Онлајн настава

Дискусија во 'Коронавирус' започната од referentka, 29 јуни 2020.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Абе не треба никој да ги чува додека има онлајн настава, исто како што никој не ги чува додека се на класична настава.

    Како што реков: Под услов да функционира прописно онлајн наставата, а не наставниците да ја преспијат учебната година, како минатите два месеци
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Паника не е исто со претпазливост.
    Македонски портали не читам.

    Ќе ја бојкотираме наставата, ако не е онлајн и адекватна.
    Бојкотирајте и вие, ако имате забелешки.

    Не мора да се затвориш скроз.
    Има и други начини за комуникација, во соодветни услови и со почитување на мерките.
     
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Некои луѓе живеат во имагинарен свет.

    Сум за онлајн настава ако е спроведена како што треба. Сепак, за дечиња од 1-4 (5то) одделение ова ми е мисловна именка. Како ќе учи од дома детето? Родителот што попрво - да работи, да учи, да принта материјали, лап топ да обезбеди. Па ако имаш две или повеќе деца, те прашува некој дали имаш ти дома на секое да му обезбедиш компјутер. Некој ќе каже ќе се менуваат. Ќе се менуваат, а ако имаат во исто време предвиден тест или предавање?
     
    На Pelargonium, duffi, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Објаснав во постот погоре:

     
  5. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Која мрза? Кај да бараме? Пред влада? Која се спрема за избори и за друго ништо не и е гајле? Кај наставници кои имаат 60+години и едвај се снаоѓаат со технологијава. Скоро се паѓа на товар на родителот. Еве нашата наставничка конкретно ни праќаше само што да сработиме и домашните да ги испратиме. Некогаш праќаше план на материјали некогаш оставаше сами децата да го направат. Не е еден предмет. Англиски имаа часови на зум, скоро секогаш кочеше нешто, се исклучуваше, не се слушаше. Среќа го имам соодветното образование за наставник и можам да му покажам и објаснам на син ми, но имаше и родители кои немаат ни време а не ни разбираат што се бара(и не се за тоа тие виновни). Начини има, може да се одржи час на пример со помалку деца, па да се прати во ворд лекција со насоки, има многу убави идеи и начини барем јас истражував и наоѓав материјали си цел да му биде поинтересно на моето дете а и споделувавме и во групата што си ја имаме. Ама факт е дек децата не гледаат исто на учење од дом и учење во школо. Да се надеваме дека ќе се среди се. П. С. Ако мислеше на мрза дека не мрзи да учиме дома те поканувам кај мене во септември да се снаоѓаме со деца од 3,1,година и петтоодделенец на онлајн настава :))). Да не ме сфатиш погрешно , не сакам да се расправам.
     
    На Biljarkata, Pelargonium, duffi и 2 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Ќе ја бојкотираме наставата, доколку владата не обезбеди соодветна онлајн настава, во која секој наставник ќе си ја брка работата, исто како да е во училница.

    Пишав погоре:

     
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Важи - дете од 5 години (прваче) само ќе седне на компјутер и ќе работи. Спамираш само.
     
    На candy.cane, Pelargonium, duffi и 3 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Ти кажувам дека за оние ученици кои се во приватните школи функционираше.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Во приватните првачињата сами учеа на компјутер?! Дете од 5 години седеше и само работеше? Само пушташте и симнуваше материјали, читаше што му е зададено како активност и ја завршуваше истата.

    Не гледаш дека спамираш и тераш инат колку да се најдеш во муабет?!
     
    На candy.cane, Pelargonium, duffi и 3 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Да ги симнеш материјалите е 5 минути.
    Часот трае 40 минути.
    5 часа по 40 минути се 200минути, односно скоро 3 и пол часа.
     
