Омраза кон брачниот партнер

Discussion in 'Брак' started by vichy, Dec 23, 2013.

  1. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Joined:
    Oct 27, 2011
    Messages:
    423
    Likes Received:
    308
    Gender:
    Female
    не проверив дали има ваква тема...сепак ви се случило да осеќате толку длабока омраза кон партнерот поради сите угнетувања и стеги кои ви ги наметнувал со изговор сега си во брак не те личи ова она...на пример не те личи да излезеш на само да си помуабетиш со твојот најдобар машки пријател...не те личи со другарка ти да излезеш петок или сабота навечер(денски може)итн...и како ја имате надминато омразата(или немате надминато ;) )

    Дали само ја чувствуваш омразата во тие ситуациии? Дали таа омраза сериозно го нарушува вашиот брак? Постојано го мразиш? За неговата љубомора и ставот дека не лиши ова она, си знаела и претходно сигурно...Или пак во текот на бракот он ја изгубил довербата, па затоа така се однесува...Треба да разговарате и да му кажеш дека тоа ти пречи...
    Види омразата и одбивноста на партнерот е сериозен проблем...И јас маж ми ужасно го мразам кога ги фрла чорапите кај стигне :D ...Ама тоа е момент..За отварање на ваква тема да не не е само моментот причината?Да не има нешто друго што сакаш да кажеш?
     
    tessie likes this.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,770
    Likes Received:
    23,803
    Gender:
    Female
    Според мене, во еден успешен брак, сопружниците сами си ги поставуваат границите во чии рамки ќе се движи нивното однесување и веруваат дека и партнерот го направил истото. Кога таа доверба веќе нешто је труло у земљи данској и џабе е се`.

    Јас на виши и` препорачувам да не се секира за кафето со другарот, затоа што очигледно во комуникацијата со него нема проблем, туку да го спреми ѓезвето и да стави едно кафе за неа и маж и` затоа што очигледно долго време немаат направено другарски кафе муабет и немаат расчистено одредени работи во врска со самите нив. А колку повеќе се оддолжува тоа одбивање на здрава комуникација, толку полошо.

    Велиш дека во бракот ве одржува љубовта и дека споменот за истата те држи во таа заедница. Епа таа љубов треба и да се негува, во спротивно по некое време, ниту една причина нема да биде доволна за да те задржи во тој дом.
     
    vichy, danielka0507 and Daydream like this.
  3. Feodora

    Feodora Популарен член

    Joined:
    May 27, 2013
    Messages:
    925
    Likes Received:
    4,347
    Јас вакво нешто во врска не можам да си го дозволам, па не во брак.
    Или работава е во врска те личи, но во брак не.
    Ќе се затупам ако цело време сум само со него.
    Некогаш сите имаме потреба со другарка да излеземе и да си правиме некои женски муабети.

    Кај вас vichy мислам дека нема доволно доверба. Ако вие не сте ја стекнале уште кога сте биле во врска, за брак верувам дека ќе е потешко.
    Јас лично со другар насамо не сум излегувала, но со колега да, се случило и не ми прави проблем.

    Мој совет е доколку твојот сопруг се нема запознаено со твојот пријател/ки , да излезете некогаш сите заедно. Мислам дека доколку мажот ти ги запознае твоите пријатели од поблиску ќе го смени неговото мислење. Се разбира се ова доколку се немаат скријани намери.
    Позз
     
  4. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Joined:
    Mar 6, 2012
    Messages:
    2,480
    Likes Received:
    48,945
    Gender:
    Female
    Многу ми е трагично кога видам млади личности да имаат волку застарени сфаќања.И не, не го мислам ова како навреда према тие личности туку како една голема празнина во нивнот начин на размислување во поглед на врските и бракот.

    Не гледам зошто една личност која е во врска мора по секоја цена да биде обврзана постојано секаде да оди или да излегува исклучиво со сопругот/дечкото покрај нејзе. Зарем ако излезе сама со другарките во сабота навечер еднаш во неделата или еднаш во месецот е неморална и недомакинка?!? Од каде ги вадите овие ставови и размислувања навистина не ми е јасно.

