Онлајн настава

Дискусија во 'Коронавирус' започната од referentka, 29 јуни 2020.

  1. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Нас кој не земаше од школо? :)
     
  2. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    3.968
    Пол:
    Женски
    Сега е друго времето, поопасно, ама ќе се помачат малце тие баби и дедовци што ги мрзи да се мрднат од пред тв за внуците.
     
    На ElenaOfRivendell и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Не можеш да правиш таква споредба ич. Како прво сообраќајот е неспоредлив тогаш и сега, плус има опасни луѓе многу повеќе сега отколку порано, деца сами не се пуштаат.
     
    На azelea, ostoun, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Не. Сега имаме повеќе информации. Ние дома сами седевме. Не само ние, сите. Во соседниот влез имаше киднапирање. Билјана, прилично познат случај. Ја најдоа во бунар долго после исчезнувањето.

    Така да, исто е. Само што помалку се зборуваше за тоа и немаше интернет. Сами си ги правиме децата "неспособни".
     
    На andromedae, Angie1432, noteforself и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.785
    Допаѓања:
    41.864
    Пол:
    Машки
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Добро, дете од прво/второ одделение ќе го пуштиш само да си иде од школо?
     
    На Hellobeautiful и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.959
    Допаѓања:
    37.016
    Пол:
    Женски
    Ај, објасни ми, молим те, како на дете коешто тргнува во прво одделение ќе му предаваат онлајн? Ова ми е мистерија :?:
    А за “предавачиве” искуството што го имам со внуците ми е ужасно. 90% од нив се информатички неписмени. Еден ворд документ не знаат да го конвертираат во пдф за да може секој да го отвори, туку го праќаат во ворд. А за тоа какви беа документите и материјата внатре, не ми се збори :^)
    Јас сум за настава со присуство. Акцент на хигиената, кај нас и до сега во училиштата немаше основна хигиена, па овој момент единствено ова ме загрижува, друго ништо посебно. Јас на пример имам податоци (а и искуства од околината) дека децата многу малку заболуваат, најчесто асимптоматски и како такви не пренесуваат. Евентуално би можело да се направи ротација на децата доколку се во голем број. А муабетите што ги читам за број на заболени случаи по општини ми се глупости. Не може така да проценуваат. Треба да се гледа процентуално според бројот на жители колкав е бројот на активни. Иако, и ова не е некој показател или пак пречка за децата да одат на училиште.
     
    На azelea, Kitten, tina2018 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Исто како што предаваат офлајн.
    Детето седи пред компјутер и гледа и слуша како наставникот/наставничката предава.
     
  9. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    На тие што ни беше на пет чекори од дома училиштето никој, сами одевме и се враќавме. Ама тие што имаа преминување на главни улици и пешачење 15 минути или возење со автобус, родителите или баби и дедовци беа ангажирани за да ги носат и земат. Немаат сите деца среќа да имаат училиште блиску до домот :)
     
    На cresa-jagoda, noteforself и WildMk им се допаѓа ова.
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Нели се направи реонизација на школите?! Кој оди со автобус во основно?! За првачињава денешни (на 5 некои поаѓаат) разбирам мали се, ама за второ (исто што наше прво) и погорно одделенија сите претеруваме со заштита.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Бреј жени, само да се инатело..

    Па пет пати ти кажав дека треба логирање, пасворди, големи и мали букви, интерпункциски знаци, латиница.. што не ти беше јасно околу тој дел?

    Родителите на работа, бабите и дедовците не знаат да се снајдат...
    ШУ праиме?
    Тоа дете секој ден ќе пропушта онлајн настава по сите предмети, а нема да биде само еден таков случај во еден клас
     
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.959
    Допаѓања:
    37.016
    Пол:
    Женски
    Аха |( За деца од 6 години збориме кои појма немаат што е училиште и училишни навики, а кои единствено може да ги стекне и научи во пракса. Ама ај.... вака теоретски сите сме паметни ;)
     
    На Tan4ence, azelea, ElenaOfRivendell и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    Ја познавам деца што од 4 години сами седнуваат и штракаат свашта на компјутери. Не е толку проблемот логирањето колку што во некои семејства нема кој да ги чува децата додека родителите се на работа.
    А шу праиме со час од 20 миниту? Да не ќе се описменат така? Со 40 минути излагаат деца од час со прашалници над глава не па 20 минути ама ај, битно на клупа во школо да решело задача.
     
    На lolitaspurgatory, WildMk, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.959
    Допаѓања:
    37.016
    Пол:
    Женски
    Вие изгледа не разбирате една работа. Ај, логирање, технички услови / можности на страна, ама 40 минути да му задржиш внимание на дете кое претходно не било во училиште ми е незамисливо. Просто немаат воспоставена навика, која пак ќе повторам се стекнува само во пракса.

    На страна тоа што повеќе од половина од кадарот е неписмен, полуписмен и слично. Образованиево и така ни е на дно, уште онлајн наставава фали за да го доуништиме.
     
    На Sleepy, azelea, ElenaOfRivendell и 3 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Тоа е за Зум.
    Ако е платформа за онлајн настава, нема потреба од сите тие компликации.
    А тие истите деца од 6 години, што не можете да ги научите да кликнат една икона, ќе ги научите да носат маски 3 саати, да не се допираат на лице, да држат дистанца и да дезинфицираат?
     
    На ostoun, Hellobeautiful, Sahlene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    Океј тоа, а кое внимание ќе му задржиш во школо кога на секои 20 минути во школо се менуваат различни предмети. Само што почнал да пишува букви, оп одма се префрла на бројки, па на друг јазик, па некој предмет поврзан со природни науки. Нема да имаат ни одмор малце да излуфтираат глава и да се сконцентрираат на следниот час.
     
    На cresa-jagoda и WildMk им се допаѓа ова.
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.959
    Допаѓања:
    37.016
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми е информатички писмена ;)Далеку повеќе од добар дел од предавачиве. За вниманието кое е потребно да се следи наставата зборувам. За навиките кои единствено се стекнуваат во училиште.
    Инаку, јас не сум да носат маски. Особено не толку мали деца.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Такви "вундер деца" од 4 што штракаат, на прсти се бројат, некои немаат ни убаво прозборено да таа возраст.

    Па ако сака родителот да посветува помалку време со детето во неговиот образовен процес, да не седи по 2 часа по секој предмет, не гледам друг начин освен физичко присуство на училиште,макар и 20 мин да е.

    Знаеш колку значат тие 20 мин по физика, хемија, математика 7,8,9 одд??
    Добар дел од родителите не можат да им го пренесат тоа знаење на своите деца
     
    На azelea, ElenaOfRivendell и tina2018 им се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.959
    Допаѓања:
    37.016
    Пол:
    Женски
    Ако не друго, бар навика ќе стекне
    А за внимание... сигурно поголемо ќе биде отколку дома седнато пред компјутер. Ќе се чуди што го снашло.
     
    На azelea, ElenaOfRivendell и tina2018 им се допаѓа ова.
  20. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Шатката па шатката ти...
    Па како да му објаснам на дете од 6,7 год ако немам видео контакт со него?
    Како ќе научи детето?
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.