1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ондулирање на коса?

Дискусија во 'Коса' започната од elenileni, 17 септември 2010.

  1. elenileni

    elenileni Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Здраво девојки!Би сакала да ве прашам за совет,имам помалку искршена коса,значи ниту е права ниту виткана,а припаднато ми е за виткана,но скиснато од парталчиња,пена и сл.Што мислите за ондулирање,колку трае и каде ми препорачувате да одам на фризер :emo: Поздравчиња,чекам ваш совет :)
     
  2. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Андулирање на коса?

    андулирањето отприлика трае 6 месеци, или кога ќе ја скратиш косата...
    на тебе останува дали сакаш да ја андулираш .. ама мислам дека во тоа се содржат многу киселини кои и штетат на косата ..според мене најдобро е да се консултираш со некој фризер за тоа ;) :*
     
  3. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Андулирање на коса?

    Имам андулирана коса од средината на јуни. Сакам утре да ја скратам, бидејќи ми е многу оштетена и пак да се андулирам.
    Дали може толку брзо, зошто косата не ми личи на ништо од кога ми помина андулираното, но ја сакам андулирана.
    И колку отприлика да ја скратам за да ми биде повеќе виткана, затоа што првиот пат кога ја андулирав ми беше многу долга(а сега уште повеќе) и немав баш убави локни. ?
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Андулирање на коса?

    Мислам дека најубаво ќе ти каже самиот фризер и за должина и за дали може толку брзо.
    А мене лично најубави ми се оние виткани коси до под гради што паѓаат.
     
  5. Kristilove

    Kristilove Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Ладна фризура

    Здраво... ја отворив оваа тема бидејќи сакам да си направам ладна фризура но ме предомислуваат... Дали знаете какви се последиците , мислам дали има големо оштетување на косата и нејзино паѓање или можеби не...? Фала :)
     
  6. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    Ладна фризура

    Ладна е она што обично го прават бабите ;) виткање на косата со киселина. Значи, на косата се нанесува специјална киселина, се витка на дрвени виклери и се остава така определено време и после тоа постојано ти е виткана. Трае неколку месеци, зависи од должината и квалитетот на косата. Велам дека ја прават бабите затоа што кога одам кај една маалска фризерка стално има по некоја баба дојдена на „ладна“ :) , супер им било за одржување, а демек и полесно ја фенирале после. Мислам, тој дел и мене не ми беше јасен, и прави ладна и после тоа ја фенира, ја исправа :worried:. Мислам дека прилично ја оштетува косата, ама имам другарка која редовно си ја прави и вика само треба редовно потшишување после. Неа во прво време и е мнооогу виткана, а после се опушта малку витканото и изгледа ОК.
     
  7. BlackXSs

    BlackXSs Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    20
    Ладна фризура

    Со оглед на тоа дека за да трае подолго време таа фризура,ставаат јак раствор,некаква киселина,хидроген или не знам што,секако тоа е многу јако и штетно за косата.Сепак се зависи од квалитетот на косата.Најдобро да се консултираш со фризерот. :)
     
  8. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Ладна фризура

    Иииии вака ли ќе изгледаш со таа ладна фризура :D :D :lol: Не, шала на страна, мислам дека не е преорачливо заради коселинити кои го слабеат квалитетот на влакното :!:
     

    Прикачени фајлови:

    На Anabela09 и keti.kety им се допаѓа ова.
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Ладна фризура

    Јас не сум за ова зашто како ќе те направат така ќе си шеташ со месеци, што ако не ти се свиѓа?!Плус може ќе сакаш промена, да ти биде исправена.Да не збориме колку ја гори.
     
  10. shururup

    shururup Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    36
    Можам да ви кажам дека уствари немате поима што зборувате :) Зборот киселина звучи страшно, тоа да, ама еве, 3 години ставам киселина на косата и нема "И" од изгорено. Се зависи од тоа како ја чуваш косата.
     
  11. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.983
    Допаѓања:
    5.727
    Сакам да прашам...?

    Вака сега ...имам многу права коса ..има и сјај и се ама јас сум запната да ја андулирам ( мислам дека вака се пишува како и да е ) ..она трајно виткање што се прави во фризерниците..
    знам дека е штетно ама ме интересира повеќе околу оваа работа ако знае некој нека кажи било што .. :)
     
  12. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    215
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам...?


