Знат бе да држат молив. Аман. Цртаат и 'пишуваат' и пред да тргнат на школо. И ние исто знаевме. Сенкир прв пат видовме моливи во школо. И тоа, прваче бев во 1983та
Ај прочитај ја @mareane во врска со првачињата. Многу убаво има објаснето. И не е само кадарот, системот е скапан. Народов добар дел информатички дудуци. Тоа што имаа смартфони и компјутери не значи дека знаат. Добар дел користат вибер, фб, инста и толку. А има и мбогу кои немаат компјутери, родители кои имаат повеќе деца кои истовремено треба да следат настава. Што да прават тие? Да им ги дадат тие фамозни 8000 компјутери? ( за чиј квалитет не ми се збори )
Знаеш дека ова се само изговори, нели? Ај замисли на приватно, некој да те плаќа, а да не работиш? Има такво нешто?
Не знам дали имаш деца? Нејсе... Доволно е да бидат заедно во училница, учат едни од други. И сосема е различно јас дома да го "учам" од училишна настава, навики итн.
А бе ти нас овде сите не заебаваш па сега ја Си била на родителски кај ќерката да видиш кај се и како се чуваат тие 8000 копјутери.Тие пола не работеа уште за екстерното.Одамна се расходовани.Им даваа таблети ама знаеш само колку и кој зедоа.Ко да не знаеш како одат тие работи кај нас. А дека за 5 минути некој ќе ги обучи родителите кои се потпишуваат со прст сигурно.
Нема ти да го учиш, ако наставниот кадар работи она за што е платен. Немојте да ги жртвувате сопствените деца, заради тоа што оние кои се платени од наш џеб, се мрзи-мрзосани.
Какви изговори Вајлд? Јас во случајов го гледам личниот интерес, а тоа е дека ќерка ми треба да тргне во прво одд. И освен физичко присуство, ништо друго не ми е соодветно.
И пак... Ќе ги 'жртвувате' децата, оти образовниот кадар и институциите не сакаат да си ја работат работата?
Има разлика меѓу правилно и неправилно држење. Државата премногу потфрла на образовното поле.Тоа треба да се реши. Без услови,нема успех.
Пошо сите сме одговорни за неписмениов образовен кадар и неефикасноста на институцииве, во случајов го одбирам помалото зло.
Немам деца, и јас се согласувам дека за помалите деца е подобро да одат на училиште, ама исто така е ризично. Плус, цело време се збори како онлајн настава од 40 минути нема да даде ефект а 20 минути во школо дека се океј. Ова учат едни од други на кои се мисли? На учениците? Како ќе учат едни од други ако седат сами во клупа 2 ипол саати? Од наставник можат да научат ако го пратат во живо можат и онлајн да го пратат, ако некој не сака да се сконцентрира џабе му е и со микрофон до уво да му збори на дете.
'Помалото'? Ковид да фати и да ви пренесе и дома? Не можам да го разберам ваквото резонирање... извини...
Штетно би било за децата да држат цел час од 40 мин, ама онлајн. Замисли 5 одд денес по распоред имаат 5 часа. Ќе треба детето да седи интензивно цели 3,5 часа пред компијутер/мобилен?? Големи последици ќе има така по неговото здравје, пред се за очите, кои и така ги расипуваат што седат во текот на денот на ком/моб. Не знам што е "најпаметно" кој и модел да го изберат, но знам дека секогаш некоја страна родителот/наставникот нема да бидат задоволни
Какво здравје? Па вирусов е толку раширен што можеш и на улица да го фатиш малтене. И во 90% случаи да биде асимптоматски. Ама ај...
Абе шо.. сенкир сега не поминуваат по 3-4 саати пред моб-компјутер И како ќе има последици на здравјето, баш ме интересира?
Ама зошто дополнително да правиш ризик? Екстремно ризично е ова. Ќе бидат затворени во просторија по најмалку 2 саати, а аеросолите стојат во воздух со саати, и 20 минути се доволни да се заразиш. Прочитав. Какви 'последици по здравјето'?
И? Да го оставам неписмено? Далеку пострашни вируси за децава хараат цела година, па до седеа не седеа дома.