1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Онлајн настава

Дискусија во 'Коронавирус' започната од referentka, 29 јуни 2020.

  1. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Па неможам да зборам во името на сите, мене мајка ми и татко ми ме зимаа (бев целодневна) а нивното работно време беше тогаш до 14 и 15h.
    Но ова за прваче/втораче... Понатаму ќе може и само да си доаѓа дома. Но сепак језивко ми е оставање дете помало од 10 год. само дома. Затоа постои таа целодневна, за родители што немаат баби и дедовци.
    Во нашето училиште (на ќерка ми, ова во населба) учителките ги поттикнуваат и охрабруваат децата уште на 8 год да си носат клуч од дома, и сами да се враќаат, да станат самостални, што е и во ред.

    Незнам што друго да коментирам, едни те исти муабети се вртат и тука и по групите на фејсбук. И така на крај Мон ќе одлучи, џабе да се нервирам. Важно и родители и наставници се испокараа меѓу себе :D
     
    На azelea, mareane, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Јас па само една другарка од маало имам што одеше целодневна. Во ниту едно школо во близина немаше таква опција, а има 4.

    Браво за персоналот што ги учи децата сами да одат дома.

    Нема што да се караме. Дискутираме, секој со своето и ко што викаш, како ќе кажат, така ќе биде. Освен ако не се направи протисок од родителите, што во државава тешко ;)
     
    На SummerGirl, mareane, Kitten и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    МОН може да одлучи, тоа не значи дека народот треба да почитува.
     
  4. Ева33

    Ева33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.213
    Пол:
    Женски
    Ќе почитува, ќе почитува како се друго што слуша..

    Ако речат, онлајн настава, тоа е, нека се снаоѓаат родителите со помали деца, за поголемите полесно е.

    Ако речат да се оди на училиште, нема сакам-не сакам..
    Ќе се има одредени протоколи, дезинфекции,следење насоки...
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Секогаш можеш да одбиеш да правиш нешто, со кое не се согласуваш.
     
  6. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    И во нашево маалско има целодневна, 2 паралелки, една паралелка класична настава. Ќерка ми ја запишав целодневна, но за среќа не сум од тие родители што немаат опции, стално ќе има кој да ја земе, едноставно повеќе ми се свиѓаше целодневна од многу аспекти. Но што да прават другиве родители :?:

    Иначе карањето што го спомнав се случува на фејсбук, по групите. Членувам и во група за просветни работници, и во група за родители кои поддржуваат да се вратат децата во школо, а сега се формирала група за родители што инсистираат онлајн настава, отворена, можев да им прочитам коментари... Каша попара е по групите, партали се праат. Колеги се расправаат, се нарекуваат со секакви зборови, родителите бетер... Малограѓанштината исплива на површина.
     
    На duffi, azelea, mareane и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Ева33

    Ева33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.213
    Пол:
    Женски
    Кој и модел да го одбиеш, само оди на штета на детето.

    Ако не го пушташ на училиште, а се одлучи за идење на настава, образовај си го дома сама, никој не ти брани.

    Исто вака се "дебатираше" и за Кембриџ програмата, ниту родителите ја сакаа, ниту наставниците ја прифаќаа, но ни наложија од МОН и БРО, и ко попчиња сите си легнавме на брашно.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Аха... а ако ја пуштам да се зарази, 'корист' ќе има.
    Во кој свет така?

    Научете да седите пред камера и да предавате, и нетуку наоѓајте изговори.
     
  9. Ева33

    Ева33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.213
    Пол:
    Женски
    Шо сакаш прави бе женче, твое дете-твои одлуки.

    Ако се одлучи за идење, а ти не го пушташ детето на настава, не очекувај од наставникот дека ќе ти "удоволува" и додатно само за твоето дете, секој ден после часови на училиште ќе држи онлајн настава.

    Се знае, или-или...
    Или онлајн, или физичко присуство..

    Како за сите, така и за тебе
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Леле кoлку дoсaден тек нa дискусијa, едни исти реченици дo недoглед се пoвтoрувaaт. Гo зaтупувaте фoрумoт.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ева33

    Ева33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.213
    Пол:
    Женски
    Слажем се...

    Смените тема (fingers)
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Не само за моето, за да ги заштитиме сите деца.
     
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Верувам на никој не му е сеедно да пушти дете во школо. Па и тебе нема да ти е сеедно да одиш на работа, да се мешаш, а до скоро си била само во кругот на домашните.
    Реалноста е друга. Не можеме да седиме дома до недоглед. Наместо притисок за он лајн настава, притисок за хигиена и почитување на протоколите треба да има. Кога можат приватниве шлоли/градинки, ќе можат и државниве.
     
    На duffi, azelea, Kitten и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Ева33

    Ева33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.213
    Пол:
    Женски
    Нема вистински и правилен избор во оваа ситуација.
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Има, само ви е мрза да предавате.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ева33

    Ева33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.213
    Пол:
    Женски
    Ти не бери гајле за нас, си има надлежни служби за тоа, гледај си го детето твое да прерасне во здрава,свесна и самостална личност, а дали го изнесуваш на прав пат... Знак??
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  17. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    @WildMk Малите од 1 до 3 мора да одат на училиште, инаку ќе останат неписмени. