Во тој случај тие што нема да пуштат деца во школо ќе ја изгубат годината. Не мора ни да те прашам, знам дека ќе одлучиш за твоето дете да изгуби година. А ако е толку одговорно дете не верувам дека ќе се зарази (колку грозно звучи ова "се зарази", а всушност може само да го добие вирусот, ниту да биде болна, ниту да го пренесе).
Хммм... Мора да проверам во законот дали може вака, по сите предмети. Колку ме држи сеќавање можеше до три предмети класен испит.
Не успеав да слушнам добро на вести попладнево, ќе подготвуваат протоколи за работата на училиштата. По се' изледа дека ќе се отворат, ме радува тоа, иако веќе одамна не сум ученичка, а и не сум лично засегната. Образованието не може и не треба да се одвива преку зјапање во монитор, социјализацијата е клучен аспект за правилен развој, а верувам дека има начин за наставата да се одвива безбедно, доволно е да се испланира навреме.
Јас имам инфо дека се чека да се усвои овој начин: една недела една половина деца одат на училиште ( по едно во клупа), додека останатите онлајн дома изучуваат, другата недела обратно. Мене ми е ок вака ако излезе за почеток.
Јас мм вака го разбрав, некоја од можностите е ова, школската година е валидна и ако има одработено 100 денови училишни, па од тука опција е да има настава септември и октомври, да паузираат 4-5 месеци, ноември до март, па да учат од март до јуни(или први јули).
И така не би било лошо. Таман да се изолираат за време на критичните месеци за сезонски грип. А во меѓувреме онлајн настава или не?
Мислам дека без онлајн настава во меѓувреме е ова, скратена програмата малку и набиена во 100 денови. Искрено, не дека не е релевантен изворот на мм, но многу опции кружат и мислам дека ни они не знаат сеуште како ќе тераат. Вака ова и мене ми делува ок, јас сум за се освен онлајн настава цела година.
Учениците ќе се вратат во училишните клупи. Со маски и вршејќи редовна дезинфекција на рацете и со часови кои ќе траат по 20 минути. Вака ќе се одвива наставата од септември. Ако една паралелка има поголем број ученици, тогаш ќе биде поделена во две групи, а наставата ќе ја држи истата наставничка. Ова е еден од начините на кој ќе се реализира учебната година од септември, вели заменик-министерката за образование, Елизабета Наумовска. Ако во некое одделение има деца со хронични болести, тогаш тие наставата ќе ја следат онлајн. Се разгледува можноста како да се реализира тоа. Другиот модел е комбиниран. Ова овозможува – во случај училиштата да немаат доволно простор, одделенијата да се поделат во две групи. Во тој случај наставата ќе биде комбинирана. Моделите нема да важат за целата држава. Ќе се дефинираат според општини и според стапката на заразеност од Ковид-19. Ова значи дека ако во една општина има мал број позитивни случаи на коронавирус и училишта со мал број ученици, тогаш наставата ќе се одржува во училиштата. Се изготвуваат протоколи и за средношколците, за патувања од еден во друг град и за сместување во интернати. Сите детали ќе бидат дефинирани в петок на состанокот меѓу претставниците на МОН и членовите на Комисијата за заразни болести. Сите одлуки ќе бидат донесени пред 15 август пред наставниците да се вратат од годишен одмор. Меѓу наставниците кружи информација – во школските клупи да се вратат и основците од прво до четврто одделение, а учениците од петто до деветто наставата да ја следат онлајн. Но, Наумовска овие наводи ги нарече шпекулации. https://tv21.tv/mk/uchenitsite-od-s...otsijalna-distantsa-chasot-ke-trae-20-minuti/ -------------------------------------------------- ЕДЕН МЕСЕЦ ПРЕД ВООБИЧАЕНИОТ ПОЧЕТОК НА УЧЕБНАТА ГОДИНА Еден месец пред вообичаениот почеток на учебната година, пандемијата на коронавирусот не стивнува поради што сѐ погласни се реакциите на родителите, кои велат дека нема да ги пуштат децата да одат на настава од први септември ако има одлука наставата да се одвива во физичко присуство. Тие бараат часовите да се одржуваат онлајн, бидејќи стравуваат за здравјето на своите деца. Велат дека ако заболат од вирусот, може лесно да го пренесат во домот во кој живеат и да разболат повозрасни членови на семејството кај кои исходот може да биде фатален. Сепак, во Министерството за образование и наука се децидни дека ќе има настава со физичко присуство. Елизабета Наумовска, заменик-министерката за образование, за „Нова Македонија“ информира за повеќе детали како ќе изгледа наставата. – Јас ги разбирам реакциите на некои родители, но не може да му се угоди на секој поединечно. Ние гледаме каков е ставот на мнозинството. Имаме модел за комбинирана настава што ќе биде применет. Ако ученикот оди на училиште и ги почитува сите мерки на безбедност, ако си ја носи маската и ги дезинфицира редовно рацете, тој ќе биде позаштитен во училиште одошто кога е во паркови и кафулиња. Многу деца се групираат во училишни дворови, во детски градинки без заштита и надзор на родители, така што училиштето е безбедно место ако се почитуваат правилата. Целиот свет функционира