Онлајн настава

Дискусија во 'Коронавирус' започната од referentka, 29 јуни 2020.

  1. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.849
    Допаѓања:
    59.814
    Пол:
    Женски
    Не си во право, најверојатно само си погледнала што учат ама не и темелно. Учат многу да, се сложувам со тоа, ама и треба да учат, колку им се сервира толку ќе примат. Е па чим задачата ти не си знаела да ја решиш не значи дека е претешка и не е за нивна возраст. Им треба континуитет во учење и се се совладува и сепак мислам дека на час 70% се учи, дома само го потврдуваш уште еднаш.
     
    На flawless. му/ѝ се допаѓа ова.
  2. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    Не ги учат на морални вредности, немаат сексуално образование и после оп трудни на 14 години или со кламидија.
    Порано кога јас бев во основно учевме помалку и побитни работи, а сега колку што видов кај внука ми е страшно.
    Немаат прочитано развојна психологија да знаат колку имаат капацитет децата на таа возраст.
     
  3. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.198
    Допаѓања:
    16.450
    Не секогаш се учителите виновни.
    Имаш родители кај што сакаат децата да им учат а децата не сакаат , па оди стави им пониска оценка иако си предал , веѓбал со нив и и сим давал домашно.

    Пример јас не сакав историја и не ссакав да учам и мене ми е крив наставникот оти не знаам кога е роден Наполеон Бонапарта?
     
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.975
    За мали деца збориме кои треба да се описменат. Ако не знае да научи основни работи кои треба да се знаат во прво или второ одделение а е четврто веќе, значи дека можеби има проблем и треба да оди во посебна паралелка. Или е запоставено дома, или проблем со концентрација, како и да е, треба да се работи со него поинаку и затоа реков -исклучоци. Ако повеќето не знаат, секако дека учителот е крив. Не збориме за оценки како тројки или четворки пошто и тоа се оцени за деца, збориме мнозинство да ти е скоро неписмено и збориме за мали деца кои полесно можеш да ги контролираш или да им наметнеш авторитет, не за тинејџер што решил да не учи и ништо не му можеш.
     
    На fana и WildMk им се допаѓа ова.
  5. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.198
    Допаѓања:
    16.450
    Како и да е тешко е ко ќе не сака наставникот да работи, единствено нешто што прави е да бара потписи за гласање, да седи в штаб и да дели летоци од партија и да се слика на инстаграм.
     
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    Децава секако голем дел од денот го поминуваат пред екран зошто па да не биде за едукација?
    Не е точно дека ќе останат неписмени, ќерка ми не остана, толку добро им одеше онлајн наставата како цел живот за тоа да се спремале ама немаше јас сакам, јас не сакам сите беа вклучени.

    Тоа дека битер нема два грама мозок дека од Австралија сите сме глупи па не може да процени дека успешно се одвива наставата и дека децата учат исто како да се на училиште, дека немам два грама мозок па не можам да видам дека напредуваат децата со материјалот што им се предава.

    Образованието е сосема различно од таму само тоа признавам, основно е 6 години, средно е 6 години, обавезителното образование е до 10 година, основното образование е прилагодена на возраста и е за забава, нема оценки, нема предмети од 5-6, имаат две до три различни наставници, пр математика, музика и класниот наставник што предава се друго.
    На сите деца им се дава лаптоп на почетокот на годината, 70% од наставата е интерактивна на лаптопот па сега онлајн се продолжува истото само место во училница се дома, така секое дете веќе има лаптоп, ќерка ми што е прваче имаше по два часа дневно настава, се учеа буквите, бројките, се правеа мали проекти, гледаше наставничката на кое дете му треба малку повеќе внимание, на секое посебно внимание им обрнуваше и ги поправаше каде правеа грешки,ќерка ми веќе знае да чита и пишува па сега вежба убаво да пишува, нешто малку и математика и толку, се ово се одвиваше на зум, оддолението е со 15 деца, за остатокот од денот си правеа проекти, цртаа по теми.
    Константин е второ одделение и кај него исто само на два пати по два часа се одвиваше наставата и за Матео четврто одделение исто, кај првиот одделението е со 17 деца кај вториот со 19 деца, број немаме од наставниците, материјалот се праќаше на страната на училиштето, си имаат децата логин и пасс за страната, не знам баш убаво да објаснам ама се надевам дека ја доловувам некако сликата иако како мајка на 3 деца според некои не сум меродавна да давам оценка за нивното образование.

