Онлајн настава

Дискусија во 'Коронавирус' започната од referentka, 29 јуни 2020.

  1. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.636
    Допаѓања:
    15.784
    Апсолутно сум против,нема да се повторувам со другите членки наназад,го делам мислењето може за поголеми,созреани деца да,ама за малите кога е најбитно да се стекне основата во учењето,не.

    Еве кажете ми како јас од септември да оставам само дома да учи прваче на 6 години онлајн? Јас нема да можам уште долго да седам дома,мора да почнам на работа ,не можам од дома да работам, а требаат и средства за живот.
    Само ќе кажам дека ова ќе остави тешки последици врз децата,тоа сум сигурна:(.
     
    На Biljarkata, Pelargonium, duffi и 13 други им се допаѓа ова.
  2. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.403
    Допаѓања:
    16.787
    Од една страна тешко на родители и деца.
    Ги сфаќаме родителите, одат на работа, децата се мали, нема кој да им обрне внимание, нема ништо да знаат, очите уште од мали ги расипуваат.
    Од др страна, наставниците се, на оние што не им е галје за децата, блазе си им, си земаат плата, не се пуштаат онлајн. А, другите, кој ги шанкари, очи вадат на компјутери, време губат, пари нема, здравје губат.
    Од трета страна, здравјето.
    Дали сте свесни ако почнеме пак во школо дека може ДА СЕ ИСПОЗАРАЗИМЕ СИТЕ?
    Знаете кој ќе ви биде крив после, се знае НАСТАВНИЦИТЕ.
    ЕТЕ, ТАА/ТОЈ ИМАЛ КОРОНА, НЕ БИЛ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА, НИ ГИ ЗАРАЗИ ДЕЦАТА. СРАМОТА!
    Да, драги мои, тоа ќе биде драмата.
    Затоа јас сум за ОНЛАЈН од една страна како превенција, а од др страна НЕ бидејќи децата ќе ни останат неписмени.
    Дали имате свест да го ризикувате здравјето на вашето дете, вашето здравје и здравјето на уште многу други лица?
     
    На LollySky, Cosmic Girl и злоба им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Најлесно ви е на сите да речите: Не бива ова- и да крените раце.

    Ни вие како родители сакате да се потрудите да профункционира нешто, ни вие како наставен кадар сакате да се потрудите да профункционира нешто.

    И што е најтажно, не ви е гајле за сопствените деца.
     
    На tina2018 и GirlLove им се допаѓа ова.
  4. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.403
    Допаѓања:
    16.787
    Е ајде еве да покренеме.
    Сите се поделени на партии, владее партиска омраза.
    Се ќе се реши кога народот ќе излези и ќе им се спротистави на политичарите.
     
  5. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.452
    Допаѓања:
    5.415
    Јас имам едно гледиште да треба полека полека да се почнува. На пример децата од 1-5 каде имаат целодневна и двајца наставници а паралелките сега се некаде околу 25 не повеќе од 30 деца да се поделат во две смени. Едниот наставник со едни деца другиот наставник со другите деца... Така да ќе одат ќе учат нема може да биде наставата од 7-15 ќе мора нели да се ангажира некој за зимање и ред други работи но сепак стручно лице ќе држи настава, да ние како родители ќе ја довршуваме домашната што реално би ја работеле од 12-15 часот на училиште. Поголемите деца реално мислам дека и се запознаени со се она што се случува, а сите може да носат маски или визири.
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Ќе се заразат сите... како секоја година со инфлуенцата што се заразуваат сите.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  7. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.403
    Допаѓања:
    16.787
    Ај немојте пак ќе ви бидат наставниците криви.
     
  8. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Катастрофа ќе биде. Особено за првачиња, вторачиња и на пример шестоодделенци кои ќе се соочат со повеќе наставници, предмети, материјал. Далеку сме ние од квалитетна онлајн настава. Секако дека и другата опција е лоша, да одат на училиште ако ситуацијата е ваква. Ја имам подобра идеја, нека ни даваат плата на нас родителите. :). Шала на страна, син ми ќе биде петто не се секирам.многу затоа што повеќето материјал го повторуваат, ама малите тешко нив.Но, пролетва поминав мноооогу време покажувајќи објаснувајќи му, праќајќи домашни на маил оти тој не знае, па време да најдеш да му обезбедиш тишина за час на зум, дома имам уште две мали. И тоа е. Предизвик голем ќе биде...
     
    На Biljarkata, tina2018, noteforself и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Види, јас не си правам црни сценарија дека ќе ми умре детето ако го пуштам во школо. Стварно срамота да кажеш дека не ми е гајле детето!

    Може некое ќе се зарази, ќе оди цело одделение во самоизолација две недели (за тоа време ќе оди наставата онлајн) па паќ ќе се вратат на настава.
    Има начини да се обезбедат услови за физичко присуство само треба да се сака и да се работи на ситуацијата. Да се стават проѕирни пластики помеѓу клупите, да се обезбеди визир за секое дете (поевтино отколку таблет или лап топ за секое дете/наставник) сапуни и антибактериски средства на секоја клупа, одење во три смени а часот да е по 30 мин... Има начини. Ама не им се замара да осмислуваат ваква стратегија.
    Еве Мон веќе изготвиле предлог нацрт верзија за далечинско учење од септември, но ништо ново не прочитав во него, ќе нѐ чека истото срање од минатава учебна година. Треба и биро за развој (Бро) да ја прилагодат програмата а и да се изготват нови учебници и материјали. Зарем ова е полесно?
     
