1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Оние нешта кои не можат да се купат со пари

Дискусија во 'Насмевка' започната од RedRose97, 2 март 2011.

  1. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    158
    Имаме само една шанса да го живееме нашиот живот најдобро што умееме, па затоа не треба да ја „прокоцкаме“. Животот е постојана борба за „подобро утре“, но убавината на животот не се состои во евентуалната среќна иднина, туку во убавината на живеењето во реалната сегашност, во која треба да научите да бидете задоволни од себе и од она што го имате. Потсетете се на сите оние секојдневни ситници кои успеваат да „украдат“ барем мала насмевка на вашето лице.

    1.Ситуација кога некој се сомневал во вас и на крајот испаднало дека сте биле во право.
    2.Моментот кога доживувате мини срцев удар, бидејќи не можете да го најдете мобилниот во џебот, но потоа сфаќате дека е во другиот.
    3.Кога спонтано водите љубов со вашиот партнер, без никој од вас да го планира актот.
    4.Мигот кога влегувате во такси и му велите на таксистот: СЛЕДИ ГО ОНОЈ АВТОМОБИЛ!
    5.Ситуација кога малечка бубачка лази по мониторот на вашиот компјутер и вашата прва реакција е да се обидете да ја исплашите со мрдањето на курсорот.
    6.Интересното чувство кога му кимнувате со глава на вашиот другар/ка, во моментот кога некое многу згодно момче или девојка поминува покрај вас.
    7.Олеснувачкото чувство кога конечно ќе доверите некоја ваша тајна на најдобриот другар/ка
    8.Моментот кога му давате команда на Мајкрософт Ворд да ги „игнорира сите“ грешки во пишувањето на вашето презиме.
    9.Чувството кога се будите од сон во кој паѓате и сфаќате дека сте на вашата безбедна топла постела.
    10.Звукот на коцките мраз кои ѕвечкаат во вашата чаша полна со освежувачки сок.
    11.Моментот кога им мавтате со рака на безбедносните камери кои се поставени во продавницата во која влегувате.
    12.Чувството на паника кога некој дел од телото ќе ви се заглави некаде и потоа одеднаш ви олеснува кога ќе видите дека сте повторно на слобода.
    13.Авантуристичкиот дух во вас, кога го возите вашиот автомобил боси.
    14.Нежноста и топлината која ја облева вашата душа, кога во ладен зимски ден седите по дома завиткани во ќебенце.
    15.Моментот кога стискате „like“ на сопствениот Фејсбук статус.
    16.Ситуација во која вицот воопшто не е смешен, но некој од присутните се смее на цел глас.
    17.Чувството кога влегувате дома и гледате дека вашата соба „блеска“ од чистота и сфаќате дека некој друг ви ја исчистил додека сте биле надвор.
    18.Чувството на стрвост кога ја пиете последната капка млеко директно од тетрапак пакувањето.
    19.Ситуацијата кога на телефон ви се јавува личноста за која пред малку зборувавте.
    20.Погледот кон преубавото изгрејсонце, кое ги изненадило сите во сред студената зима.
    21.Чувството кога ја гледате вашата родна населба од прозорчето во авионот кој полека се приближува до аеродромот.
    22.Смешната ситуација кога некое малечко дете ви ги покажува неговите „мускули“.
    23.Чувствувањето на врелиот песок под вашите стапала кога сте на плажа.
    24.Моментот кога си ги „бистрите мислите“ додека стоите долго под жешкиот млаз вода од вашиот туш.
    25.Моментот кога сфаќате дека сè уште силно се смеете на истите шеги на кои сте се смееле додека сте биле дете.
    26.Убавината на долгата, релаксирачка прошетка и вдишувањето кислород, без да имате ниедна дестинација на ум.
    27.Чувството кога ќе се занесете на подиумот играјќи на вашата омилена песна.
    28.Забавните ситуации кога измислувате сопствени „кованици“ од зборови.
    29.Чувството кое го имате во текот на „хард кор“ возењето во задниот дел од камион.
    30.Моментот кога доаѓате дома после напорниот ден, ја соблекувате крутата облека која сте ја носеле и ги облекувате вашите стари, искинати, но екстра удобни тренерки.
    31.Чувството кога се будите наутро и сфаќате дека немате што да правите во текот на наредните 5 часа.
    32.Моментот кога треба да го изедете првото мало оброче после оправувањето од стомачен вирус.
    33.Ситуација кога тотален странец кој чека ред на каса во маркет за да купи 20 производи, ве пушта преку ред бидејќи вие држите само неколку во рака.
    34,Радоста која ја чувствувате кога ќе откриете нов скратен пат за да ја избегнете гужвата во секојдневната релација од дома до училиште/работа.
    35,Задоволството кога сте имале одлична изведба на сцената, после нервозната и напната атмосфера на генералната проба.
    36,Деновите кога одите да прошетате во природа, на некое место кое е тотално отцепено од цивилизација и од „технолошкото лудило“ кое човештвото го создаде.
    37,Возбудата која ја чувствувате кога гледате во бурното невреме со грмотевици, преку прозорецот од вашиот безбеден дом.
    38,Оние среќни утра кога се будите и ги чувствувате оние „позитивни вибрации“ и се чувствувате фантастично.
    39,Сатисфакцијата кога ќе се „надградите“ себеси со некоја нова способност која сте ја стекнале без ничија помош.
    40,Ретките родендени кога ќе успеете да ги дувнете сите свеќички одеднаш на вашата торта, додека замислувате желба.
    41,Слаткото чувство кога конечно ќе си легнете во вашиот удобен кревет, ќе се покриете со ќебе и ќе ја извадите едната нога надвор за да си ја оладите.
    42.,Чувството кога повторно се сретнувате со пријател од детството и сфаќате дека сè уште имате нешто заедничко.
    43.Моментот кога сфаќате дека после 20 години уште ги чувствувате „пеперутките во стомакот“ кога ја сретнувате вашата љубов од младоста и покрај тоа што сега имате 3 големи деца
    44.Моментот кога ви е интересно што стопениот кашкавал на вашата пица се растегнува повеќе од вообичаено.
    45.Чувството кога се погледнувате во огледало и констатирате дека мозолчето кое ви се појавило вчера, речиси и да го нема.
    46.Чувството кога имате подолга попладневна дремка одошто сте планирале и се чувствувате како милион долари кога ќе се разбудите.
    47.Љубовта и возбудата која секогаш ви ја покажува вашето куче, без разлика дали ве видело пред 5 минути или пред 5 дена.
    48.Забавните ситуации кога свирите на замислена гитара или тропате на замислени тапани додека свири вашата омилена песна.
    49.Ситуацијата кога можете да го чуете биењето на срцето на некој друг.
    50.Чувството кога гледате во чистата невиност која ја има новороденото бебе.
    51.Моментите кога некој во ваша близина почнува толку силно да се смее, што ве тера да почнете да се смеете и вие и покрај тоа што не знаете што е тоа што е смешно.
    52.Чувството на задоволство кога гледате дека на некој му се допаѓа подарокот кој сте му го подариле.
    53.Оние денови кога нема да ги соблечете вашите пижами повеќе од 30 часа.
    54.Чувството кога пеете и играте на гласна музика додека сте сами дома и потоа сфаќате дека вашата сестра или брат веќе 5 минути ве гледа и ви се смее.
    Што би додале на листава? :)
    преземено од кафе пауза ако темата е дупла нормално клуч
     