    Внук ми постариот треба да е осмо одделение ама зошто е надарен како татко му годинава ќе заврши средно, на оваа група на ученици им се обрнува најголемо внимание, им се помага со припрема за на факултет, имаат онлајнсостаноци со педагог/ психолог, советници за понатамошно образование, кој факултет би бил соодветен за нив итн, онлајн тутор за предметите каде имаат проблем или не разбираат, во соодветно време се достапни, приватни броеви немаме, нема зошто да имаме, си има настава во одредено време исто како да се на училиште после и нив им завршува работното време.

    Моите се три така да не им недостасуваат други деца, пишував во друга тема мм и браќата негови се хоумскулед, цело основно и средно образование па гледам ниту еден не е социјализиран или им фали нешто дека се хоумскулед, сите четворица завршија факултети, имаат неколку докторати, сите имаат друштва, не се socially awkward ама пак што знам јас, така си тропам без два грама мозок.

    За првото cry me a river, најефтиниот пакет за домашен интернет е $19 и ако не може да си ги дозволи тогаш не работи, чека од државата $1000 месечно, башка за сите што немаат и пред короната имаше да се донира дата.

    05496329-801B-41BF-A295-1E70D6463297.jpeg
    И пред короната и сега скоро сите 60 гб ма телефон што ми се ги донирам, сега па сите тел компании на сите им подарија кој 20 кој 30 гб месечно на сите корисници без обзир дали пре пејд или пост пејд, плус и на тие што работат од дома фирмите им ги плаќаат дома 70% од сметките, струја, плин, вода и интернет.

    За второто ништо ново, секаде во светот се најдоа во таква ситуација да се снаоѓаат дома и со образованието на децата и работење од дома, се што е ново е тешко, не е ово специфично за Австралија туку за цел свет е исто.



    Па мака имаат зошто на децата некоја замисли одвојува време да им ги школува децата за што нели зема и плата, тие треба да работат од дома а надвор хара смртоносен вирус, маката на сите родители од целиот свет е иста, повторно не кажуваш ништо што е специфично само за Австралија.

    Инаку тука цело време работеа училиштата, градинките за децата на essential workers, сега после 2.5-3 месеци од 7 држави во 6 се вратени сите деца во училиште, кај мене во Викторија сеуште не се, втор бран на локдаунс има, моите деца до крај на оваа учебна година што е во декември ќе се хоумскулед, за догодина ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата.
    За моментот социјализација, три се, плус се дружат со братучедите, животни еден куп имаат тука кај свекор ми па не гледам дека им фали нешто а покрај тоа што мисли косми за мене и моите способности да ги проценам нештата, имам завршено детска психологија па ваљда ми дава тоа меродавност да кажам дека ништо не им фали на децата зошто учат од дома а не се на училиште да се дружат со други деца.

    Условите се тие, дали си во Мк или Австралија, Мк мислам има и подобар интернет од тука, разликата е само во желбата да се работи, додуша можеби и јас не би работела ако без обзир дали работам или не си земам цела плата.
     
    На senjorita-v, raww, GirlRose и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.813
    Допаѓања:
    97.297
    Пол:
    Женски
    Битер, споредуваме неспоредливи работи. Образование во австралија и образование во мк допирни точки немаат. Свеста е поинаква, овде базични работи не се средени не зафркавај. Таму верувам дека функционира, овде не може, барем не сега.
     
    На Dentina, azelea, Pelargonium и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    Кои се тие базични работи?
    Свеста ја правите сите вие, доста со тоа таков ни е менталитетот, вие сте менталитетот, се е само изговори и плус ово станува збор за вонредна состојба не за трајно решение, нема вечно да трае вирусот, немаат желба да се мрдне од место, да се направи нешто за тие деца за кој се платени да ги образуваат, да не им даваат плата ако не работат со учениците пак нема да предаваат или тогаш ќе најдат начин како да го направат тоа?
     
    На raww и WildMk им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.813
    Допаѓања:
    97.297
    Пол:
    Женски
    Јас те сфаќам, да, ние сме менталитетот, ама па и од друга страна сметам дека е многу поинаку кога ќе си настрана и кога ќе ти е убаво, па да кажуваш за некоја земја на различен континент. Кога ќе си тука и ќе се соочуваш со истите работи како и ние, тогаш ќе дискутираме дали е лесно изводливо или не
     
    На Dentina и Pelargonium им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    Ќе тестирме на децата?
    Ќерка ми научи од компјутер и телевизор англиски.
    Јас научив од телевизор само, а пред 37 години бев прво одделение.
    На кој сакаш биди континент, ако имаш компјутери, интернет и струја, исто е за онлајн настава.

