болдираното. Што има бе да ме интересира родителите и другарите што кажуваат? Аман како можете да бидете со такви сваќања и да влегувате во брак со луѓе со такви сваќања. Ако он нема доверба во мене и треба да се влечам секаде со него, ексик и брак и све. Тоа не е брак тоа е робија. А ако некој си е скорен да изневерува, на 5 мин да излезе ќе најде накој. Ако децата се најадени, згрижени ( маж баба , сестра , итн..) нема зашто да не излезе жената сама со друштво еднаш месечно.
     
    На vichy, Annath и Gea им се допаѓа ова.
  20. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Колку што разбрав, муабетот беше одење на кафе со другар и ама баш ништо лошо во тоа не гледам. На крај на краиштата, кафе со другар и кафе со другарка мене исто ми се гледа.
    Од време на време излегување и навечер со другарки исто не е ни најмалку страшно - што повеќе години и обврски човек има ова е толку ретко што баш може убаво да дојде.

    За среќа, и мојот сопруг се согласува со ова, а до сега немам чуено забелешка ни од баби ни од комшии, ни од другари и другарки. Секако дека треба компромис - не зборувам за секоја недела излегување во диско до сабајле, или оставање на децата да ги растат бабите, ама па и ланец околу нога не помага. Баш од такви мажи и жени што само еднаш годишно смеат сами да излезат на Нова година, 8ми март, на крводарителски излет, спортски игри, тим-билдинг, имам видено многу повеќе глупости.
     
    На vichy, Annath, Gea и 1 друга личност им се допаѓа ова.