Затоа се зачленив на форумов, да разменам мислења. Тебе ако ти личи на контрање, не знам шо да речам... И ми се смачи искрено да го објаснувам ова. Прескокнувајте ме пи*ка му матер.
Идеш до крајности, уште па и убедуваше членка дека детето на 2 години треба да знае да користи компјутер. Се од инат и колку да бидеш против. Па те скокам во секоја тема искрено, ама веќе кога ме цитираше да ти одговорам соодветно.
Од искуство кажувам. Сите деца околу мене, од моментот кога фатија мобилни/компјутери/таблети, знаеа да се снајдат со основните 'команди'. Исклучат, уклучат, играат игри, одбираат видеа на јутјуб. Шо требаше да пишам? Дека не е можно на 2 години дете да укулучи и исклучи програма? Само колку да не ви личи дека 'се контрам'? Тоа е она што се бара и со онлајн наставата, во основа. Да уклучат и исклучат програма.
Да - тоа се бара од нив. Да гледаат јутуб видеа и игрици да играат. На драјв фајлови да симнуваат, да се логираат на посебни страни и слично, да даунолдираат материјали не треба. Глупости. Биди поздравена.
Реков. Даунлодирањето можеме ние, како родители да го направиме. 2 минути работа. Даунлодирај, отвори му го фајлот, и дај му да го работи. Исто како што посветуваш време за домашна после редовна настава. Или не го правиш тоа?
Јас како засегната од ова сум ПРОТИВ. Наставата е далеку од квалитетна иако учам во приватно училиште. Вистина е дека секој ден имавме онлајн настава со приклучени камери, тестови правевме исто со камери. Колку и да се посвети професорот не може доволно добро да објасни. А мене, како успешен ученик, многу ми сметаат цепките. Не сакам да имам голем пропуст во образованието вака. Ајде тоа, спомнав тестови правевме со камера која беше вперена во нас, во екранот, во температурата итн итн пак некои ученици се снаоѓаа и тоа се забележуваше по оценките. Не сум задоволна од типот на тестот (прашање по прашање, а не цел тест и да одбериш од ко прашање ќе почниш) и третирањето така на сите исто иако професорите беа свесни кој колку знае. Е сега навистина има ризик да се вратиме во училниците, но не знам што да кажам тука. Ете хигиената во моето училиште е на ниво, ама свесна сум за другите училишта. Сепак најмногу е до нас самите и до нашата свесност за ситуацијата. Јас сум за да се вратам во школската клупа покрај ризиците, бидејќи психички не можам да го доживувам истото како изминатите неколку месеци. Не станува збор за недела-две, туку за навистина многу подолг период. Вака морав да седам затворена дома, а за на училиште тотално менвам средина. Ова е уште една причина. И ако приметиме во многу држави одамна почна да се одвива нормална настава. Да, многу понапред се навистина. Но и кај нас може да се превземи нешто од типот меѓу клупите да има пластики (не знам како се викаат) како тие во Кина и слично.
Ќе даунлодираш фајл ако си дома. Ако се двајцата на работа, тогаш детето само треба да учи. Не сме толку прогресивни , да не се занесуваме. Факт е дека има деца кои знааат и умеат, ама современата медицина како препорачува децата да се држат подалеку од техника ради здравје (кичма, очи, рбет) и од паметни телефони, свесно ги анимираме децата со други работи за да не ,,висат,, на мобилни и лаптопи. Се ставам во ситуација , прваче да седи пред лап топ и 30 минути да му држиш лекција за буквата А. Нема интеракција, нема макс внимание. Ни на час неможеш да очекуваш да седи 30 минути и да ја слуша учителката, ама дома седнато па ИЧ. Немаме услови за ваков вид на образование. Ниту наставниците (секоја чест на помладите и прогресивните) ниту децата (првачињата, па и вторачињата) ниту родителите се спремни за вакво нешто. Освен средношколците и факултетите, мислам дека за другите ќе е голем зијан ваквата настава.
Да. Мислев 30 минути час по Македонски и пишување. Ќе седи пред лаптоп и ќе слуша САМО ако ја притискам и седам позади неа за да седи мирна За една недела таква одбивност према училиште ќе им створиме
Да. Какви се денешниве деца хиперактивни, со омилен цртан не седат пола саат не камоли некој да им предава
Ова не се изговори на родителите туку реален проблем. Наставниците онлајн само ја предаваат лекцијата 20 мин а каде е интеракцијата? Каде е активната настава? Наставникот пробува да развие дискусија, пола од нив исклучиле камери, две третини исклучиле и микрофони, и одговараат само двајца-тројца. Другите зеваат во плафон! И што може наставникот од далечина? Неможе ни да го исконтролира дали е на час, а камо ли дали го регистрира тоа што го слуша, неможе да му ѕирне во тетратка дали нешто напишал, неможе да го "дигне" на крај на час за да се сумира наученото... И после зошто родителите изигравале наставници. Како прво детето не ја ни проследило лекцијата ко што треба, па родителот мора да отвори книга да му ја разјасни, за да може да прејде на наредно ниво-пишување домашни. Неможе од мало дете, основец, да очекуваме дека сѐ научил гледајќи во монитор па после родителот само да седне со него за домашната. Неможе да се спореди тоа што го прават родителите во нормални услови, при нормална настава, со ова сега што практично не е настава. Во врска со знаењето компјутери, некој убаво кажа, знаат основни копчиња, и колку да си уклучат јутјуб и игрица. Толку. Изненадена бев дури и деветтоодделенците што некои од нив не знаеја да си креираат и користат е-mail. Децата знаат само она што ги интересира. Дете до петто одделение незнае да креира ворд документ и да си го напише домашното, power point за нив е сајанс фикшн. Но затоа многу од наставниците бараа задачите да им бидат завршени преку овие две алатки. Ете затоа родителите се преоптеретени. Зашто ова вака не бива. Ние немаме адекватно образование уште од градинка каде се учат компјутери, но се сомневам и дека го има некаде во светот. Едноставно родителите се заглавени и без излез.
