Зошто би го пренеле ако се придржувате на протоколи?! Маска нон стоп, правилно поставена, визири, хигиена, чистење, дезинфекција, проветрување,децата со маски, визири, без групирања, игри и слично... Цел свет градинки отвори и може да контролира деца од по 2 години, само кај нас не може.. Не мора кафе да се пие со колешки, да се собира во канцеларија, сопчиња и слично. Во 21 век едно школо нема сапун и тоалет ако не донесат учениците секој месец. Зборуваме ние после за безбедносни протоколи.
Децата ќе седат по 5 саати + на школо со визири? Не сфаќам зошто, кога имаме алатки и технологија, да не ја искористиме? Не видов ни една валидна причина за истото освен: Не е исто. Не е исто на школо учење и дома. Ама има пандемија. Вонредна е ситуацијава, не перманентна.
Зошто генерално има отпор кон се што е ново. А со чест на исклучоците, од мое искуство, наставниците јас дури учев беа прилично инертни кон промени. Дури и учебник кога ќе се сменеше, од стариот предаваа.
Само си барате изговори. Па зар во животот не сте го прашале вашето дете што учеле на школо или не сте му помогнале да напише домашно. Нема ден а моите да не ме прашале што сме учеле денес и да седнат да ми објаснат и да ми помогнат со домашното. Разбирам за пракса ама теорија јас никогаш не успеав да научам во школо се, океј е ти објасни учителка/професорка ама заслужни за моето знаење се мајка ми и татко ми кои ме тераа да учам и ми помагаа, а не учителката. Зар навистина сте толку уморни за своето дете? Таа учителка во нормални услови не се посветува на сите 25 деца во класот а не сега. Да ќе фали дружење, социјализација и не е скроз исто учителката да му објасни преку компјутер ама родителот е тој кој треба да го турката детето да учи да му помага. Како помала учителката и има кажано на мајка ми дека таа е таму да објасни на цел клас ама ако родителот дома не се потруди и не го тера детето да учи и дома е џабе. Навиката за учење се створа ДОМА
Тој што не носел визир непрекинато неколку часа по ред, не знае колку боли глава. Едно е 20 минути да го носиш, ама 5+ часа без прекин ќе резултира со глад за воздух, пад на концентрација, и главоболка во останатиот дел од денот. Тешко е за возрасен, камоли за дете. Деца со визири тешко. Верувам дека наставата пак ќе биде онлајн од септември, пошто немаме способни кадри за да осмислат како најбезбедно би се одвивала во училиштата кои не се прилагодени за тоа. Да се вложуваше малку повеќе во училиштата, нивно реновирање и опремување, соодветен персонал, немаше да имаме проблеми. Ама сето реновирање и обновување што се направи беше површно само колку да замачка очи. Пандемијава само докажа колку е трул целокупниот систем во државава и кои се приоритетите на власта. Не дека не знаевме претходно, ама во вакви ситуации ептен избива на површина. Учебната година што требаше да биде од септември, секако е изгубена, не ја сметајте. Оти настрана коронава, големи кризи не' очекуваат, ни војна не е исклучена. На крај навистина ќе биде, кој ќе преживее ќе раскажува. Во принцип сум оптимист, ама не гледам некое позитивно решение како излез од ситуацијава.
Да ама учителот/професорот е платен да држи онлајн часови.Настава може да се следи и од телефон. Наставниците се тие кои треба да ја предадат лекција на било кој начин, а родителот е тој што треба да го натера детето да учи, да му створи навика и да му помогне со потешкотиите. Учениците ги мутираат професорите на телефоните кое е потполно исто со седење на час на телефон, тоа е до детето.
Не сум уморна да му помагам на детето. Уморна (ќе) сум ако треба да ја работам работата на некој друг. И не, не треба да е МОЈ проблем да се снаоѓам за детето во време на пандемија. Треба да ми е обезбедено тоа. Нејќе да клапнеш во фотелја во Бирото за развој на образованието и во МОН и да мудруваш како некој да се снајде
Како не треба да е ТВОЈ проблем за ТВОЕ дете? Никој не сака да е ваква ситуацијата и да има пандемија но сепак има и мора да се прилагодуваме на новото денес и новото утре ти сакала или не сакала сите се снаоѓаат како што знаат. Што сакаш да ти гарантираат дека детето нема да се зарази во училиште?