вака. Еве, на овој начин се во Бугарија – вели Наумовска. Ако има голем одмор, децата е тешко да се контролираат кога се во дворот, па затоа се размислува да нема одмор. Но затоа часовите ќе бидат скратени на половина, па ако работниот ден траел пет часа, сега ќе трае два и пол часа. – Ако наставниот час траел 40 минути, сега ќе трае 20. На училиште децата ќе бидат два и пол часа во текот на еден работен ден наместо пет. Подобро е учениците да се под надзор на наставниците одошто да се дома пред компјутери, таблети и телефони. Наставната програмата нема да биде скратена, туку ќе бидат селектирани целите за учење. Наставникот ќе има поинаков методолошки пристап, односно помалку ќе се предава на час, а на децата повеќе ќе им се дава да работат дома. На пример, ако за домашно досега им давале по пет задачи по математика, сега ќе им даваат по десет. Тоа време што се крати со физичко присуство, ќе биде зголемено со активности дома – информира заменик-министерката. Во групите на социјалните мрежи реакциите се однесуваат на дилеми во однос на тоа дека целото одделение ќе треба да оди во карантин ако има едно дете позитивно на ковид-19. – Ова со децава во вакви услови е нуклеарна бомба. Ќе пукне многу јако. Никој не зборува за децата со нетипичен развој и посебни потреби што следат настава со придружник. Тие се загрозени ептен. Секое дете е богатство. Голем луксуз е овој ризик. Не сме ние држава што е подготвена и држава што може да експериментира вака. Ова на ништо не личи. Мислам дека треба да се создадат услови секое дете да може од дома да следи настава (компјутер некој скромен, интернет-стик) и така да се одвива наставата со онлајн предавања – напишал еден родител во фејсбук-групата „Поддршка за онлајн и комбинирана настава“. Но и надлежните имаат свои аргументи. – Сите здравствени експерти велат дека за да се пренесе вирусот треба повеќе од 15 минути да разговарате со заболен, и тоа на мало растојание, и без да носите маска двајцата. Ставот на Комисијата за заразни болести е дека секој што носи маска, а бил во контакт со заболен, нема опасност да биде заразен. Во карантин нема да одат цели одделенија ако има позитивен случај, туку во карантин ќе се ставаат само оние што имале физички контакт на мало растојание со заболено лице, 15 минути – појаснува Наумовска. Во меѓувреме, Бирото за развој на образованието (БРО) подготвува скратена програма за 100 работни дена наместо за 180, која би се применила во случај ако се засили пандемијата. Во таков случај зимскиот распуст ќе трае подолго од вообичаеното, односно можно е да трае од ноември дури до февруари. Учениците ќе добиваат спакувани оброци во училница Еден од деталите поврзан со планот за оддржување настава од септември е и начинот на кој ќе се организира исхраната на учениците. – Ако треба да одат во мензи, ќе треба да ги симнат маските, а тоа може да биде проблем. Затоа, ако има одлука децата да ги користат тие топли оброци во училиште, подобро е секој на своето место да седи во училница и таму да јаде, секако на претходно дезинфицирана површина. Менито ќе треба да се приспособи, нема да може да има течни оброци, бидејќи ќе треба да бидат спакувани – појаснува Наумовска. Онлајн настава за дечињата со посебни образовни потреби Посебно ќе се води грижа за децата со хронични болести, како и за дечињата со посебни образовни потреби, бидејќи вирусот лесно може да ја влоши нивната здравствена состојба. – Таму даваме можност за поинаков вид настава, која ќе се организира онлајн. Истото тоа важи и за наставниците што се хронично болни или имаат малигни заболувања. Нема да држат настава со физичко присуство, туку наставата ќе ја реализираат во посебна просторија. Или, пак, има опција претходно да снимаат час, кој ќе им биде пуштен на децата во училница. Мора да биде заштитен секој поединец – нагласува Наумовска. https://www.novamakedonija.com.mk/m...ud3BiMZNMHgwod53f6tqNvbrxz795KIJA5I6W4EPU2p9g
Мене ова ме буни искрено. Во менза вика ќе треба да ги симнат маските и тоа да биде проблем, а во училна со маска на лице ли ќе јадат Скратени часови. Мхм, супер. Тие што се целодневна кој ќе ги зима ако родителите се на работа? Една недела дома онлајн настава, една недела со физичко присуство и скратени часови. Од 5то нагоре ајде пак и некако ќе сварам, ама деца што се целодневна и се реално мали за дома сами да следат онлајн настава, а мали се и за во училница да пазат и да почитуваат мерки. Јадењето плус што ме буни најмногу, а и одењето сами дома. Реално, немаат сите деца училиште на чекор од дома. Некои деца со автобус одат, за некои баби и дедовци беа ангажирани да ги земаат затоа што се мали а родителите се на работа. Тешко сите, мене искрено страв ме фаќа
И што ако едно дете испадне позитивно? Цел клас и наставничката и родителите и браќа/сестри на детето, сите ќе треба да се во изолација. Што ако има родители кои кријат дека се заразени, или децата им се заразени, или воопшто не се тестираат оти има и такви кои не веруваат во вирусот?