    На Biljarkata, noteforself, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Црните сценарија се приложени како можност од светските стручњаци за вирологија и епидемиологија.
    И за да ги спречиме, треба да направиме се' што е во наша моќ.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Епа барајте квалитетна онлајн настава, а не децата да си ги жртвувате оти ви е мрза да смените нешто.
     
  12. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    20.161
    Пол:
    Женски
    Вајлд, јас не мислам дека е мрза. Барем не кај сите. Има родители што имаат по 2, 3 школарчиња. А неретко со едно не можеш на крај да излезеш. Имаат и помали деца дома од школарчето, бебиња, во работен однос се. Како тоа ќе се реши? Не секогаш има дома услови за онлајн настава, па како и да е истава организирана. Скроз ги разбирам значи. Од друга страна, сигурна сум дека може добро да се организира онлајн. Јас повеќе го гледам проблемот во домашните услови.
     
    На candy.cane, duffi, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Децата учат, исто како на школо (доколку наставниците си ја бракаат работата), родителите на деца помали од 10 години, имаат право на слободни денови.

    Се повторувам.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.422
    Допаѓања:
    90.712
    Пол:
    Женски
    Наставниот кадар треба овие два месеци да се припреми за онлајн настава.
    Да има обука цело лето.
    Да не испадне во септември пак не биле спремни па само 20%од наставниците држат настава.
    Без разлика дали ќе се вратат или не во школски клупи.
    Ако бројките паднат,нема зошто да не.
     
    На noteforself, GirlRose, duffi и 7 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Затоа што никој не може да предвиди дали повторно ќе се кренат, и дали и како ќе мутира вирусот.
     
  16. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    20.161
    Пол:
    Женски
    Знам јас како учат децата. И супер. Реши еден проблем од 54252 други. Кога тогаш ќе мора да се почне на работа, а со тоа и враќање во школските клупи. Значи не ја дискутирам онлајн наставата, согласна сум дека може супер да се организира. Ама како во денот ќе се организира родителот за да обезбеди квалитетно време со детето, а има и други деца или работи од дома итн. Ова не е проблем на државата, ама дека е тешко, е навистина.

    Ако ти е мрза, не се повторувај. Немам намера да ја читам цела тема, мене ме мрзи. Сега се убацив. :D
     
    На candy.cane, duffi, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.422
    Допаѓања:
    90.712
    Пол:
    Женски
    Ако има мали и контролирани бројки(кластери)нема зошто да нема регуларна настава.
    Вирусот може да премине во полесна форма ко настинка.
     
    На Biljarkata, duffi, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Исто толку време ќе му треба на родителот, колку што му треба доколку наставата е класична.
    Тоа под услов, онлајн наставата да функционира прописно.

    Дете кое е во средно приватно, немаше време глава да дигне тие 2 месеци... исто како што беше и додека беше на класична настава.

    Може, ако се сака.

    Со ваквото однесување на одговорните, редуцирање и навремено идентификување на кластери, нема да видиме за брзо.

    Точно дека може да премине во полесна форма, ама може да премине и во потешка форма и далеку посмртоносна.
    Бидејќи никој не може да предвиди, поради огромниот број на варијаблите - бројот на заразени помножено со бројот на вируси во поединечен организам, бидејќи секој поединечен вирус има потенцијал да мутира вака-или онака.
     
  19. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    20.161
    Пол:
    Женски
    Како бе Вајлд? Особено ако иде онлајн во одредено време од денот. Баш тогаш кога ти станало бебето да речеме или и другото дете треба да учи или мораш да завршиш работна обврска од дома. Не сите имаат кој да им ги чува другите деца, за да му се обезбеди тишина на школарчето. Има родители наставници исто така.

    Времето за повторување на наставата која била во школо, не е ништо повеќе од половина час до час. Времето за целата настава дома, со сите останати обврски на родителите, знае да биде и цел ден. Неретко во не баш соодветни услови. Не зборувам за постари деца. Верувам дека тие можат и сами, доколку се свесни и ги разбираат онлајн технологиите секако.
     
    На Biljarkata, Pelargonium, duffi и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Што сте чудни и вие со паниките а и порталиве со вакви вести... Општо познато е дека вируси во затворен и непроветрен простор полесно се шири преку воздухот. Чист пример се градинките...и моментот што преку зима им отвараат прозорци на децава, па после мајките се жалат :D
    Докториве со изјавава не ни ја открија Америка.

    Барајте та барајте...Мон не ги тркала ниту наставниците а камо ли родителите, си тераат по свое. Што ќе ни сервираат тоа ќе сркаме.
    Еве ти кажи како ќе се буниш и бараш? Дај им идеја на родителиве.

    Значи да живееме затворени и да чекаме вирусот да мутира? :^) И? До кога така?
    И вирусот на обичниот грип мутира па затоа го прележуваме секоја или секоја втора година.
     
    На azelea и GirlLove им се допаѓа ова.