Се сложувам. Ако се пропуштат првите 3, 4 школски години на детето, во секој поглед ќе биде на негова штета. Нека се оди во две смени, со скратени часови. Пр: прва група(пола клас) на училиште се од 8-10 часот, следи дезинфекција на училница, втора група од 10.30 - 12:30 Има начини, само да се изнајде правиот и безбедниот
Деца во училиште, маски и одржување дистанца не ми одат баш заедно Не знам колку би се почитувале основните мерки... Пример: https://www.facebook.com/1439010549/posts/10217376504191438/
Кај помалите деца, со скратени класови, со построга дисциплина од страна на наставникот, и секојдневно разговарање, зборење, укажување на децата дома од страна на родителот, може да се постигне целта. Сепак и временски не е многу, може да се издржи мислам.
И мене ова не ми е јасно Ќе јадат секој на своја клупа, и така се оддалечени. И јас верувам дека наставата нема да биде кабинетска, само наставниците ќе менуваат. Тоа не е тешко да се изведе. Мислам дека планот им е да се заштитат сите со хронични болести, значи и наставници и деца кои ќе останат дома ќе следат онлајн настава.
Ако наставниците предаваат онлајн, како што предаваат за време на класична настава, родителите ќе имаат дополнително работа со децата, исто како и за време на класична настава. Клучен збор: Предаваат. Не спијат, како минатата учебна година и чекаат родителите да им ја завршат работата.
Во менза би биле еден до друг. А во училница секој ќе си седи на својата клупа и ќе си јаде со извадена маска. Велат но кој ќе им ги дезинфицира клупите? Децата тоа нема да знаат добро да го направат, особено не малине од 1-5 одд. Наставничките ли ќе бидат и хигиеничарки? А за хигиеничарките подобро и да не почнувам да зборам, тие далеку се од хигиена, само зашлакај, колку да се рече дека нешто сработиле, една крпа за сè ја користат, па после да се чудиме од каде зарази... Друго Каква ли е тоа посебна просторија?? Само да лупнат некоја глупост до глупост. Или ќе се снимале, па ќе им биде пуштена снимката на учениците во училница! А добро бе, сами ќе седат учениците во училница?? Зошто воопшто да одат во училиште, ако гледаат снимени часови без присуство на наставник?? Секој неписмен добил функција во државава и ќе се прави многу паметен. Ништо паметно не прочитав од оваа заменик министеркава за образование, само глупости и нелогичности. Вика А како ќе земат метро и ќе мерат кој на колкаво растојание бил и на саат ќе мерат време на контакт? Децата како ќе издржат со маски да седат? И покрај тоа што планираат скратени часови, на децата маските ќе им сметаат, ќе им ствараат склет, тие деца кои носат очила од маската ќе им се замаглуваат, ќе им одземаат од вниманието и концентрацијата на часовите. А каков час ќе биде тој од 20 минути? Далеку од ефективен! За толку кратко време што ќе успеат да научат учениците? Нив малку им е и час од 40 минути за добро да ја совладаат некоја потешка наставна содржина. Вака ќе испадне само колку да се рече дека одат на училиште, да поминат на редот, да си го губат времето, а да се ставаат во ризик. А на крај пак родителите ќе мора да работат со децата дома. А со скратени часови и без целодневна настава кој ќе ги зема учениците и кој ќе седи со нив дома додека родителите се на работа? Значи пак ќе мора еден родител да седи дома. Од друга страна час од 40 минути со маска е незамисливо, хорор за сите. Замислете од 8-15/16 часот учениците цело време да бидат со маски. Нема шанса да го издржат тоа, ќе збудалат. А без маски па лесно ќе се шири вирусот во затворена просторија во која се седи толку долго. Не сум паметна што е најдобро решение, бидејќи факт е дека е незаменливо физичкото присуство на училиште и контактот ученик-наставник. Како од образовен, така и од воспитен аспект. Онлајн настава, добро испланирана и добро реализирана поддржувам ама само за ученици од 6 одд. па нагоре, средношколци и студенти. Ама онлајн настава за ученици од 1-5 одделение не. Не може неописменети деца, да ги описменуваш онлајн, со нив треба исклучиво во живо да се работи. Јас сум учениците од 6 одд. па нагоре да следат онлајн настава и часовите да им траат по 40 минути. А од 1-5 одд. да одат на училиште, но да бидат разредени и распределени во слободните училници. Во една училница да има помалку од 10 деца. Не само секое дете да седи на посебна клупа, туку и да има и по една слободна клупа меѓу учениците. И да има голема грижа и надзор од наставничките кога станува збор за хигиената. Да нема дружби и групирања меѓу учениците.