    На presiosaP, cresa-jagoda, cheetah.girl и 3 други им се допаѓа ова.
  2. macetoo

    macetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    6
    Оние нешта кои неможат да се купат со пари

    јас си останав без текс ...... понекогаш мислиме дека ние сме осудени да живееме најлош живот мислиме дека само на нас ни се случува тоа дека се ни е на нас нај нај најј лош дека нама полошо немаше една тоцка а да не се пронајдам животот е убав ..... само ние сме патетични суштества сто се жалиме на нашите wooowwww тески рааботи незнам сто да додадам мн на вакви фасцинирачки тескотви само bigggggg likeeee
     
  3. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    :D :D

    Ова вреди. :clap:
    Како за мене да е пишано :lol:
    Животот и не е толку лош, ако гледаме на поубавата страна.

    I love my life. :rock:
     
  4. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    158
    Ми текна и на уште нешто:
    55.Чуството кога поради немање на некој час можете да си дојдете порано од училиште. :D
     
    На cresa-jagoda, Aleks96, Name и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Аххххххх,да когага губиш часс.. :$ Прекрасно чувство..
     
  6. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Нештата кои неможат да се купат со пари се:
    -Среќата
    -Задоволството
    -Спомените
    -Другарите
    -Родеителите
    -Чувството кога ќе станеш родител
    -Кога си задоволен сам од себе
    -Кога имаш брат/сестра
    -Кога сакаш и си сакан
    -Кога сите те сакаат и почитуваат...
     
