Онлајн настава

Дискусија во 'Коронавирус' започната од referentka, 29 јуни 2020.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    :D
    Одлично го долови проблемот :D
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    Па они се најзатекната институција, секоја година се изненадени :D

    И да се дополнам, не знам дали имаме тука ученици/родители со кои некој разговарал за тоа што се потешкотиите? Наставниците некој ги има анкетирано воопшто? Јас проблемите ги знам од што имам блиски кои ми пренесуваат, но за воопшто било што да се решава треба да се идентификуваат проблемите прво, а кај нас се сомневам и тоа дека е направено. Ако е, тогаш барем за тоа браво да кажеме.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Ќерка ми заврши 8мо одделение, проблемот беше што од 12 предмети, само еден наставник им држеше редовно предавања.
    Останатите не се појавија воопшто, освен што им испраќаа материјали за учење, домашни и тестови - кои дома ги решаваа без уклучена камера и микрофон.

    Во превод, воопшто не работеа.
     
    На andrejko82, GirlLove, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.406
    Допаѓања:
    16.797
    И за тоа не треба да земаат плата и под итно да им се даде отказ.
     
    На azelea, Celltica и WildMk им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Баш така!
    Има еден куп млади кои знаат да работат со компјутери, а ако не знаат, се желни да научат.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    Апсолутно ми е јасно. И сега нема механизам како ова вие да го пренесете на релевантни институции, ни па нешто ќе се преземе ако реагирате освен што ќе си го навлечете гневот на наставниците. Нема систем на санкции пред се.

    А верувам и наставниците кои се трудат се соочуваат со потешкотии.

    Јас знам за праќање материјали на ФБ и Вибер, тоа е катастрофа. На толку алатки денес навистина зборува за компјутерската неписменост генерално. Што ако родителите не сакаат да користат социјални мрежи?
     
    На azelea и WildMk им се допаѓа ова.
  7. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.406
    Допаѓања:
    16.797
    Да ве известам дека добив 8000,00 ден -плата за месец јуни,пола осигурана
    Ако и ова продолжи вака од септември напуштам работа под итно.
    Сеа газдава ни дава по час, два колку да имаме.
     
    На WildMk и Celltica им се допаѓа ова.
  8. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.018
    Пол:
    Женски
    Од МОН рекоа дека секоја општина сама треба да организира начин на спроведување онлајн настава, од општината до секое училиште испратија допис дека самото треба да организира онлајн настава, училиштето ни кажа секој сам да ја осмисли онлајн наставата, и така...
    Па добивме oд држење часови на zoom, преку споделување видео содржини и онлајн вежби, до напатствија од типот- за овој месец еве ви ги содржините па вие читајте си низ учебникот кога сакате, на крај ќе ви пратам тест.
    Без јасно усогласен став и обуки ништо не правиме...
    Периодов (15 јули-15 август) користиме колективен годишен одмор, за време на годишен одмор законски не смее да бара некој од нас било каква работна ангажираност.
    Можеби почнале со обуки за некоја платформа, ама на ниво на обучувачи кои по враќање на работа ќе треба да не обучат и нас поединечно.
    Беше направена анкета за тоа дали и колку располагаме и ние и учениците со компјутери и пристап до интернет, ама освен анкета ништо друго немаше. Има некои најави дека ќе ни дадат службени лаптопи, а исто ќе добијат и учениците кои немаат, ама останува да видиме. За волја на вистината, и не сум должна од свој џеб да купувам средство за работа.
     
    На Kitten, noteforself, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Секако дека не си.
    Тоа исто како да си метало-стругар, и фирмата да ти побара струг од 1000 евра да купиш
     
    На LollySky и Celltica им се допаѓа ова.
  10. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.939
    Допаѓања:
    60.797
    Пол:
    Женски
    исто, со мала разлика што 12 од 12 не држеа предавање само се праќаа материјали и тетсови се држеа во одредено закажано време.

    точно, зошто би купувала, треба да обезбедат..

    А што мислите за она пола пола да одат децата? да има по 10-12 деца во одделени, едни една недела, другите друга недела??? @LollySky ?? би можело нешто такво да се организира?
     
    На LollySky и WildMk им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Не знам колку ќе можат да ги допазат на одмори, по ходници, па јадењето, па во вц, па по двор..
    Треба цело време да има некој до нив присутен и да ги потсетува.

    Малите оти се мали, поголемите, оти мислат дека се големи (за основно зборувам).

    Така мислам...
     
    На andrejko82 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.939
    Допаѓања:
    60.797
    Пол:
    Женски
    тоа да..не е само часот, ко час...одморите се проблем каде интензивно се заедно...незнам ..
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sleepy

    Sleepy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2014
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    321
    Пол:
    Женски
    И останатите што не се појавиле, а им праќале материјали на децата си ја завршиле работата, според МОН.
    Можам да ви пратам допис од МОН каде што за одржана настава се смета и онаа како горе наведената.
    Во случајов најмногу потфрлија институциите. Немаше никаков план или упатство како да се изведува онлајн наставата.
    Сите ние што држевме часови преку zoom или microsoft teams, го правевме тоа самоволно.
    За начинот на изведување на наставата немаше никаква контрола и заинтересираност, ни од МОН ни од БРО.
     