Немаш деца така што не знам зошто објаснуваш дека било лесно или тешко кога немаш искуство да увидиш дали било лесно или тешко.
Јас го гледам од моја перспектива и имам право да кажам свое мислење. А чекај што реков дека е лесно а што тешко? Никаде не употребив таков збор ама вие читате како што ви одговара Единствено што кажав е да не се посветиле моите на мене никогаш немаше да створам навика за учење
Твое е детето, ама предавањето е задача на наставниците. Родителот треба да е тука за помош со домашни и спремање за тестови, ама не цели лекции да предавам јас, а некоја си онаму, без работа да зема плата.
Стануваат мрзливи дома, на школо барем нешто може и да научат. Дома мајките им ги пишуваат домашните, а тие лежат на тел или таблет или комп. И што ќе биде од нив?
Тоа не спорам сосеам си во право само читајќи ги многу родители тука добив впечаток дека се чекаат од учителката дека таа е должна да го научи се детето во школо и не сакаат да мрднат со прст за детето дома и не сакаат да им изиграваат учители на детето затоа што за тоа е тука учителката, можеби и грешам но таков впечаток добив. Затоа и беше тоа што напишав.
Ти неможеш да кажуваш од твоја перспектива кога не си мало дете туку можеш доволно си голема за сама да се чуваш дома. Уште помалку можеш да кажуваш пошо не си родител на мало дете. Браво за твоите родители, 3 пати потенцира колку те сакале и колку се посветиле на тебе. Ќе им дадеме награда за најдобри родители. Едно е да кажеш мислење, друго е да солиш памет дека родителите не си ги сакале децата, уморни биле за своите деца. Секој родител си го сака своето дете. Не секој родител може да се прилагоди на ситуацијава со пандемија. Не збориме за странство некаде некое грижливо општество, збориме за македонија, земја на врски и закани.
Па не сакам да изигравам учителка де. Нема ништо погрешно во тоа. Да си родител не значи дека си наставник по секоја наставна содржина на детето. Не знам зошто го кажуваш тоа ко да е нешто лошо. Затоа постојат школи, за да не изигравам наставничка. И не планирам да се осеќам виновна за тоа ич
Таман работа да им треба награда, поврозрасна си од мене а мешаш мајки шајки не знам што да ти кажам што паѓаш на тоа ниво барем имам култура. Само кажав мое лично мислење дека знаењето и навиката на едно дете (вклучувајќи ме и мене) не се створа само во школо. Ама не се разбираме. Јас на никој не солам памет туку изнесувам мое лично гледање и не мора да биде истото како твое. Не мора да имам дете за да знам што ја сум поминала у 5то одделение. Не ме цитирај повеќе не се разбираме и тоа е тоа. Јас на никој не наредив ни па солев памет како да биде НАЈродител . Не мора до толку да го доживуваш формуот ако некој има различно од твоето мислење
Мислам дека повеќе од јасно е дека проблемот е системски, а не во поединци, дали наставници или родители. Како што пиша погоре членката, исплива се што било труло со години. На страна на професорот, кај што нема систем на казна и награда, а има систем на наши/ваши луѓе, секогаш ќе има наставници што нема да се трудат, а што е пострашно овие што се трудат нема да можат да дојдат до израз од нив. Членката спомна, не се појавувале наставниците на онлајн настава. Јас искрено не верувам дека истите тие се од голема корист и лично кога држат настава. Од друга страна родителите се затекнати со ситуацијата на повеќе нивоа - работа, едукација на децата, снаоѓање со новата ситуација. Како и да е за свое дете би направила се, колку и да не е мој проблем, зошто пред се, моето дете ќе ги сноси последиците, а не некое друго. Не ми е намерата да спорам со родителите, знам дека секој си има свој пристап. Само сметам дека образованието ни е на толку лошо ниво што и во нормални услови би сакала да знам што учи тоа дете и што прави во школо.
Само набројав работи - маска е сосема доволна. Не биди буквалиста и контраш. СИтуацијава е каква што е и соодветно треба да се донесат мерки.