Офф многу јасно, ама иди образложи им на деца што имаат свои телефони. Многу им е гајле. Најчесто не им враќав така во доцни саати ама зошто да ме вознемируваат. Беше кажано милион пати. Се сложувам за дел. Добивме обуки и сите држеа онлајн часови по распоред. Речиси сите. Но опрема и технички причини знаат да бидат проблем. Има такви кои немаат свој компјутер достапен 8 саати во денот, други немаат "паметен" телефон, трети имаат проблем со интернет конекција. Јас се соочив со неколку проблеми, прво немав и сеуште немам камера но откако јасно и гласно кажав дека не планирам да биде тоа на мој трошок и ќе држам настава без камера, и менаџментот се прилагоди на нашите услови (да дополнам дека часовите по мојот предмет неможат да се држат преку телефон, можеби некој пат, но потребен е компјутер). Потоа имаше денови кога одредени колеги имавме проблем со операторот, па часови држевме преку tethering, па се трошеше лимитот на мобилниот интернет и на некој ќе му се случеше да неможе да одржи час. Овие работи беа проблем и кај учениците. Мора добро да се подготви образовниот систем за да може наставата да тече непречено. Во врска со донациите, кај нас се дадоа ваучери за интернет од социјално, но не беа покриени сите деца од социјално загрозени семејства. Како да ги бираа со еци-пеци-пец. Таблети за учениците добивме донација од фирма, одредена бројка, но повторно ништо од надлежните институции. Ако продолжи вака образованието и за наставниците ќе биде потребно да се даде нешто да се опремат или доопремат. Не смее да биде на терет ниту на учениците ниту на вработените. Ако веќе ни го менуваат цел систем на образование. Баш обратно, бев отворена на сите начини, дури и инстаграм профилот го креирав за да бидам достапна за некои од нив. Сѐ им беше дадено! Не ти го разбирам начинов на комуникација со обвинување. Почнав со давање имејл адреса, но не наидов на фидбек, незнаат да користат, па станав достапна на секој можен начин. А за достапноста пишав погоре, со мали деца нема разбирачка. Држевме часови на Zoom, лекциите и домашните ги аплоудиравме на нашиот сајт. И не мора повеќе да правите анализи како сме се справувале. За нас лесно е, мислете децата како ќе се справат. Поготово ете со тие наставници што не им е гајле пошто на Мон му е уште повеќе гајле.
А у Боже. Како прво бев цело работно време. И земав 15. И не се оттргнувам, ако ти сметам слободно скокни мислење
Ова оти си мислат дека другари им се наставниците и треба да им се достапни 24/7. И кога е офлајн, нема ден, да нема барем двајца родители, што висат пред кабинет на некој наставник, за да го 'трујат'. Мора да се научат сите на професионална дистанца, а вие да им кажувате частови за консултација. Ко на факултетите: Од 3, до 5(пример) сум достапна за консултации, пред и потоа-не.
И моите деца имаа вибер група со класната. А класната секако има уште една група со родителите. Тој дел добар беше, комуникацијата со родителите ѝ беше добра. Мене ми е ок кога се работи онлајн кој кога сака пишува, ама не мора одма да се одговори. Не е во ред некој да очекува од мене дека ќе одговорам веднаш штом ме праша нешто, ако веќе нема строго дефинирано работно време.
Онлајн настава, посебно во ситуацијава, е повеќе од потребна. Се заштитува здравјето на сите без да има значителни последици на образованието (не знам колку е ова точно кај средношколците и основците). Како и да е, кога ќе се среди ситуацијава добро би било да се продолжи наставата во училиштата. Нема замена за face-to-face предавање и соработка со врсниците, без разлика дали станува збор за дускусија на часови или дружење меѓу часовите. Сепак, иако сметам дека образованието во училишните клупи би било подобро, исто така верувам дека учениците треба да имаат повеќе материјали за учење онлајн, дали станува збор за видеа или документи за учење.
За мене добра е ради тоа што не мора да одам до самиот факултет и да чекам со саати да ми почне предавање.
НЕ Не сум за он лине настава за основци и средношколци. За факултет може за оние каде нема практична настава, ни вежби во лабораторија. Колку да викаме може со подобрување би било ок, па може вака или така, па ако наставничката не предава да се пријави и ред од тие приказни.. ќе останат децата неписмени и ќе им отиде годината...
Децата повеќе учат од компјутери и родителите отколку во школо. Јас прво се научив да читам и пишувам англиски од филмови, цртани, па тек после македонски. Програмата на основците им е претешка. Учат многу непотребни и тешки работи, на внука ми не знаев задача за второ одделение да и решам Па и грешни работи учат, историјата е крш. Јас да живеам во странство децата ќе ми бидат home schooled. Од корен треба да се смени образовниот систем.
Ова што го пишуваш е нонсенс. Што тоа децата учат од компјутери? Колку од децата денес користат компјутери? Користење фб не е исто како и користење компјутер. Зошто историјата е крш? Кои грешни работи учат?
Не мислев на фб. Учат јазик, компјутерските вештини си ги подобруваат иднината е тоа, има специјални едукативни програми соодветни за возраста на децата и ред други работи. Е сега, дружењето фали. За историјата све е погрешно, ама буквално се.
Не им е претешка, баш треба да се работи на развивање на логика со такви задачи, зашто кај нас многу повеќе се бара она учење на памет наместо да се насочуваат децата логички да мислат.
Како да не. Се утепаа од учење преку компјутер. Скоро 70-80% од младите не користат компјутери, туку мобилен телефон. Не е исто. Тоа што постојат едукативни програми за компјутер, не значи дека и ќе ги користат. Што е тоа што учат погрешно за историјата? Дај ми примери.
Да се учеше јазик од телевизија и цртани, флимови ќе беше лесно. Да, можеш да научиш изговор, ќе вклопиш реченица. Ама ко ќе ти речат да направиш од мак на гер,анг, француски е тогаш ќе се изгубиш. Во никој случај не можеш да знаеш повеќе друг јазик од твојот мајчиниот. Или некоја шема е ова кај родителите што заприметив, он знае англиски веќе од 3 години, он треба повисок курс да оди,а тој кутриот не знае да пишува и не знае точно грамтички да составува реченици. Според родителот , јазикот го знаел 80 % на 10 години. Смешка на денот е
Каква логика бе луѓе? Дете од 8 години уште таблицата не ја знае, они му даваат равенки со 2 непознати. Нема толку капацитет ниедно дете на 8 години. Лектирите се многу тешки за читање и разбирање, пишувани на висок стил а децата не знаат пола од зборовите што значат.
Што е смешка на денот? Тоа што возрасни луѓе, наставници и професори не знаат уште англиски а мали деца од три години зборат ко да им е мајчин? Се учи јазик од тв и компјутери, доказ се еден куп мали деца што научиле на таков начин. Документи сигурно никој нема да очекува од мали да преведат. За нивни години и многу е тоа што го знаат.
Добро, твое мислење. Колку е добро што на 3 години ЗБОРУВААТ туѓ јазик . Што мислиш? Ако се вратиш назад ние на 3 години немавме напредна технологија и со колкав труд сме учеле што и да е. Никој не рече превод. На 10 години да не знаеш основни поими од граматика од мајчин јазик е страшно.
Супер е што деца на 3 години знаат еден јазик плус. Секогаш имало деца што на 10 години едвај читаат , исклучоци се. Но, ако мнозинство деца не знаат основни поими од граматика, тогаш прстот се вперува кон учителите, не кон децата.