    Јас имав трајна ондулација долго време кога не бев фарбана бидејки и јас имам права,праз коса.Многу убаво стои,не се секираш секој ден да ја местиш,виткаш,пеглаш и сл.
    Само многу се гори и зависи од фризерот колку е стручен за оваа работа,да не ти ја изгори па да не ти стане како метла,денес трајната не ја прават многу и така да ти треба стварно добар фризер кој тоа сеуште го практикува и серазбира во тоа!
     
  13. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    184
    незнам дали е во мода пак тоа виткање трајно со киселина еве Јас сум повозрасна и да ви кажам јас ја нимам праено пред многу години неколку пати последно ја направив пред 16 години за крштевката од керка ми !
    Инаку порано имаше киселина да се купит во рубин кармин ама мислам дека таа фирма воопшто не постојт и сега незнам од каде се снабдуваат флизерките ! Инаку најубаво е да се виткат со покрупни витлери не едни ситни како стапчиња и редот и на виткање да бидит во поинаква насока за кога ке се пуштат витлерите витките како локни да изгледаат ! ако има некоја фризерка нека објаснит подобро !
    Исто Јас мислам дека ако еднаш до 2 пати годишно ја виткате нема да имнате многу оштетување на косата ! повеке косата како метла се прави од многу процентен хидроген !
     
  14. Tej4e

    Tej4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Од мала сакам да имам виткана коса, па планирам да се андулирам за неколку месеци. Мојата коса е ЕПТЕН исправена, ретка, со околу 1% волумен, и за еден ден се мрси, па верувам дека е правилно решение, е сега незнам дали и колку ќе се оштети бидејќи, како што реков, ретка е и претенко е влакното ама ќе пробам, па што биде - биде. Ако не заборавам ќе пишувам резултати. Најверојатно ќе треба да ја скратам бидејќи ми е долга до околу градите а јас сакам пократка, а за големината на локмите, нешто како ова:
     

    Прикачени фајлови:

    • curly3.jpg
      curly3.jpg
      Големина на фајлот:
      47,6 KB
      Прегледи:
      137
    • curly1.jpg
      curly1.jpg
      Големина на фајлот:
      28,6 KB
      Прегледи:
      137
    • curly2.jpg
      curly2.jpg
      Големина на фајлот:
      25 KB
      Прегледи:
      134
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Tej4e - имам другарка што има ваква коса, многу тешко се одржува и плус треба многу нега. Но ако си решила од права виткана, после да ја исправиш и да сакаш многу тешко. Дека се оштетува се што е по вештачки пат се оштетува.
    Размисли повторно.
     
  16. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.627
    Допаѓања:
    8.514
    Пол:
    Женски
    Првиот пат ќе се заљубиш во косата, ама со секое наредно миење косата станува метла, ако моментално ти е фарбана косата ќе се разочараш уште првиот пат, ќе биде сува и без сјај . Јас првиот пат се бендисав ама наредните 2 пати се зезнав до даска. Немаше никаков сјај косата, точно е дека не се мрси ама ужасно сува е. Јас и покрај толку нега не можев да се справам со неа. На крај ја ошишав цела ондулација откако ми порасна малку . Никогаш нема да ми текне пак да го правам ова. На крај си ја прифатив каква е таква е, моја си е, природно си е природно, немој да се покаеш, размисли убаво, посебно ако бавно ти расне, затоа што косата изгледа како права метла или како пајажина да имаш во глава :D .
     
  17. Tej4e

    Tej4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Пред месец дена ја направив андулацијата и тогаш беше прекрасна, со тек на време не е истата, помалку се познаваат локмите ама и така ми се допаѓа. Косата не ми беше фарбана(никогаш не ми е ни била) така да не загуби од сјајот, со користење на соодветни пени и балсами уште држи. Плус ја скратив до рамињата за локмите да не се опуштат и да има повеќе волумен. Мило ми е што се решив на ова. :emo::)
     
  18. nadelinka

    nadelinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    556
    Девојки да не знаете каде во Скопјево можам да направам ладна ?!?
     
  19. Ancailin Blond

    Ancailin Blond Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Девојки каде прават ладна фризура, трајна што ја викаме? Мислам во Скопје или ако знаете некој фризер што прави може и бројче.