Да имавме по 20-30, па и 50 дневно заболени, ајде некако да разберам. Ама на 100+ нови случаи секој ден во земја мала како нас не сфатливо ми е да има настава со физичко присуство за сите. Не сме ние таа земја која би организирала безбедна настава...не. Никој не може да ме убеди дека децата, па и вработените во училиштето ќе се придржуваат 100% до мерките ниту пак дека училниците темелно ќе се дезинфицираат. Не се сите одговорни, може некој од март "не излегол" од дома и максимално се пазел за сега да оди во затворен простор 2-3 часа со некој кој ништо не почитувал. Нека набават озонери за прочистување на воздухот, нека вработат дополнителни хигиеничари, нека направат нешто со што би не убедиле дека навистина би било безбедно физичкото присуство... ама тешко. До 3-4 одделение битно е да им е наставата со физичко присуство, од тоа нагоре може да се изведува онлајн, ама со нормален распоред и објаснување, не само трупање домашни задачи.
Доколку не се направи план за намален број на ученици ви паралелка се е ризик. Има класови од по 30 деца. И дека деца ќе почитуваат протоколи мерки за заштита тое е невозможно. Само работа во повеќе смени со помал број ученици во група може да го намали ризикот. А дека за 20 минути ќе има некој ефект тоа е невозможно.Кај одд.наставници ај ќе моделират сами нешто ќе се фокусираат на битното, ќе се крати на физичко, музичко ...во корист на математика и македонски ама кај предметните потешко. И немало скратена програма туку ревидирање на целите.Тоа е само што ги мрзи да седнат и да направат таква скратена програма иако цело време се зборува дека Биро за развој спремало такво нешто.Ама вака е полесно за нив наставниците сами нека се снаоѓаат. Најдобра опција е малите до кај 3 одд па и тие во 6 то,во средно прва год.да почнат а останатите онлајн за почеток . Инаку вака знаете што ќе биде? општ хаос.Едно дете закашлало тоа дома со недели останатите исплашени и тие нема да ги пуштаат.И на крај ни онлајн ни настава со физичко присуство.Ами тие што се во интернати ,заеднички оброци,па превоз... А за студентите пак никој не ни спомнува. Ќе се почне ќе се искомлицира само состојбата и во ноември најкасно пак целосен прекин.
Колку што се почитуваа до сега за се друго мерките, така и за училиштата. Катастрофа им е планов. Нема причина зошто средните училишта не би следеле online настава. Тој простор во средните нека се искористи за држење настава на основците, во проретчени класови. Кадар ако нема, можат да вработат.
Пола професори се 45+ и во основно, средно и на факс, скоро секој втор од нив со некое хронично заболување. Доста стар кадар работи у образованието кај нас. Ова е неизводливо, зарем сите нив ќе ги стават во опасност. И ми личи доста неефективно ова 20мин час. Па кај нас 10мин каснеа наставници, дур дојдат им прошол часот, па отсутен да запишат ова она... Глупости живи ама ај ќе видиме. Неспособни работат у образование, мерките и плановите им се живи смешки. Најнеспособно министерство кај нас се дефинитивно они.
+ додека запишат час, додека проверат носење/ не носење на маски и дали масите се на дистанца, од часот останале уште 5-10минути. Воопшто не е ефикасно.
