Не ме интересира, пријави таму каде што треба, смени работно место, ако ти се малку пари смени професија, замини во странство...знаеш колку бедно е да слушаш наставник да вели -колку пари толку музика? И доктор може тоа да го каже утре кога ќе отидеш на преглед.
Не, не е нормално ученици сите да ми го имаат телефонскиот број, фејсбук и инстаграм профилот. Некои уште ме прашуваа дали имам Whatsapp Само една четвртина знаеа да користат имејл, а само така ќе ја зачував приватноста. Вајбер цело време ми титкаше, неможеш да ги разграничиш приватни од службени разговори. Во нормални услови ова го немало, и никогаш не сум додавала ученици за пријатели на фејсбук. Телефонски број имаа само родителите на децата што сум класна.
Колку пари толку музика бе, одговор на просветен работник . Нели првенствено таа професија се избираше од љубов, затоа не може секој даскал да биде. Оно да ти зависело од платата, хм значи тие помалку платените ич не треба да предаваат. И за крај, @GirlLove ко што знам ти воспитувачка у градинка беше од каде сеа наставничка
Се решава тоа Бар таму каде што јас учествував во онлајн настава си пишува дека наставник можеш да контактираш ОД-ДО Исто ко да одиш у школо на регуларни часови Ако мене ми текне да одам да прашам нешто у 23ч,јасно е дека ќе наидам на заклучени врати.
Фино, си се затворила за да немаат достап до тебе. Должност ти е да им дадеш начин да комуницираат со тебе. Во нормални услови се криеш во ве-це да не те прашуваат се' и сешто? Можеш само да ограничиш кое време ќе си достапна. Како инаку предаваше?
Точно е дека менаџментот има најголема одговорност, ама и наставниците имаат. Опрема, техничка подготвеност, возраст на професорите и платите се само изговор. На сите ни се смени работата. Не знам еден човек на кој сѐ му остана исто. Или работевме од дома, или на работа бевме со заштитна опрема и со страв. И сите се прилагодивме. Кај детето во школо прашаа дали некој има потреба од опрема. Никој не се пријави, сите имаа. И пак немаа ниту еден онлајн час, по ниту еден предмет. Само задачи добиваа, кои дел од наставниците не им ги ни прегледуваа. Никаква интеракција немаа. Значи, не било до опремата. Знам дека во други школи, исто така државни, имаа онлајн часови речиси по сите предмети.
Да ми титкаат на вибер во ниедно време? Нече мочи. Ај да е во работно време може. Ова го велам како особа која во недела одела во скопско село со такси да вади заб, оти ми кукале на тел. иако во сабота сум им понудила да се вади. Е неќеа тогаш. Фаќу. Отидов. Наредно работно место: телефон да ме зивкаат, јок. Ич не ми е гајле дал фемина мисли дека сум нехумана. Да напоменам- за трудница сум се враќала назад на работа. Претерувате малце хуманисти.
Едина си која имала ситуација да ја побара странка или шеф во ниедно време па ај сега и во ваква ситуација ќе истураме фрустрации.
Да се разбереме. Никој не очекуваше толку ниски примања. Бев воспитувачка земав 15 000. Им требаше во таа фирма некој со јазик. Значи, сега,секое дете од мој страна беше тестирано, испрашано, кога некој немаше на час ѕвонев на мобилни, прегледував тестови, барав се ново нешто, па игри, па учебници за читање, па слушање на германски приказни по нивоа, па индивидуални часови, тој што сака, па за наплата се што требаше се правеше. Тестови куп, па прегледувај, па прави ги на комјутер, па препаќај. ГОРЕ објаснив што се не работевме. Ако од септември не бидат зголемени платите јас си одам или ако немам излез, не се трудам да многу. Да. Зошто да не? Март зедов 9000 Април - 9000 Мај - 11 000 Јуни не знам. Е сега прашајтњ ги тие наставници што не се вклучиле на онлајн предавање, колку зеле. И колку вложиле наспроти ние шо се убивме од работа и добивме тапашање за трудот. Јас си ги сакам децата и овие месеци немав со ниту едно проблем ниту тоа со мене. Не реков дека нема да им предавам на децата, нема да вложувам труд многу.
Хм, оди ти патувај со такси на свој трошок 7-8 километри, а знаеш дека си понудила вчера, имаат дежурна служба и плус ти нуди тој со " мерцедесот" да те врати дома, врати се и кажи ми. Ама то се радостите на Македонија,овде шефот не ме бара, ох лаки ми , јер знае што е приватно време.
Леле за греота, низ што си поминала, дај филм да снимаме. Не не интересираат такви приказни, секој ги има, тука збориме за вонредна ситуација и организирање на образование онлајн. Нормално дека мора наставник/професор достапен да е, да се одреди само како и колку.
Воспитувачки земаат повеќе, може не била со цело работно време. Сега работи од саат. Ако земала 10 000 значи одработила само 50 часа. Тoлку имaм јaс зa еднa неделa.Плус, не сме тука да тупиме за нејзината работа, колку часа на месец предава и колку зема, нека се тргне од темава оти за неа ја направивме.
Не ни е прв пат. Ама секогаш е тука некој да ни кажи дека само кукаме и не знаеме да им предаваме на децата. И сите што го кажаа муабето нека земат еднаш 9000 ден плата. Па ќе коментираме
Јас морам да признаам дека вчера се огрешив на темава Пишав дека некои не се мајки па неможат да дадат релевантно мислење без да земам во обзир дека ако не се мајки тогаш се ученички или студентки. Се извинувам еве јавно. Дури и кон тие кон кои беше наменет мојот пост дадоа мислења и тоа издржани од свој агол. Понекогаш се однесуваме како само мајките да сме од нешто оптеретени.
Снимај..нема гајле..ти ќе ме глумиш? Би го гледала ..ич не ми е гајле тебе шо те интересира, најсериозно. Да се редактирам, се сетив дека фемина има опции за утишување на шумот, ќе ја искористам за вакви ликови.