1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Онлајн настава

Дискусија во 'Коронавирус' започната од referentka, 29 јуни 2020.

  1. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    15.373
    Ок,фала што ми кажа, многу сум закаснила изгледа,од утре ќе почне на работа:)
     
    На Chanell*, Mishela, candy.cane и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.080
    Пол:
    Женски
    Можат да направат намалување на бројот на деца во едно одделение и децата да не одат 5 дена во школо, туку еве да речеме 3-4.Значи место 30 да бидат 15 ама распределени во 3 дена.Мерење температура пред влегување, редовно дезинфицирање на рацете, ако се мали нека им стават средство на секоја клупа и нека ги потсетуваат на почеток на час да дезинфицираат раце.Не знам, може ќе ви звучи смешно, ама баш гледав едно видео од Кина и токму така ги пречекуваа децата на влез.

    Кога ги гледам секој ден по игралишта, по улици, паркови, собрани по 10-15 деца, заедно играат, се тегнат, се влечат, малку ми е нелогично тоа секој ден да се случува а да биде проблем школото, иако таму би се презеле многу повеќе соодветни мерки.

    Еве размислувам како едно дете од 7 години ќе седне, ќе уклучи програма за онлајн час, ќе намести, па после ќе уклучи програма ворд и ќе пишува домашна.Значи не може да биде оставено само, мора некој да му објасни.Родителите ако се на работа како?Или еве, 2 деца се а имаат еден компјутер.На двете им треба компјутерот во исто време за час.Чаре?После ако нешто не им е јасно, треба сите да препрашуваат, а наставникот не може да дојде непосредно до нив да им појасни, а знаеме дека мали деца се, може нема да знаат како убаво да објаснат што им треба....

    Ајде за средношколци ќе може да се изведе, ама за деца во основно до 6то, стварно мислам дека нема шанси да биде успешно.
     
    Последна измена: 8 јули 2020
    На Biljarkata, Flower123123, Ladyyyy567* и 5 други им се допаѓа ова.
  3. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    15.373
    Да најстрашно е за најмалите,тоа баш за првачиња и вторачиња,второ одделение ми се чини најпрогресивно е во однос на учењето,учат множење,делење,дропки,диктати.
    Мојава не дека не знае ништо знае бројки,букви , пишува и сама зборчиња,дури во карантинов сама почна да чита,но за најмалите можеа да осмислат некако поинаку.
     
    На Pelargonium, Kitten, Ева33 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Епа токму тоа се случуваше кај син ми. 26деца од кои не беа ни сите присутни, ги прашува што не е јасно. Прашуваат секој по нешто , сака наставничката да им одговори ама се исклучува зумот. И не ни може на сите поединечно да им објасни. А наместо да се трошеа пари за реклами за избори, за најлончиња кои ги делат за митинзи кај што не почитуваат мерки можеше некој да ја чукне главата да рече дајте да напрајме нешто за образованието, обуки да организираме за наставници децата ќе останат ни угоре ни удолу. Ама тоа е кај нас образованието е на последно место.
     
    На Pelargonium, azelea и Angie1432 им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    И ќе оди наставничката по 15 деца паралелно, пошто на одмор одат да купуваат јадење, одат во вц, одат во дворот, во ходниците.

    Една наставничка, ќе допази 15 деца, само ако седи со нив во училница додека траат сите часови... без одмори.
     
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.080
    Пол:
    Женски
    Одат, да, и не може наставничката да оди по секој.Ама еве кога ќе се вратат може сите да ги натера да одат да измијат раце или да дезинфицираат пред да влезат во кабинет.Поим немам, давам идеи, иако никогаш не може се да биде 100% стерилно и сигурно, ама дека може да се намали ризик, може.
    Еве викам, постојано се надвор заедно, таму па ич ни мијат раце ни гледаат што фаќаат и кај фаќаат, исто му доаѓа.
    Со тоа што викам би можело да се воведе во школите и задолжително мерење Т пред да влезат на прв час, да се прават поредовни дезинфекции во училниците...секако, ако многу ескалира ситуацијата не би ги вратиле во клупите, ама ако постојано има мала бројка на заразени или е во пад, нема зошто да ја пропуштаат годината.
     
  7. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Ти си заборавила изгледа како е со мали деца. Во школо е тешко да се стекне работна навика и основа, а не пак од дома, кај што нема контакт очи во очи. Тие 3 саати, те молам ти организирај ги, со уште куп други обврски и други деца. Очекуваш 5 годишно да седи пред комп без никаква контрола и помош од родител. Учителката од другата страна на екранот ништо не може стори, оти не е во живо присутна. Друго е на класична настава, а вака до утре може да си повторува на празно. Им треба внимание на малите, факт!

    Браво бе Вајлд. Сега и родители виновни, што 5 годишни деца не знаат да куцкаат на комп. А бе тие допрва треба да научат да пишуваат класично, да стекнат работна навика, а ти фрлаш сенка на родител што не ги учел од 2 години да влегуваат на соодветен веб сајт, да симнат материјали, да се приклучат онлајн, да принтаат, да знаат што кога паѓа сервер, итн. Сериозно?

    Не зборуваме за уклучи и вклучи нетот и толку. Како е жити се ова пропуст на родител? Да не треба ворд, ексел и поинт да ги учиме уште од раѓање, а тие уште не знаат ни класично пишување. Значи свашта. Да, време на технологија е, ама неретко и за многу од родителите тешка.