    Нормално е да сакаш да отидеш не прослава на пијачка во диско со посилната половина ,но иста така нормално е и без него некој пат да излезеш да се видиш со другарка,со колешка,со пријателка или со било кој друг. Ако во сабота излезам без него дали тоа одма по дифолт укажува на тоа дека ке правам глупости и неморални чинови за навреда ?!? Не ! Се е до личноста како што многумина потенцираа.

    Ако сопругот или дечкото на пример реши во наредните 5 месеци воопшто да не излезе во град или на кафе сеедно и живее по принципот куча-посо-куча, зарем и јас покрај него 5 месеци треба дома да седам и нигде да не мрднам ?!? Уште па ако сум невработена односно домакинка која по цели денови е дома и со душа чека некој да даде иницијатива ако не повеке еден круг низ маало да сврти,зарем ке треба да се збрлавувам дома гледајки во 4 ѕидови само затоа што на мажот не му се мрда подалеку од креветот и кујната ?!?

    Како што кажаа пред мене се е во компромисот и во довербата во партнерите кои сме ги одбрале за наши сопатници.Ако ги нема тие две работи во мегусебниот однос џабе се сите караници,тензии и филозофии.
     
    Gea, Trendafilka, Annath and 3 others like this.
  5. vichy

    vichy Истакнат член

    Joined:
    Jul 16, 2013
    Messages:
    727
    Likes Received:
    1,163
    Gender:
    Female
    A зошто да не смеам да излезам со другар?Mожеби со него имам теми за муабет кои ги немам со сопругот(значи без задни намери),и навечер ако излезам со другарки не значи дека планирам неверства и блудни ситуации...сепак разбирам се потекнува од домашната култура,бракот на моите и нивниот однос во брак е полиберте и сум очекувала нешто слично на тоа,кај сопругот е обратна ситуацијата...сепак мора компромис убаво пишавте повеќето...ама на моменти каква мржња ствара некој ригиден став за глупост ко што некоја од вас пиша колку го мразам маж ми кога ќе расфрли тоа чорапите...ете јас го мразам кога ќе почне да ми држи лекции по морал и етика што смеам и што не смаеам ако сум во брак...јас барем не гледам во бракот средина кадешто некој е должен да трпи дисциплински мерки зошто не се однесува какошто треба во брак,и кој е тој што одлучува кој како треба да се однесува во брак?комшиите,пријателите...па тогаш тој на кој му влијае околината не е во брак со личноста што ја сака туку со цела околина.
     
  6. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Joined:
    Sep 9, 2013
    Messages:
    2,637
    Likes Received:
    2,020
    Gender:
    Female
    Околината на страна остави ја, проблемот е во тоа што маж ти има поинакви сфаќања од тебе и тој не е среќен со личноста што ја сака, а тоа е многу болна работа. Ако не најдете компромис, за жал можеби во иднина би се нашла во ситуација да бираш меѓу него и слободата. Две добрини нема. :|

    П.С. Би се надоврзала дека нема ништо полошо од два сосема спротивни карактери во брак, имам близок пример за таков брак кој само од таа причина се распадна. Да не помислиш дека те обвинувам, тука нема кривец, едноставно ти имаш поинакви потреби, тој поинакви, а тоа значи дека еден од партнерите мора да биде несреќен и неисполнет. И да решиш да се промениш можеби со тек на време ќе почнеш да се гушиш. Не би сакала да продолжам понатаму да не испадне дека ти предложувам развод. :o :tmi:
     
    vichy likes this.
  7. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Joined:
    Sep 16, 2013
    Messages:
    531
    Likes Received:
    150
    Глупаво е заради другарки и другари да се замараш, мм нигде не иде сегде сме заедно..
    Сигурно си е сигурно, освен тоа гледаме за нас само а и не ни имаме пријатели..
    Глупаво е да излагаш навечер со другар барем ова е мое мислење...
     
  8. Glasna

    Glasna Популарен член

    Joined:
    May 24, 2012
    Messages:
    1,047
    Likes Received:
    2,181
    Vichy,повеќе e од очигледно е дека со сопругот сте два различни света,морате да се потрудите и двајцата да си најдете златна средина во бракот,инаку тиквата може брзо да пукне,поготово кога се има работа со толку конзервативни луѓе,како што е партнерот твој и неговата фамилија.
     
