Од кај ти е ова инфо за аеросолите? Ај, без паранои. Ако е така, тогаш сите до сега сме биле заразени.
Не е пострашна инфлуенцата, во никој случај. Знаеш дека е така. Неписмено нема да биде, само ако предаваат наставниците прописно. Значи просто е ептен: Се уклучува наставникот со таблата зад него, само што 'училницата' е виртуелна.
1.Очите, срц, очите... 2. Главоболки при секојдневно интезивно седење по 3,4 часа пред PS /моб.. 3. Замор, напрегање, ќе се трудат да разберат...
@WildMk Еве од близок: -влошување на видот; -болки во вратот и грбот; -повремени главоболки. Уредите зрачат. Плус,толку раширен вирус секаде може да се фати.И да седи детето дома,некој може да го донесе вирусот во домот.
Airborne Coronavirus: What You Should Do Now The coronavirus can stay aloft for hours in tiny droplets in stagnant air, infecting people as they inhale, mounting scientific evidence suggests. Кај има вентилација во училниците? Геџетите се со филтри. За 3 саати, нема 'да ги разболат' децата. И сега седат по 3 саати во денот и зркаат во моб или таблет или компјутер
Е верувајте ама во нашава чудесна земја има и такви кои не виделе молив до тогаш.Има .Не се сите израснати со таблет в раце.Има и такви кои одат описменети ама и такви кои не знаат што е молив.Не од што се глупи туку од што доаѓаат од такви семејства кои одвај се прерануваат чии родители се неписмени нежаат ден в училиштенодено и сл.Знаете дека и оние деца што питаат по раскрсниците треба да одат на училиште? А треба да се еднакви сите нели оти осн.образование е задолжително. А меѓу" мрзите " наставници кои дома седат и земаат плата има и такви кои индивидуално ги учат молив да држат ,па и им купуваат понекогаш и молив а и ѓеврек.
Зависи за кого. А и не е само инфлуенца. Бактерии, други вируси... ај да не бројам Ич не е просто, ама во твојот розов свет, можеби е. Јас лично би направила ротација на деца со причично скратена програма. Нешто слично како што ротира медицинскиов кадар. И хигиена. Онлајн настава во никој случај
Некои од претходно седење повеќе од саат подоцно осетиле некакво влошување на здравјето. Не им треба дополнително влошување.
Ама не се толку раширени другите вируси колку што е коронава. Да, има аутбрејкс од време-на време, ама се концентрирани кластери. И да е скратена програмата, пак ќе седат неколку саати во непроветрени простории. Ризично е. Некои од носење ташни потешки од нив, им се искривија кичмите.
Чија студија е оваа? Јас сега ќе ти извадам наслови (ако во меѓувреме не се отстранети) со спротивни информации, истражувања кои викаат дека децата не пренесуваат? Што е точно? Никој не знае? Всушност, се знае....
Секаде е ризично. Децата што немаат компјутер и интернет не треба да бидат лишени од образование. @WildMk Аха,затоа на телевизииве многу пати прикажаа семејства кои немаат ни денар во џеб.
Државата треба да им обезбеди комјутер и интернет и моливи и тетратки и се' со ред. Тоа и' е должност. Чим е задолжително образованието, условите треба институциите да ги обезбедат.
Јас сум да се има настава со скратена програма, со подобрени услови за хигиена, редовно повторување што да прават дечињата, поголема контрола и внимание од наставниците. Ама пак и сета одбивност кон онлајн наставава не ја разбирам. Училиштето си спроведува обука на наставниците, наставниците организираат родителска онлајн објаснуваат на родителите како да се најдат и помогнат. Се запишува и води евиденција во кои фамилии треба да се припомогне со позајмување компјутер, при тоа реално водење евиденција затоа што наставниците веќе си знаат каква е состојбата во домаќинствата на дечињата на кои предаваат, а не да има злоупотреби и Петко и Станко и Рајна да земат компјутер дома прашина да фаќа. Малку од малку мора да се мрда од нулта точка и да се започнува со компјутерска едукација. Мој близок и даскал по информатика вели кога почнаа со тие е-дневниците на сите учителки јас им ги водев, сите му барале помош, а како да одбиеш колешки ти се. Значи добра организација од МОН, ресурси и воља да се адаптира едукативниот процес да ни е описмени и едуцира младинава како што и доликува во овие изменети времиња.
Аха... да видиш само колку е 'проветрено'... на пувешници мирисало кога сум одела да ја земам од школо. Немаат вентилација во школите.
Треба,тоа го пишав претходно.Но,кога не го прави тоа,не останува добра опција. Зошто Трајче без компјутер и интернет да пати,а Петар со компјутер и интернет да ужива?
Кога не го прави тоа, треба да бојкотираме настава. А не: Абе мене ми е погодено, шо ми е гајле за другите. Епа... каков народ, таква држава.
Ама подобро е што немаат вентилација. Од вентилација иде аеросолизација, не од отворањето прозор. Сега вистина, во мк од промаја пострашно немаше, ама сега има