    Алатките се тука, можностите се тука, отпорот е од родителите и наставниците.
     
    На raww и bittersweet им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.344
    Допаѓања:
    90.092
    Пол:
    Женски
    ,@bittersweet
    Смањи доживљај.Коментирам она што го пишуваш.
    Требаше само да напишеш како ви се одвива наставата.
    Како изгледа.
    Како ние сите што пишавме.
    Домашни,проекти,како?
    И толку.
    Хоумскулед е нешто сосема друго,би требало да се информираш.
    Не е исто со онлајн настава !

    Таму родителот мора да се регистрира како едукатор.

    За другото демантирај ги медиумите во Австралија.
    Твојот поглед на онлајн наставата во Австралија не мора да е точен,се читаат и други искуства,кои не се исти ко твоите.
     
    На azelea, referentka, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    Ако со цел живот хоумскулд настава се социјализирани, зошто не би биле со една година онлајн настава?
    То и' беше муабетот.

    Ионака ги пикаат повеќето во групи по цел ден и сега.
    Тие што се групираат пред згради, во дворови и ризикуваат да се заразарт, барем нема да се опасност за другите кои не го прават тоа, ако наставата е онлајн.
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    Со ово ама баш ништо не ми кажа, што всушност фали за да можеа последните 3 месеци да им се одржува настава на децата дома.

    Еве јас никогаш не сум живеала во Мк и не кажувам како треба туку прашувам што фали, а јас сум пример за некоја што е хоумскулед, дома моите ме научија македонски, татко ми е одговорен за тоа што знам да читам и пишувам на македонски, на школо македонски никогаш не сум била, му фали нешто на мојот македонски?
     
    На raww, Dentina и WildMk им се допаѓа ова.
  14. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.198
    Допаѓања:
    16.450
    Бев во продавница.
    Тука беше детето на вработената, ми кажа дека настсвниците ни една минута не се вклучите онлајн и им праќале домашната во ворд.
    Ете.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Возрасни луѓе, наставници и професори живееле во време кога се учело руски и француски. Споредувате баби и жаби.

    Јас знам 2 светски јазици да зборувам перфектно, но моите деца првин ќе научат да го говорат мојот јазик, македонскиот, па се друго останато. Денес имаш ситуации во приватни школи каде деца не знаат македонски, а зборуваат англиски поради комплексите на родителите децата да им се „уникатни“.

    Знаење јазици е благодет во животот, но во ваква ситуација борбата за македонскиот јазик и идентитет е нужно право. Можам до утре да набројувам пример колку ни е катастрофа состојбата со македонскиот јазик и неговата употреба во оваа држава.
     
    На flawless., Angie1432 и Sleepy им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    Фалеше да седнат наставниците и да предаваат. Е то фали.
    Повеќето ништо не предаваа, за индивидуални онлајн состаноци со децата, ич да не прајме муабет.
    Во 3 месеци, од 12, 11 наставници, воопшто не се појавивја онлајн.
     
    На raww му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    Е де, то шо го дробам цело време.
    а плата им идеше секој месец, иако родителите беа наставници и предаваа.
    Шо не ни ги даваа нас платите пичка му од на та мајка му.

    И да, за ова се нервирам!
    За држење таквоето и акање наоколу плата земаа.
     
    На raww и GirlLove им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.344
    Допаѓања:
    90.092
    Пол:
    Женски
    Со хоумскулед не може дете /тинејџер да биде исто социјализирано како со редовна настава.
    Ама баш никако.
    Затоа и хоумскулед опцијата не е прва опција за школување ,никаде во светот.
    Секаде е редовна настава.
     
    На Angie1432, referentka и fana им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    Ај речи и' на битерсвит тоа.
    Еве ти кажва дека знае деца кои се цел живот хоумскулд и се социјализирани и просперитетни.

    Ти онлајн работиш.
    Не си социјализирана?
    Си?
    Така?
     
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.344
    Допаѓања:
    90.092
    Пол:
    Женски
    Единствено што може да се земе како релевантно е праксата во светот,а не субјективно доживување на поединец.
    Со работа од дома,не
    не сум социјализирана.
    Еве кажи ми ти,би ја затворила ќерката на 5 год.да учи од дома?
    Без пандемија.
    Ја не би,ни под разно.
     
    На Angie1432, referentka и fana им се допаѓа ова.