А што со тие родители кои заради работата едноставно некогаш немаат време да одвојат за учење со децата? Еве конкретно познавам семејства кај што и двајцата родители се есенцијални работници, работат во смени по 12, 24 часа. Дали се тие родители способни кога ќе дојдат дома да седнат да му објаснат на детето? Што ако нема кој друг да му објасни на тоа дете, нема баби и дедовци, повозрасни браќа и сестри? Епа родителите не можат да постигнат ниту околу домашната секогаш да им помогнат, а не пак и дополнително да учат со нив. Сметам дека дур не пораснат доволно и бидат способни сами или со ептен мала помош од друг, сè што треба да се научи, да се научи во школо. Еве пандемијава на страна, во нормални услови има деца што посетуваат целодневна настава пред/после регуларно школо и наместо родителите кои и онака имаат премногу работа и други обврски околу децата да пишуваат еден куп домашни и секој ден да губат часови во учење песнички, истово може да се прави во школо и децава дома да си поминат порелаксирано и квалитетно време со родителите. Ама на учителките на тие деца што јас ги познавам (со чест на исклучоци) им е полесно да им дадат нешто за цртање (не дека ликовното образование не е битно, ама не да се злоупотребува со запоставување на други предмети) и онака да поминат тие 5 часа на работа (некогаш и помалку), да им дадат домашни на децава и ајт со здравје. Знам дека дел од вас сега ќе кажете дека имаат и дневни подготовки за час, па е-дневник и не знам што таму, ама реално истите се препишуваат и се модифицираат така да срамота е воопшто и да се збори за тоа (повторно со чест на исклучоци).
Сериозно. После настава, дали онлајн, или офлајн, може да го изнесеш надвор детето. Дури и подобро е со 2-3 деца да се дружи само, отколку со 30.... Заради пандемијата. Не заборавајте дека се посебни услови. Не е како пред тоа. Затоа и муабетов
Тоа што било со амин на министерството,не ги амнестира од одговорност наставниците.Не биле криви. Да ми простиш. Ако сум наставник,предавам предмет,ке најдам креативен начин да им предадам на учениците,без разлика како одлучило училиштето. Имаше и такви,но многу малку. Останатите,ниту ги прегледуваа домашните,заспаа во зимски сон.
Ама јас немам со кои 3 деца да ја дружам, разбираш. Кога е лок-даун, сите се во лок-даун. И нема да бидат 30, 15 ќе бидат, со мерки, со просторна дистанца.
Може и ќе немаш избор, сакаш -нејќеш, можеш -не можеш. Не е прашање дали онлајн или класична во нормална ситуација, туку изборот е онлајн или да го пуштиш на сите болести уште Ковид да фати.
Баш на овој дел не мислат. Навредливо било да се спомне, а факт е всушност. Точно е дека полесно поминуваат децата со ковид, ама и едно починато дете, се премногу починати деца.
Точно дека треба на училиште да учат. И јас сум за тоа. Но, тоа не е реалност за жал, ете и ти имаш примери за нефункционалноста на дополнителните престои. Сè додека не се реши тоа детето ќе биде зависно од помошта на родителите. Е сега, лошо е доколку не се во можност и двајцата да помогнат, но тоа нема да е нивна вина. Вината е само во професорите кои не предаваат и кои земаат плата за џабе.
Ич не мислиме, баш ни е гајле што ќе фатат Едно е да учат од дома во најкритичните моменти, а друго е цела учебна година. Месец два ќе се протурка како минатиот, ама цела учебна година трајно ќе ги уназади децата.
Да сте мислеле немаше сега по 200 на ден да имате. Заради ваша неодговорност може и година ќе траат најкритичните "моменти".
Колку трае критичниот момент, толку ќе траат мерките. Сеуште има пандемија, и ќе трае уште најмалку година Мора да го прифатиме тој факт
Биологија за секоја тема им прикажуваше примери за тоа што учеа. Пр.учеа за билки,жената собираше,онлајн им покажуваше да ги видат,заеднички го правеа проектот со прашања и одговори на секоја тема. Хемија не знаеше да ги отвори проектите кога ги прикачуваа,а математика им даваше по 10 задачи на ден. не ги ни прегледуваше,и наоѓав грешки на мојава.тоа во март,април и мај ,,ништо не работеа. Ликовно им даде еднаш за ковид да нацртаат. И тоа беше се. Кума ми предава македонски,многу било тешко ми вика,им дала лектира да ја напишат и да и ја пратат. Сите препишувале.А ти ја обработи со нив?Не. Па требала дневникот да го пополнува,па на работа од дома си,ке го пополниш ако треба. Комплетно потфрли наставничкиот и професорскиот кадар,просто не ми се веруваше колку има неспремни компјутер да вклучат,па онлајн училнициве беа научна фантастика. Сите тие партиски вработувања без проценка кого вработуваат ,излезе на површина. Со многу ретки исклучоци.
Сум мислела јас ич да не се секираш. Кога ќе си сигурна дека тие 200 се од моја лична неодговорност кажи да не те мислам.
Ќути како се нервиравме. Абе само една им предаваше, другите ни еден онлајн час не одржаа. Се ние работевме со нејзе... ако е 14 години... Па сака да и се објасни.
Тoa -вaшa не беше персирaње, дa беше ќе гo нaпишев сo гoлемa буквa. Не сте вo пoзицијa дa се жaлите oти децaтa дoмa ќе ви зaтупеле. Мaлку пoзитивнoст и труд и aнгaжирaње не е нa oдмет пoштo се збoри зa нивнa зaштитa.
Знам дека не беше персирање, ама како дел од посочената група го кажав моето мислење. И треба да се научиме да живееме со вирусот, а не децата скроз дома да ги затвориме. Поназад имаше добри идеи како да се поделат и кои одделенија да работат од дома, а кои од школо. А позитивност и труд ќе има од родителите кога ќе има и од надлежните органи.