Не. Затоа имаат родители. Тие ќе испратат ако треба нешто. А за следење настава, доволно е само да се вклучат на наставата. Стави им ја иконата на десктоп и испрати го во 10ч (карикирам), да се уклучат. Наредните 4-5 саати, со паузи, како што е одмор на школо, наставникот ќе се занимава со нив и ќе им предава. Доволно е да работат она што се предава на час. Небитно дали е онлајн, или офлајн.
Тука му е местото на ова https://off.net.mk/off-cafe/vo-kovid-ekonomija-mozhesh-ili-da-imash-rabota-ili-dete-dvete-ne Во Ковид-19 економија, дозволено ти е да имаш или само дете, ИЛИ само работа. Истите маки и во Њујорк. И дури не ни праат муабет за тотална онлајн настава. Се прашувам зошто?
Оти Трамп им е претседател и форсира враќање 'во нормала' и покрај предупредувањата од сите светски експерти. Оф-нет ич не го коментирам. Трендо е е шовинистичка свиња која не заслужува секунда потрошено време на него.
Аман сега, знам, ама ај да го прескокнеме медиумот. Го постирав линкот дека е текстот преведен на македонски, има линк до оригиналниот текст. Значи настрана тоа, пишува жена. За Њујорк тајмс. Знам дека УС и со и без Трамп се страшно ,,робовладетелски,, или модерно наречени либерал-капитални и дека и без ковид жените неретко мора да бираат или семејство или работа, ама па и МК ми се чини постојано се амбицира да го следи тој мајндсет. Поентата беше дека не е секогаш до дај им компјутер на децата и нека шибаат, не е само до компјутерот.
Се согласувам дека не е само до компјутерот. Добра беше мерката за ослободување на родител кој има дете помало од 10 години. Оној работодавец кој не го почитува, да се казнува.
Ама не може така во недоглед нели? До кога така, до 2022? Кој е тој некој што ќе ме плаќа 2 години за јас да гледам дете? Значи родителот, во 99% случаи мајката, може да бира работа или дете. Или има некоја опција која јас не ја гледам?
Додека не најдат лек и/или вакцина. Мислам дека тоа и се подразбира, а и веќе го утврдивме и на темава.
Државата ќе им исплаќа барем минимална плата. Ќе напраат прераспеделба на буџетот, скалести даноци, додатни даноци на профит и дивиденди, исто скалести.... итн итн И то го пишав мислам... ако не овде, тогаш во избришаните на 40ка. Сигурно има и други начини, и сега вие ќе предложите
Ова е мислење од главната тема за Корона. Дали мислите дека е изводливо секој клас да се подели на 2 или 3 групи и да ротираат? Во меѓувреме, може тие што ќе се дома да ја пратат наставата онлајн додека наставникот/професорот им предава на тие што се присутни? Еден предмет така го научив, гледав видеа на YouTube снимени за време на предавање и дури и интеракцијата меѓу професорот и студентите беше снимено.
И сметаш дека родителите сите ќе си ги вакцинираат децата? Ај да се лажеме. Има родители што уште се плашат од Мрп и не ги вакцинираат а не пак од ковид вакцина на која ќе ѝ треба неколку години за да ги видиме нус појавите. Еве јас прва ќе кажам дека не вакцинирам дете со таква вакцина.
Aко добро се обмисли испланира овозможат услови се може. Тоа со снимањето на часовите може е возможно кај студентите а во основно потешко.За помалите само физичка настава со скратена програма и во помали групи би имала ефект.
Ама така ќе треба да се прави скроз нова програма и концепт. А вака пример, родителот ќе изостанува од работа таа недела кога детето ќе е дома. Ем ќе оди колку толку во училиште ем родителот нема да заостанува со работата. Ова само како размислување ми е, не велам дека вака треба или дека 100% може. @WildMk а за вакво нешто што мислиш?