    И паничиш. Ај ако не да се скриеме во пештера и да не излегуваме. :D
     
    На Biljarkata, Cherry333, Tan4ence и 14 други им се допаѓа ова.
  8. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    @Lianna Anna работна навика, основа, навика за седење во клупа 4 5часа. Однесување во одделенска заедница, почит кон учителката и многу други работи се учат во школо. И џабе ќе се расправаме тука, еве син ми.ми го дава најискрениот одговор. Кога му кажав дека можеби нема да одат на школо рече нееее, не сакам да учам од дома. Зошто му викам? Затоа што треба да пишувам училишна и домашна ми вика. Па ок му велам и на школо пишуваш па после пишуваш дома. Еп мамо вели затоа е училишна за да се пишува таму :). 10год ќе прави уште малку, знае да работи на компјутер ок си е се. Ама ете како размислува тој. Е сега дали дека јас го терав да се однесува како да е во школо 40мин имаше час дома мој :) или нешто друго е не знам. Никој не вели да ги пуштиме децата да се заразат ама и вака нема да ја бива за долго.
     
    На Бисерка-С, katalina, tina2018 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    35.954
    Касни на 5 и пол години? Не би рекла...
    Децата учат брзо. Ќе се снајде. Фрустрацијата на родителот е голема. И ќерка ми читаше, пишуваше и на чет седеше на 4 и пол со баба и и комшивките ќе паднеа во несвест дека толку мало дете пишува пораки со баба, ама не мислам ниту па стварно е ќерка ми подобра од другите ради тоа
     
    На Biljarkata, candy.cane, Pelargonium и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    :rofl: Ме изнасмеа да знаеш. Значи да си го запишам првачето во приватно школо, пошто овие од државниве појма немаат од компјутери. Можда автоматски добиваат апгрејд на мозокот па освен што знаат компјутери, се чуваат сами и слушаат сами онлајн настава на 6 години :)
    Што да ти кажам освен дека детето ти е гение ;)
     
    На ElenaOfRivendell, duffi, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    На SummerGirl, JoyJoy и supergirlmb им се допаѓа ова.
  12. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    На duffi, Kitten, kukla21 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Абе мене ми требаше време тоа зумот да го научам на 20 години, не па на дете од 7.
    Друго...
    На предмети како математика некогаш мора да дојде наставникот до тебе да види кај си згрешил во решавање. И ти сега земај телефонот па сликај, па праќај, а сите платформи немаат опција да пратиш слика. И он разгледува и ни сам не може да ти појасни што да направиш ако не ти покаже директно. А да му рецитираш задача па малце потешко. Особено геометрија на пример.

    А таму каде што родители се наставници? Дали да предава на деца од негов клас или да му помага на детето дома.

    Не заборавајте и дека дете од 8 години не знае толку солидно англиски за да се снајде со сѐ на компјутер.
    Единствено кај поголеми деца и средношколци е олеснето макар и таму би имало проблем ако се повеќе деца на еден компјутер.
     
    На Kitten, Ева33, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  14. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.106
    Допаѓања:
    5.286
    Пол:
    Женски
    Не е исто наставникот да го учи едно прваче да пишува и чита во училиште, и истото да го прави од дома на камера. Некои родители се по цел ден на работа, и не можат доволно да работаат со детето дома. За поголемите деца ајде океј, ама за најмалите дечиња, или за нас студентите, што имаме практични предмети кои ни се есенцијални за струката, не е баш баш изводливо.
     
    На Kitten, SummerGirl, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Нема дете кое не може да научи основи на работа со компјутер и основи на англискиот до 5 и пол години.
    Има родители кои им бранат на децата да користат компјутери, и смарт апарати, затоа не научиле.
     
  16. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Сметам дека е прерано, сепак. Според мене па е претеризам да си го закачиш детето на телефон/таблет/компјутер уште толку мало. :worried:
     
    На Regina.Phalange, kukla21, christinnn и 2 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    За некои е, за некои не е.
    Ионака можеш да регулираш кон какви содржини ќе има пристап.
     
  18. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Повеќе ми е заради тоа што тоа дете ќе сака повеќе време со тој уред да поминува отколку со други деца и други подобри активности. Имам голем број примери околу мене..
     
    На Regina.Phalange, azelea и Biljarkata им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Секако.
    Затоа ќе регулираш колку време е пред компјутер/смарт телефон, а колку време се дружи со други деца и се занимава со други активности.

    До кај 5-6 години повеќето само јутјуб ги интересира... цртани да си пуштат.
    Од тоа што го гледам околу мене.
     
    На tinka-mace, ElenaOfRivendell и candy.cane им се допаѓа ова.
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Знам како ме боли глава и очи и едвај чекам да се фрлам во кревет кога цел ден ми е поминат пред компјутер правејќи некоја семинарска.
    А кај мало дете бетер.
    Луѓе ај не зезајте.
    Колку и да ни изгледа едноставна работата на компјутер, навикнати сме ние. На дете ќе му треба повеќе време. На таа возраст знаев да пуштам компјутер и да најдам игри оние што беа Pinball, Solitaire, и играв. Друго ништо.
    Не е само кликни ово и оно. Да знае каде да прочепка ако настане проблем па апликацијата ќе бара апдејт па да знае и тоа што значи.
    И меил да прати и провери и све.
    Па да не закачи и некој вирус.
    Ова го може дете од 7-8 години?
     
    На Regina.Phalange, Kitten, kukla21 и 8 други им се допаѓа ова.