  9. eva11

    eva11 Популарен член

    Joined:
    Jun 23, 2011
    Messages:
    1,851
    Likes Received:
    761
    Не реков дека не треба да испаѓаш проблемот не е што ке речам јас или другите феминки проблемот е што
    твојот начин и размислување и размислувањето на твојот маж не ви се на иста бранова должина а по дифолт тука идат и расправии и кавги најпрвин за вакви банални работи а после со тек на време ке дојдат и посериозни проблеми
    Штом он вака размислува тогаш и неговата фамилија размислува исто па така ти во очите на сите тие луѓе не чиниш и факт е дека он е несрекен во бракот вака ако ти забрани и ти не тераш по твое па ти нема да бидиш задоволна и срекна во бракот и се така во круг се додека не си најдете некоја златна средина и се додека двајцата не се откажете и направете жртва од некои работи за да ви успее бракот во спротивно допрва ке има гужви
     
  10. Daydream

    Daydream Популарен член

    Joined:
    May 31, 2013
    Messages:
    1,682
    Likes Received:
    6,472
    Gender:
    Female
    Мене не ми е јасно нешто.

    Vichy пред да стапите во брак, додека сеуште бевте во врска не му сметаше ако излезеш навечер со другар или другарка? Или и тогаш беше исто како сега?
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    13,002
    Likes Received:
    164,578
    Сама си си крива.
    Најголема глупост што може некој да си помисли е дека ја има способноста да промени некого.
    Ако чувствуваш омраза, разведи се.
    Искрено, ако доаѓа од таква средина, тоа се неговите убедувања, вредности и верувања и тоа е тоа, помири се со истото и не го обвинувај. Што е поентата, да ти се повини и покае?
    Значи аман од жени што се некој друг им е виновен за нивната несреќа. Као кој те тера да си со него во брак не ми е јасно? |(
    Не знам, мислам дека животот не би ви имал смисла ако нема некој да ве малтретира,а вие да кукате како сте несфатени.
    И секогаш гледам со резерва, кој знае што не се крие под таа улога на жрва...
    Свашта.
    На крајот ти си таа што мрази...
     
  12. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Joined:
    Sep 9, 2013
    Messages:
    2,637
    Likes Received:
    2,020
    Gender:
    Female
    Не е никаква празнина, јас си гледам мене што ми е исправно и ме прави среќна. Сите сме различни и нема потреба да се расправаме ако размислуваме различно што е најнормално, а и најмалку што сакам е луѓе што преку префрлање глумат душегрижници. Толку од мојот оф топик. :)
     
    lepadama likes this.
  13. vichy

    vichy Истакнат член

    Joined:
    Jul 16, 2013
    Messages:
    727
    Likes Received:
    1,163
    Gender:
    Female
    јас не ја почнав темата да бараме кривци и правци :) прашав дали некој има вакво искуство...а за развод што мислиш дека тоа е единствено решение она најлесното,ако било така ама сите барем по едннаш би се развеле,значи буквално сите...инаку дека некој му е ќеиф да кука и така си го гледа животот се лажеш,повели омажи се па кога ќе се промени партнерот од џ причини да видам тогаш како ќе размислуваш...упс знам ќе отидеш да го чекориш најлесниот пат на разводот и не ќе си единствена со тој помодарски начин на функционирање.
     
  14. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Joined:
    Mar 6, 2012
    Messages:
    2,480
    Likes Received:
    48,945
    Gender:
    Female
    ^Виши разводот во денешно време особено во нефункциоанлни бракови е се само не помодарски начин на размислување. Можеби за селебрити ѕвездите во Холивуд и за остварување маркетиншки трик да, но за обичниот човек е нешто неизбежно доколку неможе да најде заеднички јазик со другата половина.

    Не дека е лесен ама па понекогаш не останува друг избор.Ако се исцрпени сите други решенија за да поправи односот ондак што друго останува?И ти несреќна и мажот несрекен ама битно и двајцата во несреќен брак пошто не сте помодари.

