Абе отворени се прозорците, додека не залади После, затворени се. И толку е. А и не се само аеросолите. Ко ќе почнат: Абе кааај си ти!??! Гушкање, бацвање, ко ќе се видат. Ојде јабана цел концепт за 'почитување мерки'.
Едно дете да е заразено и ќе иде пола клас во самоизолација. 14 дена така ќе поминат. Оди на 8 годишно дете објасни му да седи на едно место со маска постојано.
Истото дете може да се зарази и да седи дома.Може да префати од родителите,браќата,сестрите или ако го мкнат по гости. Секогаш и секаде постои ризик.
Секако. Но, зборот ми е дека само едно да е заразено ќе се одрази на целото одделение пошто малите деца посебно не пазат на социјална дистанца.
Државата треба и може да обезбеди услови. Зошто 'не е добра'? За секој можен аргумент веќе сум пишала одговор на темава. Зошто? За секој можен аргумент веќе сум пишала одговор на темава. Ај прочитајте ја темата со ред. И да не се вртиме во круг ко вештерки во прослава на рамноденица.
Не е само објаснувањето, туку и реализацијата на истото. Полагав 3 саати со маска на мене и едвај издржав, вода не можев да пијам бидејќи ако ја тргнев маската и ја допрев со рацете џабе ќе беше носењето. Ај објасни му на дете да не ја трга маската за да се напие вода или да јаде. Сум против онлајн настава, но друго решение не гледам во моментов. Треба само да се стрпиме до следната пролет или додека не се најде лек, па да се вратиме на класична настава. И ете наместо до 10 јуни може да се продолжи до 10 јули учебната година за да се надомести за делот од материјалот што ќе се предаде онлајн.
Од 1 до 3 одделение факт е дека е потребна настава со физичко присуство, тоа и претходно го кажав, дури претходно реков и до 5 одд. Ама поголемите основци, средношколците, студентите најдобро е да имаат онлајн настава. Еве нека не биде по 40 мин. час, нека биде помалку, во право е @Ева33 дека се расипуваат очи. Ама од друга страна па и повеќе време трошат седејќи на социјалните мрежи, така за глупости си уништуваат очи. Ама од 1 до 3 одделение треба да бидат разредени учениците, 5-8 ученици најмногу. Ќе има слободни училници, ако другите ученици следат онлајн настава. За наставен кадар одделение што е целодневна настава има 2 наставнички. Плус на помош може да им бидат и некои предметни наставници. А крај краева па и нека вработат одделенски наставници на определено. Ама треба и голема хигиена да има, не само тоа да биде напишан протокол на лист хартија, туку тоа да биде навистина спроведено како што треба во целост. И да има настава со физичко присуство од 1 до 3 одделение само за најважните предмети, а не да се оптоваруваат за џабе децата со предмети кои во моментов стварно не е толку важно да се реализираат. Значи да имаат само: Македонски, Математика, Природни науки и Општество. Па така ако ги немаат другите предмети, овие наместо да траат 20 минути, ќе може да траат 40.
Одат, имам гледано деца колку ќерка ми (8 години) со автобус се возат неколку станици. Некои деца се запишани во друга населба за после часови бабите и дедовците да ги земат или пречекаат затоа што родителите се до касно на работа. Сега децата со неполни 6 тргнуваат во училиште. Според тебе ок е само да оди и да се враќа, а пример треба да премине фрекфентна главна улица? И јас дур ми беше детето во градинка имав друга замисла, а реалноста испадна сосем спротивна.
А не може да се научи учица да мине безбедно?! Јас на 7 минував булевар. И со ова маскиве. Ќерка ми е 2.5 год, па седи со маска дур ме ја извадам, нема да седеле поголеми деца. Како не! А и не знам што влегувате во дискусија со Вајд. Упорно ја силува темата.
Не ја 'силувам'... таков ми е стилот на дебатирање. Шо ти е тебе гајле кој влегува во дискусија со мене? Глеј си за тебе.