Деца од 7-8 години не знаат да држат дистанца, ниту можат да ја носат цело време маската затоа што ќе ги почеша носот, устата и ќе ја пофатат и поместат. Знаеме дека минатата година одделенијата беа испразнети кога владееше грип, потоа започна онлајн настава, па учениците сепак го совладаа предвидениот материјал. Не, нема шанса да се обрне внимание на дезинфекција, знаеме и досега како се чистеше во училиштата. Со овие бројки, само следење настава доаѓа предвид, никакво физичко присуство.
Јас мислам дека учебната година "треба" да започне на 1 Септември, со одење на децата на училиште.(што пократко првите денови, тоа подобро) Да се поделат книгите, да се дадат распоредите на часови, да се запознаат со новите учителки/наставници, да си разменат по некој збор другарчињата... Па по некој ден да се започне со онлајн настава.
Како и оналјн наставата досега, така и тргнувањето во школо е чиста импровизација Мој впечаток е дека нема план, туку ќе склопат нешто колку да се рече.
Ниеден просветен наставник во МК досега нема добиено никакви насоки од страна на МОН или БРО по кој терк да ги спрема планирањата( дали скратена програма, скратени часови, изземање на одредени теми, класична настава, онлајн настава...) НИШТО... Како по обичај ќе кажат 5 до 12,па секој да се снаоѓа како знае и умее
Зашто да се ставаат во ризик децата, родителите и наставниците тие неколку дена ако остатокот од полугодието се изведува онлајн? Може еве на 1ви родителот со детето да отиде на школо (секако во помала група) ќе земат книги, ќе се запознаат со наставниците, ќе разменат имиња со дел од соучениците и мирна глава.
Па истото го реков и јас,не бидите буквалисти. Книги не можат во 1 ден да се земат. Дел ги имаат во училиште, дел пристигнуваат во текот на првата-втората работна недела, некои нешто подоцна, во зависност од училиштето. Распоред, исто се зема во текот на првите неколку работни дена. Ако е во нижи одделенија, во зависност колку други предметни наставници имаат(физичко, англиски, природни науки, техничко..) Во вишите исто.. Децата ќе се порадуваат пак да бидат во училишните клупи, да се видат со другарчињата, да споделат некои нивни доживувања... (сепак е краток период) Да не им ги ускратуваме тие кратки моменти, верувам дека им фалат на повеќето деца
Не знам за кое одделение зборуваме сега. Од 1во до 4то ако не се променило од пред неколку години имаат само еден наставник по сите предмети, најмногу два за тие што се целодневна. Така да тие што почнуваат на школо оваа година не знам како им фали школска клупа што досега ја немаат ни видено. А и не е дека вечно ќе биде онлајн наставата, полугодиево е само, дај боже од јануари следна година ситуацијата да се смири па ќе отидат на школо. Тие од погорните години од март до сега сигурно сфатиле дека ситуацијата и не е најсјајна за мешање со други дечиња, искуствата можат да ги споделат и онлајн на некоја од платформите за онлајн настава. Јас сфаќам дека не е исто во живо и онлајн ама во овие услови е греота да се изложуваат на ризик. Книгите не знам зашто би се делеле 3 недели, нели ги предаваа од погорното одделение на помалите? Освен ако фали некоја тогаш се чека. Распоредот би требало да се потрудат да го спремат уште на 1ви за да нема непотребно доаѓање до школо (ако наставата е онлајн).
Од 1 до 5 одд. зборам 1,2 и 3 одд секоја година добиваат нови книги, не употребени, бидејќи се пишува во истите. Од минатата година имаат предметен наставник по физичко восп. од прво одделение. Англиски јазик исто учат од 1 одд. Техничко и Природни науки во 5 одд мислам. Се се тоа предметни наставници кои може предаваат и во други училишта, или општини. Додека се усогласат сите термини и смени, ќе поминат бар 2-3 дена. Пак ќе кажам, нема да настане "хаварија" ако неколку дена со скратено време во добро обезбедени услови почнат децата на училиште