Онлајн настава

Дискусија во 'Коронавирус' започната од referentka, 29 јуни 2020.

  1. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.789
    Пол:
    Женски
    Искрено многу полесно е да научиш мали деца да се однесуваат соодветно со пандемијава, отколку некои возрасни или тинејџери.
    Имам внуки, нонстоп мијат раце, имаат гел за дезинфекција во ранец, знаат како се носи маска и дека не смеат да ја фаќаат со раце, туку само на ластикот.

    Инаку сум против онлајн настава. Лично кај мене професорите си правеа само копи пејст на линкови, си препраќаа еден на друг материјал и никој, ниту еден не се уклучи на камера.
    Професорка по битен предмет само на Google Classroom постираше скриншотови, ќе даде рок и ајт. А имавме проект за крај година, и буквално ја баравме на секој начин, и бидејќи имаше број за контакт оставено направивме група на Вибер за да ни даде детални инструкции и да ни разјасни за проектов - нѐ остави на seen. И други професори колку ме оставиле на seen кога сум ги прашала нешто, за материјалот се разбира.
    Неспособни и мрзливи.
    Жими две професорки што се потрудија да го направат материјалот соодветен за онлајн настава.

    И не гледам зошто да не се оди во школо кога може да се има концерти, теретани, митинзи и глупости.
    Нека се снајдат, нека направат протоколи. По 15 ученици у училница, скратени часови, не знам.
    Али нема да ми биде мило ако продужиме од Септември вака како ова полугодие.
     
    На Biljarkata, eliesaab, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  2. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.251
    Допаѓања:
    118.908
    Пол:
    Женски
    Не, не сум спремна да го ризикувам. Ама го ризикувам и сега. Пнеумококи врие по градинки ама мора да оди во градинка, тоа и е. Смртоносни се и тие за толку мало дете, до воспаление на мозоче оди, знаеш? Не, не знаеш.
    Ќерка ми ќе учи онлајн ама јас и татко и што одиме секој ден на работа со по 100 души во контакт, нели можеме да и го донесиме дома? Тоа нели е ризик? Ама ти тоа како ќе го разбереш, кога не одиш на работа, маж ти работи од дома. Волкот сит - овците на број.
    Некои мора да работиме не може сите дома да седиме и да се удираме по гради колку сме силни.
    Од тастатура.
     
    На christinnn, azelea, ElenaOfRivendell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.415
    Допаѓања:
    90.682
    Пол:
    Женски
    Ама остај ме ти мене,јас сум возрасна,и како не сум затворена,денес имам 10 + саати работа,од дома,кога ке се социјализирам,со вас тука на пауза.

    Каде и со кого ке се дружи детето,не зафркавај, и на крај ако се дружи надвор што е разликата ако иде во школо ,секако под нови услови.
    Друго е во школо.тргни од одење наутро заедно до школо со другарка,па брборење пред час,за врме на час:D,одмори во школо,шушкање за први симпатии,тестови,препишувања ,и остнати работи кои се дел од тренирање социјални вештини.
     
    На Biljarkata, azelea, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    @Cosmi фала богу дека мм не станал хирург со хоумскулиг ама основата од таму му е, значи јас не сум поборник за хоумскулинг/онлајн настава ама сега времето тоа налага и јас се прилагодувам спрема времето не го демонизирам и не би си ги изложувала децата на корона, уствари јас дома им го донесов, среќа не се заразија ама знам колку е лош вирусот фирст хенд па ќе ги заштитувам
    како знам децата.
    Свекор ми и свекрва ми се едукатори, не се невработени, наизменично ги учеле синовите, за да се таму каде што се денес значи дека нивното домашно образование било успешно.
     
    Последна измена: 2 јули 2020
  5. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.170
    Допаѓања:
    5.389
    Пол:
    Женски
    Мајка ми работи во приватна канцеларија (сервис за администрација), метар на метар шо се вика, а пола од тие што идат се без маска, пола со маска под нос, а приватно е, не може да им каже излезете надвор, само таа е работник. И што ако ја затвори сестра ми да не оди на училиште, или мене да не одам на факултет, кога многу лесно таа може да ме зарази. Срање ни е онлајн наставата и крај. Да се спроведуваше како што треба, се согласувам дека е добра. Еве нас ни спроведија и предавања и вежби онлајн, се потрудија повеќето, ама едноставно не може онлајн да ми замени во живо. Друго е да го гледам и да држам во рака органот (на медицински сум), друго е на слика да го гледам. Не е исто.
     
    На eliesaab, azelea, Alishan30 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.789
    Пол:
    Женски
    И нема потреба од толку драматичност со тоа “загрозување на здравје и живот”.
    Никој родител не сака да си го види детето болно, ниту некој сака да се разболи.
    Едноставно не е изводливо да се седи дома без контакти 3 години, или колку и да трае пандемијава. Тажно е единствениот контакт со надворешниот свет да ти е преку екран.
    И не може да се продолжи така, особено не со условите за онлајн комуникација кои многу семејства ги немаат (празна тивка соба, стабилна конекција). А и да ги имаат сите, ќе си расипат очи и ќе се здебелат и ќе станат анксиозни и социјално дисфункционални ако ги затвориш дома година дена или повеќе.