    Во ред побара совет,сите ти дадоа различни гледишта и ставови.Некој те оправда и те окуражи да го тераш својот филм некој ти го кажа спротивното.На крај краева сите се водиме според нашето искуство ,а субјективната оцена на ситуацијата е најнемеродавна во друг случај.Зошто?!? Затоа што не постојат 2ца исти луѓе на светов,не постојат 2 исти врски .

    Се се сведува на тоа дали ти можеш да се разбереш со збор со тој човек.Дали ти си спремна да остапиш од некои твои хирови за да го направиш него срекен,но и дали тој е спремен да отстапи од некои негови ставови за да те направи тебе среќна.Ако и двајцата не сте спремни да го сторите тоа ондак не сте ни за во врска да бидете а не па за брак. Зошто на крајот од денот љубовта према партнерот и неговото разбирање се оние кои ке ги избиршат тешкотиите што ги носи секојдневието,а не тие да ни создаваат дополнителна болка и тегоба.

    Крај краева размисли и во тебе да не има некој проблем.Се жалиш од него,се жалиш од неговите ти пречат сите.Најлесно е да се бара вината во сите останати освен во нас самите.
     
    vinozito1, Gea, Annath and 3 others like this.
  15. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Joined:
    Dec 1, 2013
    Messages:
    3,452
    Likes Received:
    20,086
    Пробај ова да и го кажеш на некоја жена која се разведува па види со колку коса на главата ќе се вратиш дома.
    Виши, разводот е страшен момент, случување кое ти ја крши душата, ти ги распарчува соништата, ти ги претвора во прав. Никој не се разведува од бес, никој!
     
    Gea, danielka0507, Annath and 2 others like this.
  16. lepadama

    lepadama Истакнат член

    Joined:
    Nov 25, 2012
    Messages:
    163
    Likes Received:
    157
    Драга vishy те читам скоро во секоја тема,каде најнезадоволната личност си ти.
    Виновна е свекрвати што се пикала во кујна,виновен е свекор ти што не ти дозволи да го рушиш ѕидот,виновен е мажот ти затоа што не те сваќа и разбира дека ти си морална жена и дека мора во викенди да излегуваш со твоите пријатели кои впрочем тој не може да ги смисли.

    Мислам,дали еднаш се имаш онака запрашано самата себе,зошто е тоа така и зошто си незадоволна од се и сешто?
    Јас кога наидувам на проблем или несогласување со околината прво се преиспитувам за сопствените постапки и барам што сум згрешила, а не веднаш да обвинувам некој друг за мојата состојба.
    Мислам оти се е до карактерот.
    Има луѓе кои увек се во несватените и тие се оние кои не можат да најдат каде всушност припаѓаат,па увек мора да се бараат дежурни виновници,па макар и да нема ниту една допирна точка.

    Е ај сега јас ќе го обвинам мажот ми,затоа што ми падна лустерот,ама како да го обвинам него кога сама се петлев да менувам сијалица??

    Затоа секогаш е подобро да се преиспита сопствениот карактер,воспитување и постапки пред да се тргне во напад на другата личност.
    И со ваков став што го имаш,бракот понатаму ќе оди само на секојдневни кавги,каде нема ниту компромис,ниту разбирање и ич толеранција.
     
    Annath, Cka, irena.1 and 2 others like this.
  17. Daydream

    Daydream Популарен член

    Joined:
    May 31, 2013
    Messages:
    1,682
    Likes Received:
    6,472
    Gender:
    Female
    Ама чекај малку. Ти ми пиша дека маж ти и претходно во врска додека сте биле сето тоа не го одобрувал и му сметало. Ти си мислела дека во брак ќе се промени. Така? Значи он си бил отсекогаш ист, со исти ставови, мислења и принципи. Ти си била таа што во врска си ги затварала очите и си се надевала на негово менување после фамозниот потпис.

    Не ве сфаќам, навистина не ве сфаќам. И секогаш ќе стојам на тоа дека очите се отвараат уште во врската, уште тогаш ако сакаш, можеш да забележиш дали до тебе имаш личност која ти одговара во секој поглед или не. Никој не се менува. Само може да се сменат некои навики кои сме ги стекнале со секојдневието (дури и ова е дискутабилно, доколку личноста сака), а не карактер.
     
