Онлајн настава

Дискусија во 'Коронавирус' започната од referentka, 29 јуни 2020.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.675
    Допаѓања:
    161.947
    Може да олесни, но не и да биде примарен начин.

    Треба да се седи, АМА не се седи.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.198
    Допаѓања:
    16.450
    Нормално ќе потфрли наставниот кадар.
    Во државно се вработени, партиски, не ги интересира ништо, имам примери по другарки.
    СЕКОЈА ЧЕСТ НА ИСКЛУЧОЦИ.
    Затоа сме дојдени на ова дереџе.
    Не им предаваат на школо, мама и тато плаќаат приватно.
    Фактички, дупли трошок.
    Молим, тој шо ја има да плати, оке, а тој што нема?

    СЕ ИЗВИНУВАМ АМА ДЕЦАВА, ПОЌЕТО СЕ РАЗГАЛЕНИ.
    Овде барем во Скопјето.

    Па со какви родителите сум се судрила. Боже.
    На сите се им е јасно, неа ништо.
    Сњкогсш. Да, да секогаш.
    Ја средив со убаво, па и уште газдата најде да ми вика.
    Ха, молам?
    Госпожа, ќе си биде дома.
    Не сум должна буквално секогаш да праќам приватни пораки и да објаснувам.
    Си имам достоинство.
    Си има групна порака нека бара.
    А ако треба да и помогнам нека плати повеќе.
    Со курс од 800/месечно се сакате.
    Каде бе мајчини?

    Еднаш ми се прави арна, ми се лижи, после се жали кај газдата зошто не сме му правеле друштво на ќерка и, додека таа стигне од работа.Сме ја пуштиле надвор на улица.
    Детето има 10 години и не знае дека не треба да поминува преку улица? |(
    А знаело да исклучи камера, микрофон, па да се правда дека не му работат на чат. Аха да, секако.

    Јас треба и дадилка да бидам и треба сите деца да ги чувам дур не дојдете да си ги земете?
    Молам??
    1000000 е кажано да се чека во ходник.
    Не сме стражари ние.
    А ако сакате да ви бидеме, плаќајте не 1600. Ова беше за нормална настава.

    За сите недостатоци не може само наставникот да е виновен.
    Освен ако е некоја партиската флегма.
     
    Последна измена: 30 јуни 2020
    На christinnn, WildMk, Alishan30 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.037
    Допаѓања:
    5.917
    Која донација убаво кажаа дека тие никогаш не ни добиле, исто претседателот на студентско собрание кажа дека побарале од министерството но барањето не им било прифатено...
     
    На GirlLove, WildMk, Kitten и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    Сите говна во општествово, испливаа на површина со пандемијава.
    Образовниот систем е само еден дел во кој требаат коренити промени.

    Сега е моментот да се смени... се разбира, ако има доволно луѓе кои сакаат да сменат и да се сменат.

    Ако не... немој после да биде: Не сам знаЈаЛа!
     
    На senjorita-v, PureEnergy, f.girl и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.383
    Како бе Вајлд не треба ни во паркови?
    Ти текна дополнителен витамин Д да и даваш дека не излегува на сонце 3 месеци?
    Шетање сам или со еден од фамилија не е неразумен ризик,15 минути дневно, да се излуфтираш.
    Пак кажвам пример "куде нас"- маски само во јавен сообраќај има, надвор не мора. Имаше собир од 5000 за блек лајвс метр, не го разбија, важен бил. Имаше собир против мерки за корона, го разбија.
    Кај нас супер функционира школска настава онлајн. Да напоменам, овде школска година трае до 15 јули.
    Знаеш какви задачи имаа? Да истрчаат надвор 30 минути и да пратат гпс трекинг онлајн на наставник. Потоа да вежбаат гимнастика дома и да снимат .
    Се на се бројки овде паѓаат и покрај немање на полициски час и маски сегде. Може ќе букнат пак.
    Можда вака мислам дека немам баш хронични болни дома, иако имам родители и свекрва во незгодна возраст за ковид.
    Боље ако не знаат да организираат таму, да не ги мачат децата и родителите. Стај на пауза и точка.
     
    На Ucenicka123, Pelargonium, Alishan30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.200
    Пол:
    Женски
    Шта би било кад би било :D
    Не ти верувам. А всушност не ни можеш да се ставиш од другата страна. Затоа имате милион претпоставки дека сѐ е п***ин дим, извињавајте на вулгарност :)

    Не ги бранам колегите, но знам многу колеги што не држеа онлајн часови но се изнаработеа друг тип онлајн настава. Вашиве наставници ви се погодиле од тие што не се замараат, свесна сум дека и такви ги има, баш тие и кај нас ни ги правеа проблемите во спроведувањето на онлајн наставата. Секаде ги има такви но не генерализирајте и не ми е јасно што толку ве засегаат платите што ги зимаме. Јас се изнаработев за сите пари, што би се рекло. Ја изгубив приватноста, и деца не си видов за време на карантинот. Кога имавме полициски и само два часа за да излеземе со деца, јас седев држев настава додека маж ми ги шеташе. Ученици ми ѕвонеа и праќаа домашни и во 11-12 часот навечер.

