Здраво, не сум сигурна дали оваа тема е за овде и дали нема слична тема но морав да направам. Како што сите знаеме, поради состојбата со корона вирусот во Македонија, училиштата и универзитетите се затворија во месец март и сите ученици и студенти започнаа со онлајн настава. Дали доколу не се подобри состојабата до крајот на септември ке се започне повторно со онлајн или ке се одржува настава со мерките за претпазливост? Навистина ми е важно да знам, бидејќи студирам во Скопје и морам да барам стан за престој. Не можам да најдам стан во 5 за 12. Што мислите вие?
Ќе се знае околу 10ти август. Инаку има други две теми во врска за ова. Или евентуално обрати се во студентска тема за совет што прават другите. https://forum.femina.mk/threads/Коронавирус-–-образование-за-време-на-пандемија.31401/ https://forum.femina.mk/threads/Онлајн-настава.31743/
Здраво, и јас имам ист проблем, баш барав ваква тема ( цел месец го мислам ова ). Незнам дали да изнајмам стан за престој, исто така повеќето се издаваат и со договор до јуни) па ако е целосно онлајн наставата на факултетите не сакам да престојувам во ск каде што има најмногу заболени дневно, а доколку е со договор нормално дека потоа ќе мора да се плаќа станот. Дали случајно имаш некоја нова информација како ќе биде ?
Сеуште немам сигурна имформација. Ќе почекам уште недела дена па ќе видам што ќе правам. Опција ми е да најдам стан во Скопје, па доколку наставата е онлајн, ќе го искористам времето да стажирам и да добијам дозвола за работа како медицинска сестра. Секако доколку можам.