    И никогаш не си 100% заштитен од ништо. Ете има други вируси кои може да искомплицираат како што кажа Фана, имаш секогаш шанса да се преврти автобус, да те удри кола, да паднеш од скали и слично ако идеме во крајности и ризици и црни сценарија.

    И џабе затворање на децата дома ако идете на работа.
     
    На Biljarkata, Kitten, eliesaab и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    А фамилии каде што се 2,3 и повеќе деца, а немаат дома компјутери за сите, како ќе следат онлајн сите истовремено?
    Онлајн е океј краткорочно само.

    И ајде во средно и основно ќе се реши некако.
    На факултет шо прајме?
     
    На Kitten, eliesaab, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Ако можам да го намалам ризикот, ќе го намалам.
    Толку.
    Па секако ги затворате децата по цел ден и кога се на редовна настава.
    5-6 саати на школо, уште 3-4 на курсеви, после дома.
    Се' е на затворнео.

    Државата ќе им обезбеди таблети, од парите што ќе ги заштедат со неплаќање на режии за школите... пошто нема трошоци за струја, вода и не знам шо.
    Башка, има 'компјутер за секое дете', од минатата влада.
    Место да ги држат затворени во шкафови, оти се расипале и им е мрза да ги поправат, нека го направат тоа, и нека распределат на оние кои немаат апарати.
    Драматично е

    Цела стручна светска јавност кажува дека и деца можат да умрат од ковид.
    Не го измислив јас.

    Don't shoot the messenger
     
    Последна измена: 2 јули 2020
  9. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.251
    Допаѓања:
    118.908
    Пол:
    Женски
    Да, ти можеш. Евидентно.
    Не можат сите, за жал.
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Можат.
    Ако сакаат.
     
  11. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.789
    Пол:
    Женски
    Како? Како продавачка во Веро и нејзиниот маж полицаец ќе го намалат ризикот?
     
    На Biljarkata, christinnn, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Тие мора да одат на работа, ама не мора на тоа одење на работа, додатно да се ставаат во ризик, со пикање на деца во клупи и по паркови и по гости, без маски.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Е баш ова со маж ми го зборавме.

    Ако државата не обезбеди услови за онлајн настава, ќе ја бојкотираме.

    Кој сака да ризикува и да игра руски рулет со сопственото дете, нека повели.
     
    На raww му/ѝ се допаѓа ова.
  14. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    5.918
    Па се додека само се жалите дека онлајн кај нас нема да функционира поради тоа што живееме во Македонија, вака ќе ни биде и за вас искрено треба вака! Убаво кажа @WildMk кој наставник нема да ја врши работата дирекно приијавување ама знаето што само еден ако пријави нема ништо ама ако пријават десет, дваесет души не знам дали ќе нема ништо, ама седете си вие на тоа уво дека кај нас ништо не функционира. Да не функционира само заради тоа што не се обидувате со малото прсте да мрднете. И какво настава во училиште е подобра па пола од наставниците не знаат да предаваат, на професор ако му раскажеш поинаку лекција со твои зборови може да си добиеш и помала оценка, ако математика ја решиш задачата на поинаков начин а не како тој што си го учел на школо ќе си добиеш помалце бодови и сакате да кажете дека нашколо детето се учи да размислува логички? Смешки. Ама вие седете си само и не се бунете ако наставничката не е добра со изговор дека па што ако се буниме да не ќе се смени нешто многу нормално дека нема да се смени. Ако сакате да направите промена почнете од вашето размислување прво. Затоа нас вакви личности и не владеат оти знаат дека можат со вас како сакаат дека нема да се побуните за ништо. Оти многу нормално ако само еден се буни нема да се смени Македонија и нејзиниот образовен систем.
     
    На tinka-mace, eliesaab, bittersweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. злоба

    злоба Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    3.725
    Пол:
    Женски
    Мислам дека пак ќе биде онлајн наставата од септември.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  16. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Нека биде, ама организирано ко што треба. И нека се договорат барем со интернет провајдерите, не за друго - знам многу што паднаа заради слаб интернет.

    А за основците и средношколците, нека се свестат малце а не да дозволуваат да се праќаат слики од тестови решени од мама и тато. Домашни е друг муабет, и физички фа се одвибаше наставата пак не знаеш кој го напишал домашното.
     
    На злоба и WildMk им се допаѓа ова.
  17. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.764
    Допаѓања:
    21.477
    Пол:
    Женски
    Збогум социјализација, збогум детство.

    Ептен ми е грев за основците и средношколците, најубавите моменти шо требаа да ги доживеат им летнаја пред нос. За нас студентите мање битно, иако и јас не сум баш најсреќна шо нема да се враќам во амфитеатар од октомври.
    Колку само ментално осакатени ќе излезиме сите од ова лудило.

    И да се повторам, против онлајн настава. Ризикот насекаде го има, не се живее затворен и уплашен со години.
     
    На azelea, Biljarkata, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Абе шо, готово!
    Крај на светот!
    Сенкир надвор од школо, не можат да се дружат.
     
    На злоба му/ѝ се допаѓа ова.
  19. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Вајлд, многу познанства се шират во училиште. Поготово во основно, кога немаат децата можност да одат на други места.
    Факт е дека училиштето е важно за социјализација.
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Да.
    Ама сега има пандемија.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.