Дали сметаш дека училиштето е доволно безбедно, еве конкретно училиштето каде учи твоето дете знаејќи ги наставниците, хигиената, однесувањето на персоналот и учениците? Да дополнам, еве училиштето каде работиш? @referentka , @fana , ако сакате кажете го и вашето мислење конкретно размислувајќи од овој аспект
Ова е многу тажно и разочарувачки. Јас сум од генерација кога немавме компјутер дома воопшто дури бев во основно, па пак на школо информатика учевме и бевме со основите запознаени. Office или слични алатки за едитирање текст/табела е навистина срамота денешно време ученик од деветто одделение да нема елементарно познавање или да не знае да си креира е-mail адреса. Не станува тука збор на можности, зошто ако има можност да игра игрица или да гледа јутуб, има можност и да се описмени за користење на основни компјутерски алатки.
Врска неам какво е, сега ќе биде прваче. Но мојот став е дека можат да се изготват протоколи. Секаде можат да се спроведат. Моето шоло има две згради, на времето се работело и во три смени па така исто сметам дека има начин да се организира нставата и плус да се вработат и нови кадри, а постоечките ќе работат ако треба две смени со скратени часови.
Јас изгледа во некој друг свет сум одела во основно и во средно. На 2/15 предмети постеше таа "интеракција" меѓу професор и ученик. Најголемиот дел го учиш дома пак на интернет, дома ако можеа помагаа родителите и плус приватни професори.
Се сложувам со @poi скроз. Засегната сум, ова ќе ми е последна година во школските клупи и не сакам да ми пропадне така. Освен тоа, скроз ми е апсурдно сѐ, ама баш сѐ освен најбитните ствари, темелите - здравството и образованието да не функционираат. Катасторфа. Ко прво знам дека професорите нема да работат како што треба, и знам дека нема да бидат казнети ако не работат како што треба. Па и да работат како што треба, не заебавајте, знаеме сите дека не можеш 30 деца да исконтролираш преку компјутер. Јас сесии со психолог имам онлајн еднаш неделно по еден саат, па ми паѓа интернетот, па се губи сликата, па кочи, па не знам шо. И не функционира како што треба едноставно. Спомнавте 4г. Шо 4г кога ќе се потроши одма, за еден ден ако ги следи сите часови. Немаме сите пари за неограничен 4г. Не викам дека класичната настава ни беше нешто брилијантна, ама па беше далеку поефикасна од мејловите што ги добивавме со материјали. И да ете со некое чудо одлучат да ни држат настава по 6 саата преку камера, не секој може да издржи да зјапа во компјутер толку долго. Имам уплатено еден онлајн курс и искрено ми испаѓаат очиве и ме печат кога подолго ќе следам. Не е физички возможно. И да, нема да биде апсолутно никаква превенција да не се рашири Корона ако не се иде во школо. Сите знаете шо се дешава по парковите, у Охрид, сегде. Групи, групи. Во школо барем некаков ред и протокол може да се воспостави, задолжителни маски, по едно дете на клупа, еден клас поделен во две групи, скратени часови... Сѐ само не овој shitshow што се дешаваше од март. Бидејќи да бидам искрена, јас ништо не запамтив од тоа што сум учела од март до јуни, колку и да се трудев и на време да ги правев задачите. Еве стварно не се сеќавам. Пошто никој не ми го кажа и објасни тоа, никој не процени по мојот израз на фацата дали сфаќам или не, никој не ме праша ништо. А знам дека ќе биде така и од септември, затоа што професорите барем кај мене беа комлетно незаинтересирани. Класната цела недела сум ја молела да ми прати да видам што имам крајни оцени, еј. Друга професорка како што кажав буквално ја напушти групата што ја направивме со неа за да ни објасни што треба да се прави за еден битен краен проект. Ни А ни Б од неа не чувме, а битен предмет беше тоа. Сами на себе оставени, да бараме материјали од интернет и терминологии кои тек сега треба некој да ни ги објаснува. Така да, скроз сум против онлајн настава. Кога може кафичи и дискотеки, ресторани и кладилници, ќе може и школи. Основно човеково право кратење е ова.
Баш тоа го кажувам ама сите ми се нафрлаат дека детето во школо најубаво учело. Дојде професорот изрецитира лекција за 35 мин (секако 10 мин касни) и си излезе. Да се дополнам еве ќе дадам пример биологија. Да не беше youtube и сите анимации и видеа за работење на човекови органи ја никогаш немаше да научам од навиенито зборувањето на професорката. Секогаш ама баш секогаш дома биологија учев со телефон во рака
Се океј и се согласувам, само кажи ми тој професорот што проценува дали ти е јасно или не по фацата те гледа само тебе или сите 30 души во тие 45 минути? И на сите што ќе се замислат поединечно им објаснува? И потоа истото и во другите класови? Значи цел час малтене во дообјаснување ќе му помине. Сите професори го прават ова или еден само? Не ме сфаќај погрешно, ама ова скоро и неверојатно ми е дека стварно се случува.