    Annath, Lovely93 and Nausicaa like this.
  18. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Joined:
    Oct 28, 2013
    Messages:
    390
    Likes Received:
    178
    Gender:
    Female
    разводот е најлесно решение, тешкото е да се спаси бракот... најлесно е да одиш и да кажеш јас поднесувам тужба за развод, не сакам веќе да живеам со тебе... пред да се разведеш треба многу нерви за да пробаш да го спасиш бракот, поради тоа што после разводот веќе ништо не е исто, а посебно ако се има деца, тоа ќе влијае на нив и тоа премногу... сега не зборувам во тие ситуации во кои таткото е пијаница, па има физичко малтертирање, итн... ма да и во тие ситуации може да има решение, само ако се сака од страна на мажот... е сега vicky ти имам давано совети во др тема, па ајде и овде... рече дека неговите ќе си одат, потрај уште малце, после кога ќе си одат, поработи малце со маж ти... знаеме сите дека мажот се задоволува со готвење и секс, тука промашај нема... прави му работи кои што ги сака, пробај на политички начин да го завртиш накај тебе, да те сака тебе, со многу романтични вечери, со многу секс, исполнување на неговите сексуални фантазии, не верувам дека тогаш нема да го придобиеш колку толку, и така постепено со текот на времето ќе нема да ја слуша мајка му... поработи малце со него и не ми се верува дека го мразиш како што имаш напишано овде, тоа е само период во кој на тебе веќе ти е прекиснато од се, па и од него... ќе помине тоа, труд, труд и многу труд и ќе си го спасиш бракот и ќе го завртиш и од твоја страна, прави го само тоа што тој го сака и ќе успееш...
     
  19. vichy

    vichy Истакнат член

    Joined:
    Jul 16, 2013
    Messages:
    727
    Likes Received:
    1,163
    Gender:
    Female
    еве едно конструктивно мислење кадешто феминкава не бара кривци,мене тоа ми попречи,а за разводот кој не знае за тоа,и ок не сметам дека треба да се прави од помодарство,ама реално ако се прифаќа мислењето дека ете од оваа и оваа причина нешто не ни иде одма треба да се разведуваме ли?е тоа е за мене развод од помодарство,темата ми беше дали некој од вас бил во ваква ситуација и што сторил да ја надмине или ако не ја надминал да си пише етоа беше се.
     
  20. vichy

    vichy Истакнат член

    Joined:
    Jul 16, 2013
    Messages:
    727
    Likes Received:
    1,163
    Gender:
    Female
    мило ми е што ги следиш проблемите со кој некој личности се соочуваме во бракот и тоа не фрустрира и тера во незадоволство.мене не ми е целта да се правдам дали сум во право или не,сигурно од ќеиф не се вклучувам да пишам како ми било по дома со родителите на маж ми туку од мака,инаку ако мислиш дека се супер слободно да се замениме,да не испадне за недела дена да избегаш со дигната коса на глава.инаку и други имаат маки,проблеми однс соопруг-родители итн.кои верувајте пред брак ама не се приметуваат ептен треба некоја да им кисне по дома подолго време па да примети со какви луѓе ќе си има во иднина раб.јас и да сакав не можев да приметам што ме чека бидејќи имав пишано они беа со години во странство да му асистираат во бракот на др.син затоа по 11год брак и претходно 8год врска немаат ни дете ни некоја стабилна раб.толку им помагаа неговите сега ние сме на ред,инаку да имам и со сопругот проблеми и на DAYdream и пишав ги имавме и во врска ама оладуваше по малку дека на крај ќе ми попушти а сега е силен маж при мама и тато и мора да се докаже колку му е послушна сопругата која треба и според него а најмногу според мам и тато да седи дома и да плете чоја а не на кино ако на филм одат брат и нивни пријатели млад брачен пар,никако не смее она да оди сама без да и е залепен сопругот со секундарен лепак кој бтв во тоа време на доцна ноќна проекција така испадна да има слободни места се наоѓа на 7небо во соништата :)