    Многу од колегите се соочија со технички проблеми, некои наидоа на отпор (најчесто постарите генерации поради тоа што потешко баратаат со техника), а некои и немаа услови затоа што нели, сепак беа вонредни услови! Тоа е како да дојде некој денес и ти кажува од утре менуваш професија, од шалтерски работник ќе бидеш тв водител. И пак многу од нас се прилагодија и направивме сѐ што можевме децата да бидат ангажирани, да им се оттргнат мислите од секојдневието, да не им влијае психички премногу затварањето дома. Некои и го претераа, ги затрупаа децата со домашни така што родителите се претворија во ученици. И сето ова се случуваше по вина на одговорните, Мон и Бро, прво рекоа секој да се снајде како знае, па во мај кога живнаа решија да наметнуваат правила. Еден куп проблеми ни направија. Доста веќе ги теретите наставниците дека се виновни. За неуспешноста на некоја компанија одговорен е менаџментот, па после работниците.
     
    На M.B., BayernKa, raww и 6 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    Кој рече дека не треба во паркови?
    Не треба да се групираат без маски во паркови, а не не треба во паркови.

    Плус, кај вас не се дефицитарни докторите.
    Кај нас, на прсти се бројат колку има епидемиолози, колку анестезиолози, колку трауматолози...
    Сите накај вас заминаа.

    Кој ќе не лечи?

    А и услови немаме.
    Веќе се полни капацитетите на државните клиники, па сега и на приватните се примаат пациенти со ковид.
    Што кога и тие ќе ги наполниме?
    Италија не беше ли доволен пример: Како не треба?
    Можи 'да ти се погодат', двајца мрзливи наставници кои не предаваат.. и онлајн, и офлајн.
    Ама од 12, ако се 11, не е веќе 'се погодија', туку системски проблем.

    Тие што не сакаат и не можат да предаваат, нека им отстапат место на сите оние кои чекаат да се вработат.
    Има млади, кои се спремни да работат онлајн, и знаат како.

    Воедно и проблемите кои се со техничкиот дел, треба групно да барате да ви го решат оние кои ви се надлежни. За секој сегмент, имате надлежни во институциите.
    Ние ќе ве поддржиме.
    Ама мора да побарате вие, оти ние не ви ги знаеме тие проблеми.
     
    Последна измена: 30 јуни 2020
    На bittersweet, tina2018, raww и 4 други им се допаѓа ова.
  8. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.198
    Допаѓања:
    16.450
    Некој спомна за платите.
    Па важни се.
    Некој работи за џабе.
    Некој не ни работи а си зема плата.
    Да видиш да земиш 10 000 еден месец со огромен труд дали нема да бидат важни парите.
     
    На raww, Just.do.it, ElenaOfRivendell и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.383
    Имаме...но знаеш што рекоа? Ако се пополнат капацитети, ќе прават тријажа. Стари луге над хх години ќе бидат одбивани во името на млади кои имаат повеќе години пред нив.
    Овде пред се смртни случаи се во висока возраст.
    Зборуваме за деца. Ти кажав децата во основно се веќе вратени и оние на родители со есенцијални занимања. Рекоа навикнете се на 1.5 метар општество , но знаат добро дека замрзнување целосно е погубно.
    Знам дека доктори таму се преоптоварени, зборувам со некои од таму кои ми се блиски.
    Никаде не е идеално.
    Да не ширам тема, очигледно не се сите луге исто осетливи, нели разни групи имаат различен број на рецептори на клетки кои се подложни на вирус.
    Јас сум за пазење, не за атомски склоништа.
     
    На Pelargonium и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    И јас сум за пазење, а не за атомски склоништа.
    Само што повеќето не пазат кај нас, и никој не казнува.

    Се си мислам, дека кај вас се казнува... нема: овај ми е пријател, онај ми е родинина, Министерот на МВР е од друга партија па се инаети.
    Нели?
     
    На ElenaOfRivendell и GirlLove им се допаѓа ова.
  11. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.383
    Да, има казни. Иако на пример до 15 јуни не мораше маски во јавен транспорт. Кога почна да мора, дадоа неколку дена со опомени.
    Енивеј, давајте на децата д витамин ако не ви излегуваат ич. Ние сите земаме дома , јас тежок умор имав ради мањак. Наравно, консултирајте се со педијатар претходно. Македонија е сончева, мора на сонце малку.
     
    На Kitten, Alishan30 и WildMk им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    Се согласувам за тоа.
    Јас сум изолираната како што знаеш... не сме цела фамилија.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.975
    Чии деца не излегуваат, дај ти се молам, со кого мислиш дека разговараш? :D
    Се слушам со пријатели и роднини, молови полни, ресторани полни, лулашки полни... Витамин д и во двор се фаќа, не по кафани.
     