Ме немаше долго по форумов, и што ќе видам, тема имало за која сум засегната од аспект на професор... Без да ги читам претходните коментари, само ќе го кажам својот став кој веќе ми е јавно споделен... Голем дел од децава и во нормални услови се како избркани од домa, доаѓаат во школо пола саат-саат пред настава, а по часови седат по цел ден во дневен престој ако веќе не се во целодневна. Не навлегувам во поединечни случаи, ама во многу семејства едноставно нема кој да го чува детето дури се родителите на работа, мислам дека тоа е една од главните причини што некои родители инсистираат да има класична настава од септември. Факт е дека како професори подобри и поверодостојни резултати постигнуваме во училиште, но во ситуацијата апсолутно тврдам дека училиштата не се доволно безбедни и се не само потенцијален, туку сигурен извор на зараза. Не се сложувам ни со оние глупости два дена во училиште, три дома, ние професорите сме секој ден истите и ние ќе бидеме тие што ќе го пренесат вирусот. Знаењата се надградуваат и стекнуваат цел живот, но здравјето и човечките животи се бесценети.
Бев запознаена со обуките кои се вршеа на професорите и наставниците за онлајн настава и можам слободно да кажам дека во најголем процент нашиот систем за тоа не е спремен. Најпрвин самиот кадар во најголем дел не е компјутерски писмен, освен за користење ФБ, со чест на исклучоците. Понатаму, не секој има доволно стабилна интернет конекција, а тука е и проблемот со тоа што во едно домаќинство секое дете нема сопствен компјутер, па можам да замислам дека настанува хаос кај родителите. Од друга страна, искрено не ги сметам за оштетени премногу учениците со онлајн наставата, од проста причина што образованието и така ни е на прилично ниско ниво. Не сметам дека учениците би добиле поголемо знаење на часови, знаејќи дека добар дел од професорите немаат основна методологија на работа, и наставата се одвива на принцип препишување или прераскажување на учебник. Повторувам, со чест на исклучоците, има мал дел професори кои се навистина посветени. Другото се сведува на тоа колку самото дете ќе вложи и во нормални услови. Така што искрено не знам колку вреди враќањето на училиште од образовен аспект, во моменталната ситуација. Може до септември истата да се смени. Иако разбирам дека онлајн наставата е навистина голем предизвик за организирање кај родителите и наставниците.
Во основните училишта немало обука за онлајн настава. Не сме подготвени и немаме знаења од програмите и разните алатки за креирање на онлајн содржини, тестови и сл., не сме обучени за тоа, не сме компетентни и сходно на тоа, никој нема ни право да го бара тоа од нас, затоа се што правиме е чиста импровизација и индивидуална добра волја. Кога Мон и Бро би си ја сработиле работата и би не обучиле, би можеле и тие и родителите да очекуваат нешто повеќе, вака испаѓа како да се бара од нас да возиме авион со најобична возачка дозвола.
Се согласувам дека целата работа е комплетна импровизација. Алатката сама по себе е сосема солидна, може навистина фино да се држат преку неа часови, тестирања, се што е потребно за далечинско учење. Ајде овие месеци март-јуни минаа, навистина краток период за да може да се постави систем, не ми е јасно зошто не се користи летниот распуст за да се имплементира далечинско учење? Или во септември ќе му ја мислат? Апсолутно се согласувам, институциите треба да си го сработат своето.
Јас сум за воошто да не одат. Ама ако нема кој да им ги чува... мора некако да им се овозможи на еден родител да отсуствува платено од работа. ФИНКИ има платформа која веќе ја имаат користено и им ја понудија да им ја инсталираат и да го обучат наставниот кадар... бесплатно. Што се чека? Немаме влада... Во вакуум сме. Башка политичките препукувања ...
Да имаат скоро сите факултети веќе, а на ФИНКИ (а и пред ФИНКИ) на информатика се користеа онлајн платформи, па не е нешто ново. Јас колку што знам тргнаа со Microsoft Teams Education за училиштата, но не сум 100% сигурна. Без разлика која и да ја одбереа, мислам дека можеа да го искористат распустот за да биде се спремно од септември. И најобичната платформа што има само видео повик и закачување на материјали ќе завршеше работа, тестирања има мал милион платформи преку кои може да се вршат. Без разлика на изборите, институции треба да функционираат непречено. Ама јасно е дека кај нас тоа малку потешко. Можеа да се решат и другите проблеми, конекции, смени за децата да можат ист компјутер да користат и да се изнајде решение што барем ќе олесни дел од проблемот. Ама кај нас ќе се чека септември па да сме затекнати како Македонија Пат од снегот во јануари.