  11. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Така е најдобро. Да си ја бркаат работата како во училница. Ама колку е тоа возможно на пример со 26деца на онлајн час на зум. Некогаш им се исклучуваше баш на најважните работи кои требаше да им ги објаснат. Затоа што така беше направено на време. Требаше малку повеќе да обрнат внимание на алаткиве за онлајн настава. И она едуино кој не се слуша кој предава несоодветно на возраста. Има начини да. Ама треба некој мнооогу да се потруди. Плус нема повратна информација, децава дур разберат што ги прашале отиде времето. Мислам а помалите дец. А домашните испратени по маилови од кај знаат наставниците дека не ги напишал родител. Факт е дека ќе биде хаос. Еве јас уште сега си ја теоам главата и почнав да правам материјали, презентации се со цел да не заборави син ми се што научил досега и да нема проблеми в годона кога ќе биде шесто и ќе има десет и повеќе наставници. Последиците секогаш доаѓаат подоцна...
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Исто како 26 деца во училница.
     
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    А ти туѓ есап правиш сега? Ќе ги симнеш материјалите и детето прваче само ќе прочита на нив што треба да работи. Дете што не знае да чита и пишува. Ај важи.
     
    На Biljarkata, candy.cane, Pelargonium и 6 други им се допаѓа ова.
  14. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Исто да. Ама не е исто со деца од 14 15години и деца од 8 9години.
     
    На Pelargonium и azelea им се допаѓа ова.
  15. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.636
    Допаѓања:
    15.784
    Како бе не ви е срам да кажувате дека не ни е гајле за нашите деца?

    Изгледа не живееме во иста држава? Убаво пишала кукла ,еве јас ќе имам прваче со 5,5 години,не знае да работи на компјутер ,јас и татко и одиме на работа,мора да одиме дали разбирате,како ќе учи тоа дете само??? Јас во јануари ќе се породам и таман ќе си учам и новороденче ќе гледам.
    Лесно ви е на вас со големи самостојни деца,што можат сами да следат настава,и од дома немате излезено си работите,па ќе кажувате дека не мрзи или не ни е гајле нас за децата.
    Како во нормални земји се создадоа услови да се вратат децата во градинките и школи?
    Кај нас не сака некој да мисле,некој што тоа му е работа,е на тие не му е гајле за нашите деца:@.
    Затоа парталите и магла од оваа скапаница од држава:(
     
    На Biljarkata, noteforself, candy.cane и 7 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Истите предизвици за наставникот се со деца на 8 годишна возраст, и онлајн, и офлајн.
    Дури и помалку одговорност имаат ако е онлајн.
    Бидејќи не мораат да се грижат за нивната безбедност, туку само да предаваат и испитуваат.
    Во школите треба ем да предаваат и испитуваат, ем да внимаваат да не се групираат, дали носат маски, дали дезинфицираат раце, дали допираат лице со нечисти раце, башка редовните проблеми како што се: агресивни деца (пример).
     
    На злоба му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Зошто не си го научила до сега да работи на компјутер?
    Не е мало.
    Ќерка ми од две години користи компјутер.
     
  18. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.636
    Допаѓања:
    15.784
    Затоа што така сметав дека треба ,ќе научи нема да остане ненаучена,побитно ми беше детето да го минува времето во детски игри,да трча надвор,да се дружи со врсници,да и читам книги, отколку да були и да се зрачи пред екран,тоа нема да и избега во животот.
     
    На Regina.Phalange, Biljarkata, Kom.pot и 8 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Епа чим сметаше дека не и' треба компјутер, во време кога се' е на компјутер, тоа е твој пропуст.
    Ничиј друг.

    Алатка е компјутерот.
    90% од работните места во светот зависат од познавањето на компјутерите.

    Касниш...
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  20. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Со среќа на првачето и со лесно бременоста. Се знае дека првачињата ќе настрадаат најмногу. Значи ете и да има ефективна настава, му предаваат како да пишува бројки до 10. Учат општество, природни науки им пуштаат материјали. Е тие материјали треба родител да ги симне, па после да слика домашни, па да му објаснуваш на детенцето дека мора да ги напише за да ги види учителката. А учителката таму преку екран. Деца се тие со неполни 6години. Ќе се види последицата кога во второ ако се вратат во клупите до година одма ќе почнат да учат собирање и одземање а тие уште убаво не научиле да пишуваат.Некои деца едвај и во училница се снаоѓаат па не вака.... Ама лесно е да си кажуваме вака, последици ќе трпимме кога се ова ќ е заврши. Најмалите најмногу ќе изгубат. За поголемите е лесно...
     
    На Biljarkata, Pelargonium, Kitten и 2 други им се допаѓа ова.