    На Ucenicka123, M.B. и Dentina им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.344
    Допаѓања:
    90.092
    Пол:
    Женски
    Те молам.
    Па сега,имам искуство на работење и во училиште,така да можам да се ставам.
    Не ги брани..Тој што сака,и може и ке најде начин.
    Да предавам математика и да не се потрудам воопшто,системот бил крив?
    Па каков наставник треба да бидеш воопшто да не се потрудиш да пренесеш знаење на деца?
    Да не прегледуваш домашни.
    Второ,ти си била на работа од дома 6-8 работни саати,а не си била на распуст па си ја изгубила приватноста,нормално дека деца ке те комуницираат.
    Тоа е работење од дома.ЈАс веке 5 год.работам од дома со странски клиенти и мора човек да се адаптира на условите.
    Многу од твоите колеги воопшто не беа заинтересирани,затоа комплетно потферли онлајн учењето.
     
    На raww, Emy867, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.975
    Нашата и во сабота и недела праќаше мејлови. Се стави на youtube за да предава лекции. А не е баш млада, сигурно побарала помош од некого. Не и беше проблем по 15 минути да вика -ало, се слушаме? Еднаш ги оценуваа усно онлајн, јас слушав од страна. Едно девојче ги знаеше сите одговори, ко од пушка, на крај и даде оценка 3 и да дојде уште еднаш во училница да одговара пошто гледала цело време над компјутер и се слушало суфлирање од страна :D Си ги знаат и тие децата. Толку труд вложуваше, секоја чест.
     
    На Cosmi, Kitten, Dentina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.198
    Допаѓања:
    16.450
    Браво! :)
    Секоја чест.
    Сигурно и платата и е добра ако се труди до толку.
     
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.975
    Колку што е за сите. Колку што е и во нормална ситуација и во пандемија.
    Засрами се, платата та платата. Месец, два или три ако се потрудиш малку повеќе ќе ти падне круна од глава. Може не ни работела повеќе саати отколку што треба, може знае да се организира, важно се примети заангажираноста.
     
    На Ucenicka123 и fana им се допаѓа ова.
  18. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Потфрли образовниот систем.
    Наставниците неспремни,децата опуштени,родителите под стрес.
    Не е учење ако ти прати наставникот писмена по математика и чека за саат време да му вратиш на мејл,а притоа таа писмена ја решава професор по математика кој приватно држи часови и децата меѓу себе си ја препраќаат.
    Или,се собираат неколку деца,решаваат сите кој колку знае и тој што знае најмногу,решава на крај.
    Како мајка на две деца,едното среношколец а другото заврши основно,слободно ќе признаам дека годинава им е изгубена.Ме плашат дупките кои ќе останат за понатаму и искрено се надевам дека ќе се пополнат некако.
    Јас немав ангажмани со децата во смисла на заедничко учење,пишување домашни,проверка на знаење.Големи се и описменети,ама она што го гледав не ми се допаѓа.Распуштени се од 10-ти март,се знаеше дека нема да се враќаат назад.
    Од двете школи,од кои едно основно,другото средно,само еден предмет кај едното дете имаше онлајн час.Толку.Се останато се испраќаше по мејл или се ставаше на некои платформи и толку беше.
    На крај на година ги препишаа оцените од полугодие,ете колку успешен беше проектов.

    Друга работа е социјалниот момент.Во школо не одат само за учење,одат да се дружат со нивни врсници.Интеракцијата со деца и наставници не може ништо да ја замени.

    Ова што не снајде,сите не снајде.Секој сектор е погоден,недостатоците излегуваат на површина.Каква иднина не чека со полуписмена младина ако се продолжи на овој начин со образование,страв ми е да помислам.
    Далеку сме ние од напредните земји,прво,секое семејство не може да обезбеди онолку компјутери колку што членови брои едно домаќинство за сите да работат од дома.

    Концептов онлајн настава може да пројде на факултети,ама не на сите.
    Вежби,работа во лабаратории не се заменува или учи преку компјутер.

    Се надевам дека од септември ќе најдат начин да продолжи нормална настава,посебно за оние кои се првачиња,кои се описменуваат,тргнуваат во средно школо,зашто ако направија протокол за концерти,можат и за образование,цело лето е пред надлежните институции.
     
    На Ucenicka123, senjorita-v, tina2018 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    Можат и онлајн да се описменуваат, ако имаат услови, некој им објасни и наставниот кадар работи она за што е платен.
     
  20. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.198
    Допаѓања:
    16.450
    Непромислен одговор
    Повели дојди на час.
    Не ми е срам, газдата не екплоатира до бесвест.
    Јас, моите дома, дечкото, другарките си знаат колку ме видоа.
    Со парите шо ги зедов не можам да си платам преглед, ми се зголеми анксиозноста, диоптерот и сл.
    Рековме, мешате приватно со државно.
    Нека кажат јавно колку зедоа на државно.