Браво за тебе тогаш, ете напредна си била што си поминувала сама булевар. Моето дете оди во друга населба во училиште, фати коронава и не успеавме да ја запишеме во тоа што ни е поблиску ради селењето. И сега ај ако можеш објасни ми како моето дете што по правило е во целодневна, ако му се скратени часовите да си дојде дома? За дома да си дојде треба да помине булевар и да чека автобус. Па да се симне после неколку станици и пак да помине булевар за да си дојде дома. Кај баба и дедо ризично е да оди затоа што може да однесе вирус. Претходно ние до касно на работа бевме па они ја зимааа за да одмори и јаде дур да дојдеме по неа. Плус, не споредувај маска носење по потреба и маска носење дур им траат часовите. Тоа дете од 6 години пример кога ќе треба да седне да јаде треба да ја извади маската соодветно, да јаде па да стави друга маска. Вака ти му ја ставаш па му ја вадиш кога ќе треба и под надзор ти е. Многу розево гледате на одењето во училиште во ек на пандемија. А да не зборам за училниците што се мали а паралелките се големи и нема услови за едно дете да седи само во клупа. Кај ќерка ми се 4 деца на две клупи споени. Немаат место да раздвојат клупи, толкав е просторот, тие се можностите. Ама лесно е ако имам дете во градинка да разглабам на темава и да кажам дека се што лета се јаде.
Тоа ми е поентата. Не можеш на мало дете да му објасниш што е пандемија. Што е вирус како маската го штити. Фала Богу вашето дете пред вас ќе носи маска ако сте му наредиле. А, во школо како? И вие да не одите со него на часовите? Не може децата да изгубат уште една година тоа е факт. Само што мерките не се во ред и може само полошо да е со нив.
Ќе го научиш да, во тоа не е проблемот. Туку кажи ми дали детето ќе успее да се допази од лудаци кои на црвено поминуваат, а тебе како пешак ти е зелено. Мало дете во еден таков момент како ќе изреагира?? Не дај Боже може трагично да заврши. Прееска кога одев да фрлам ѓубре преку главна улица, еден забрзан на негово црвено не застана, ќе направеше судар ако во последен момент не закочеше со сета сила на цел пешачки. Дете ако не ја види забрзана колата или ако помисли дека ќе застане и помине на зелено за пешаци, што може да му се случи? Ние возрасните треба да отвараме 4 очи кога поминуваме преку улица, а децата колку?
Залудно пишуваме тука, како ќе кажат, така ќе правиме, сакале ние или не, тоа е. Само едно е сигурно знам. Онлајн настава од 1-3 одд е нефункционално, Дома кога беа родителите за време на карантинот и полицискиот час, плус затворени беа моловите, рестораните, кафулињата, кладилници, казина.. се имаше колку-толку време да се работи и помага на дечињата. Сега се кога е отворено, сите со смени на работа, многу тешко ќе оди комуникацијата. Ако се почне со оваа категорија на деца со онлајн, ќе биде чист промашај.
Не можам да кажувам за децата, не сум родител, ама за себе можам да кажам. Факултетот ми е таков што си бара физичко присуство, односно имаме пракса која не може да се изведе онлајн. Да не правам пак муабет за погорните години. Предавања ајде, може некако онлајн, ама вежбите што ги изгубивме се незаменливи. Не е исто да видам човечки орган и да го фатам во рака, и да го видам на слика или видео онлајн. Не е тоа тоа. Хемија експеримент не можам дома да направам. Едната моја цимерка пример, бар до сега немаше практична настава, комотно може да биде се онлајн, другата пак, скоро се и беше практично, вклучително и поагањата. И не е нешто што може дома да го учи на камера. Јас сум за онлајн настава кај тие што може, ама за мојот факс сметам дека не е изводливо. Никој ништо не кажува за студентите, а еве, уште месец - два, почнува академската година..
Не бев напредна. Сите одеа сами. Така не воспитуваа. Да сме самостојни. Ти зборуваш за екстремен случај и со тоа релативизираш. Ако живее во Ѓорче, а оди во Аеродром секако дека ќе го носи некој, посњбно во пандемија. Моево носи и по 3ч маска. Дури и на Водно, ако треба. Најавите се са одат 50% од децата во школо, значи помали групи. Ако правилно се организира, се е можно. Цел свет отвори, само ние не можеме, ние имаме еден куп изговори да не одат децата во школо. Пишав и во некоја од темите, мора наставниот кадар да е посовесен. Нема големи одмори, нема цигари, кафиња и дружби по канцеларии и сопчиња. Ќе се внимава на децата како главен приоритет. Чистење и хигиена исто, мора да се појача, а не тоа вц-њата смрдат на километри и школото никад не купило тоалет и САПУН во 21 век. @cresa-jagoda опасност има и за мене и за тебе. Ние како народ сме убиј боже. Сообраќајна култура никаква. Еве едно многу интересно честиво каков народ сме. https://m.mkd.mk/makedonija/politik...kata-e-vo-nas-nashiot-mentalen-sklop-vodi-kon