Дефинитивно. Брат ми беше целодневна у школо и колкави пропусти имаше тие 5год таму што беше и пишуваше домашни. Тек после се виде колку утки имал и колку моите требаа да работат со него. Математика не им ни гледале работните, пишување неправилно исто не се ни замарале... Катастрофа жива. Дома моите појше го научија од некои си квази наставнички.
Средства има. Само сметките за струја на едно школо, можат да обезбедат таблети за оние кои немаат А предавањето ако не се изведува, пријавување на наставникот, и ај со здравје
Немам јас што да изигравам учителка и да го учам дома. Треба да научи на школо, а не да се очекува од родителите да цртаат и пишат по 3 часа дневно плус.
Ова е тоа што сакав да го кажам. Дечиња од прво и второ одделение обавезно имаат потреба од учител/ка. Не може да седи едниот родител цело време дома, мора од нешто да ги раниме тие деца. Убаво е што студенти се изјаснија дека тие се за онлајн настава, ама тоа се возрасни оформени личности. И кога им требало да се во школска клупа биле таму и добиле основа.
Затоа треба наставниците да предаваат, а не да спијат и плата тие земаат, додека ти, родител, си наставник за 12 предмети
Не мора да седиш дома, ако наставник предава. Како што им задржува внимание во училница, така и он-лајн
Самите учителки кажуваат дека во прво одделение им треба цело полугодие да ги научат да седат, дека час и дека нема шетање. Ами дома да е, да треба да седи и слуша??? Не верувам во тоа. Леле @WildMk ќе седела таа и ќе слушала.. Ем ја сврстувам во мајмирна категорија деца. Нема шанса. За студенти-да. Ама за описменување деца - строго НЕ.
Ако некој е спремен да го остави САМО ДОМА своето дете од 6,7 или 8 години, слободно. Јас сметам дека дете на таа возраст не може да седи само дома, му треба надзор. А ако јас работам, а тоа следи онлајн настава од дома ќе треба да седи само нели.
На државно? Да. На приватно? Веќе почнаа да им викаат да се вратат назад на работа и да се снајдат како знаат за децата. Не зборувам од памет, конкретен случај кажувам за стабилна приватна фирма. Натрупана работа(теренска) и веќе ги бараат назад. Џабе ќе пријавуваш кога сите се окупирани со избори.
Мене класната на брат ми ми има кажано ако не знае да реши он, реши ти и прати ми само да имаме како да се извадиме за петката што му е напишана.
Тоа е системска грешка. Целиот образовен систем се базира на вакви примери. И сега јас да очекувам дека со онлајн настава тие ќе станат поангажирани и поодговорни? Џабе ќе бидат и казни и се'.
На факултет сум и онлајн наставата во оваа ситуација се покажа како добра солуција. Ќе кажам причини зошто сметам дека е добро или лошо ова да е начин за изведување настава во иднина: Наместо да се туткаме 100+ студенти во просторија за 40 и да мора професорот да се дере за тие најназад да чујат, а тие најназад да зумираат со телефон за да читаат од презентациите - сите подеднакво можевме да слушаме и читаме онлајн. Но, системот паѓаше на голем број студенти приклучени, со оглед на тоа дека сите одеа кај подобрите професори, имаше најавено над 400 студенти. Нормално, се случуваше екранот да се смрзне и да сецка звукот. Да не напоменувам дека интернетот овие 3 4 месеци е крш, па и тоа играше улога. Има предмети што е полесно да се совладаат кога професорот ќе ти објасни физички (пр. Математички проблем). Постојано блеење во екран е проблем. Јас и така морам да користам компјутер за самото учење и вежбање, ова дополнително беше исцрпувачко. Не секој има можност да седи сам во просторија и да прати настава без да му нарушува некој концентрација, а нема ни секој свој лаптоп/компјутер. Се заштедува на време и енергија, како и на пари (многу студенти а и ученици трошат пари за храна и пијалоци на факултет/училиште). Помалите ученици ќе имаат потреба некој да ги чува додека пратат онлајн настава, сепак постојат родители кои не ги оставаат своите деца сами дома до одредена возраст. Малку ги измешав предностите и недостатоците. Иако темава е за настава, онлајн полагањето е 5 пати полошо. Реално, многу студенти поминаа поубаво онлајн отколку физички. Не знам дали тоа се должи на разбирање ради ситуацијава, препишување или полесни тестови. Ама верувајте, стрес е голем. Кај мене на факултет се полагаше предмет во времетраење од 4 саати, на студентите не им се дозволувало да одат до тоалет. И пак ќе кажам, не секој има можност да си обезбеди празна просторија и личен компјутер.
Обавезно ќе побараме и ќе добиеме. Државата парите од повраток на данок бараше да ги донираме, како згрешени се молат мед.опрема и слично некој да донира, ама ќе најде пари да ни исплаќа минималец за да учат децата од дома. Државава е на раб на банкрот и парите што ги спомна погоре од школите за струја и сл. државата ги нема. Цело време се задолжуваме наново, да не беше епидемијава голем дел од училиштата и сапун уште ќе немаа.
Училиштата се задолжени некои ионака, наставници немотивирани, плус престој и дополнителна настава им беа практични можности кои сега ги нема. Хоумскулинг е само за оние што одбрале така , па ни тоа не е легално во мк ко во Америка. Дете што учи и дома и во школо би учело, ама квалитетна настава од дома без индивидуален пристап е нешто што допрва треба да се развива. Овде има разни типови школи со разни методи Далтон, Монтесори, паблик, специјални во голем број. За нив што ќе прават? На дете со посебни потреби му треба присуство нечие, не онлајн.