    На Kitten, GirlLove, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Епа затоа сега би било разумно, да ја бојкотираме сите наставата... и родителите, и наставниците, додека власта (која и да биде), не си го реши проблемот соодветно.

    Ние ги бираме, ние можеме да ги смениме.
     
    На Kitten, GirlLove и azelea им се допаѓа ова.
  15. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.018
    Пол:
    Женски
    @andrejko82 , неизводливо е од причина што ние како наставници сме истите, на пример ако закачиме вирус од едно дете, ќе го разнесеме во сите одделенија каде предаваме, па другата недела на тие деца што не биле претходната недела, и така... Не може да се запази хигиената до степен на потполна дезинфекција на училници, ходници, тоалети, кваки на врати, клупи, столчиња, спортска опрема...
    Знаејќи ги нашиве деца, повеќето од нив носат униформа само на час, на одмори се соблекуваат, па истото ќе го прават и со маските, ќе ги носат пред нас а само што ќе бидат без надзор ќе ги тргаат. Се гушкаат, бакнуваат, си позајмуваат училишен прибор, играат надвор, кога не ги пуштаме надвор беснеат низ училница...
    Ако часовите се скратени и без одмори, би добиле непрекинат час што трае три саати, се менуваат само предавачите. Во тој случај невозможно е да се задржи вниманието и концентрацијата на учениците, со класична настава веќе се уморни на последните часови, а не пак ако немаат одмори.
    Мене би ми било многу полесно да држам часови на училиште, ќе можам индивидуално да гледам кој што работи и колку сфатил, дали сам пишува вежби и домашно, препишува или родителите му пишуваат и сл. Ама од епидемиолошки аспект, побезбедно е онлајн настава, ама вистинска ефективна онлајн настава а не импровизација колку да се каже дека имало настава.
     
    На neno0o, ElenaOfRivendell, Kitten и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    61.068
    Од фебруар/март изигрувам наставник ( 3.одд оосновна) само ни испратат наставна програма за одреден ден, листови за принтање и ти снаоѓај се. Ај јас што се впрегнав, бев дома, па си го организирав времето секој ден за да учиме, а да одам на работа плус, многу тешко.
    Знам многу деца коишто пропуштиле многу, едноставно родителите не можеле да ги натераат редовно да пишуваат и следат програма, или не сакале, или од други причини, сметам дека децата изгубиле.
    А како ќе е тек со првачиња годинава? Воопшто ме сакам ни да помислам како тие и нивните родители ќе влезат во шема.
    Од друга страна во странство практикуваат хоумскулинг, може и ние да ги гледаме бенифитите од тоа, секој родител се посветува најдобро што може, за своето дете работиш, тоа ми мене и беше мислата цело време мада ми беше и фрустрирачки секој ден да глумам наставник, додека тој што треба да му е наставник од дома само стисне "испрати фајл".
    И ова ми доаѓаше наметнато, друго да е избор и самата да се оддлучев за хоумскулинг.
    Ако би било овака како што поминавме последните месеци, тогаш одговорот би бил: Не, не сум за онлајн настава.
     
    На Sejfullai, kukla21, ElenaOfRivendell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.254
    Допаѓања:
    118.927
    Пол:
    Женски
    - Кој ќе ги чува децата ако не одат на школо?
    - Ако имам две деца на возраст од 7 и 9 год, значи ли тоа дека ќе ми требаат два лаптопи за да можат децата да пратат настава?
    - Дали родителите ќе земаат пола плата на наставник?
     
    На raww, Biljarkata, Sejfullai и 4 други им се допаѓа ова.
  18. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.300
    Допаѓања:
    278.214
    Пол:
    Женски
    За да вооппто почне да се планира задолжителна онлајн настава МОРА на СЕКОЕ дете па и на наставниците да им се обезбеди техничка опрема(лаптоп и интернет)И техничка подршка за да се снајдат на тие платформи.Е тек тогаш може да се зборува за онлајн настава.
    Се друго ќе биде импровизација и хаос поголем од ланскиот.
    А тоа е нормално неизводливо во нашата сиромашна земја која наместо во образованието инвестира во кампањи и повеќе се грижи за угостителите отколку за учениците.
     
    На Sejfullai, azelea, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    Не мора лаптоп, може и од телефон да се следат предавања и да се полага, конкретно еве на Microsoft teams платформата. :)
    Пола студенти така полагаа. Не е ништо невозможно.
    А телефон денес и деца од 4г имаат, не па деца во школите. Со многу ретки исклучоци.
     
    На raww, MrenaRiba, BlackMistery и 4 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Затоа наставниците ќе мораат да предаваат.
    Нема изговор за тоа да не се вклучат и да не одржат час.
    Не ми е гајле што им рекол МОН, нивната задача е да одржуваат часови.

    Ако не им се допаѓа идејата, нема ни плата да земаат.
    Реков, пролетва толериравме, оти ај, ново им е, 'збунети' се.
    Сега нема простор за 'збунети'. Ако не предава, го пријавувам, и го посочувам на групниот чат конкретниот наставник дека не работи со децата и за ку*о здравје зема плата.

    Не дозволувајте да ви префрлаат обврски кои не се ваши, ами нивни.
    Плус платени се со наши пари да го работат тоа.
     
    На noteforself, azelea, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.