Наставникот помалку ќе предава,повеќе ќе им се дава работа дома. Во превод, повторно ние родителите ќе бидеме неплатени наставници. Да фатиме да ги научиме предметиве од сега. Повторно пренатрупување со домашни ни следува.
Која и да биде опција што ќе е конечна од страна на МОН, во време на ваква пандемија и криза, родителот пак ќе мора дома повеќе време да работи со детето. Неминовно е тоа, колку и да не сакаме. 1. Ако биде цела учебна година со онлајн настава, ќе биде побезбедна во однос на здравјето на сите засегнати во образовниот прецес(деца, наставен кадар, родители), но ќе трпи реално најважниот сегмент:контакт наставник/професор-ученик, социјализацијата на децата, кабинетска настава... Со ваков начин на настава највеќе ќе изгубат помалите(1-5 одд) Од 6 одд нагоре, па се до средно образование децата веќе знаат сами да учат(со исклучок на одредени предмети) описменети се, не им треба многу помош околу ИТ алатките(вклучи, исклучи комп/моб, логирај се..) 2. Ако се оди на училиште со "скратена програма и часови" ќе се загрози здравјето на сите, ќе настане општ хаос, ќе биде отежнат целиот процес, НО, децата ќе можат побрзо и полесно да ги совладаат тематските единици, со многу помал вложен труд дома од страна на родителот. Ако дома треба на детето да му објаснуваш математика (а сите не знаеме, треба и ние како родители да "поднаучиме") 2 часа одредена равенка, ако оди на училиште верувам дека дома само ќе треба добро да се повтори и извежба, и наместо 2 часа, ќе завршиш за 1 час(хипотетички кажано) Како и да одлучат од МОН, детето и во двата случаеви ќе биде "оштетено", само да се изнајде најдобрата и најсигурна опција која ќе биде во корист за сите страни. И мора да има баланс, помеѓу наставник/професор-родител за доброто на детето.
Многу лошо им е направено. Прво кој ќе ги почитува мерките и ќе носи маска 20 минути зависи од детето и наставниците/професорите. После тоа на одморот се групираат во групи и ќе јадат заедно. Да не се заборави па и сега со 20 минути часови 14-18 годишните одма после часовите на кафе ќе одат. Ако веќе планирале во училница нека биде без маски и 40 минути. Ако не се заразат во училница ќе се зарази во кафич или на одмор.
Според мене сега треба да се укине и кабинетската настава и учениците да се само во еден кабинет. Мислам на секој клас да си има свој кабинет и тука да се изведува наставата шо сите предмети. И што ако ротираат децата кога наставниците ќе работат со двете групи? Не се само децата сега во ризик, туку и наставниците. Има и постари наставници, наставници со хронични заболувања и сл. Како и' да е, за сите ќе биде тешка учебна година, барем првото полугодие, без разлика кој начин ќе го одберат...
Јас сум да само од 1во до 3то одд. одат на физичка настава затоа што тие треба да се описменат, а останатите може и онлајн. Евентуално и тие што ќе започнуваат 6то одд. и 1ва средно за да се запознаат со новите наставници и соученици. Со ваков распоред би можело да се направи и да има по 5- 10 деца во паралелка без ротирање затоа што цело училиште би се пренаменило за ученици од 1 до 3 одд. и 6то одд., а цело средно училиште за 1ва година.