    На cresa-jagoda и srcule25 им се допаѓа ова.
  7. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    243
    1. Моментот кога ќе ти заѕвони будилникот и ќе се сетиш дека тој ден немаш никакви обврски.

    2. Кога брат ти или сестра ти ќе те потсети на случка од детството на која со сласт се смеете до денес.

    3. Свежината на раното утро.

    4. Насмеаните колеги на работа.

    5. Кога ќе изгубиш осет за време во разговор со мајка ти.

    6. Чиста постелнина после напорен ден.

    7. Малата, но слатка победа.

    8. Чувството на осознавање на вистинската љубов.

    9. Првиот бакнеж – чувството на полудени пеперутки во стомакот кога ќе бакнеш некој посебен...

    10. Искреното пријателство.

    11. Спокоен сон.

    12. Почетнички грешки – после нив се е искуство е невозможно да ги гледаш работите на наивен начин како првиот пат.

    13. Изненадувачка средба со стари пријатели кои не си ги видел со години. Одеднаш уживаш во нивното присуство.

    14. Чувството на самоостварување – кога ќе ги оствариш поставените цели. Ова е момент за славје.

    15. Насмевката на бебето.

    16. Звукот на капките дожд кој ги слушаш лежејќи на каучот со книга покрај себе.

    17. Среќата на лицето на некој кому сте дале подарок.

    18. Реченицата „Здрав/а си!“ од устата на вашиот доктор.

    19. Кога ќе видиш заљубени баба и дедо.

    20. Кога некој ќе те почешка по грбот токму онаму каде што треба.

    *Среќа
    *Почит
    *Мир
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    684
     
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.425
    Пол:
    Женски
    Јас би додала:
    * Она кога ќе погледнете во нечии очи и ќе се видите себеси како во огледало.
    * Она кога ќе легнете во својата постела изморени од напорниот ден.
    * Кога после одредено отсуство ќе се вратите кај саканите или тие кај вас.
    * Кога ќе видите пред вашите очи прекрасен пејсаж и ќе сфатите колку е убава нашата земја а и колку сте вие богати - што имате очи да го видите тоа волшебство.
    * Да имаш некој на кого ти си му цел свет.
    * Твоето животно искуство.
    * Кога некој ќе ти се заблагодари или ќе ти возврати за некоја сторена добрина.
    * Кога ќе ти потечат солзи од смеење или од среќа.
    * Кога ќе ти се исполни некоја желба.
    * Кога сфаќаш дека имаш верен пријател на кој секогаш можеш да се потпреш.
    * Првите голтки вода после голема жед.
    * Кога ќе добиеш комплимент.
    * Моментот на олеснување кога ја завршуваш и последната страна на семинарската и кликаш save.
    * Кога уживаш почит меѓу луѓето.
    * Кога ќе се олесниш после долго трпење. :D
    * Кога тоа што си го зготвила испаднало навистина добро.
    * Пофалба.
    * Здравје.
    * Спокој.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    * моментот кога ќе го чуеш првиот плач на твоето штотуку родено бебе:inlove:
    * кога за прв пат ќе го држиш во прегратка, неговиот мирис, неговиот поглед, првиот допир на неговото обравче со твоите усни:l:
    * чувството кога за прв пат ќе го задоиш твоето новороденче:hug:
    *чувството кога го гледаш тоа мало прекрасно човече како спие до тебе и за момент сваќаш дека гледаш во мала копија од тебе или од човекот кој го љубиш
    * чувството кога ќе ти рече МАМО!
    * чувството кога ќе те прегрне, ќе ти каже ТЕ САКАМ, ќе те фати за раче, ќе го гушнеш и ќе престане да плаче, ќе му кажеш - тука сум и гледаш како веднаш се чувствува безбедно.......
     
    На kjukli, Outlook, ninja35 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Shto bara temava vo kategorija kade se postiraat seiri?
    Ah ustvari, pa i tuka i e mestoto :D

    Mislam deka samo inteligencija ne e na prodazhba.
    Se ostanato se kupuva so pari.
     
  12. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    6.607
    Родителите
    Другарите
    Среќата
    Кога некој што го сакам ќе го израдувам :wasntme:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Beautiful Dreams

    Beautiful Dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2022
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.926
    Пол:
    Женски
    Среќата
    Љубовта
    Посветеноста
    Луѓето кои ти го прават животот посебен
     
    На Nate- princeza, molikaMk, Sebastijancom. и 2 други им се допаѓа ова.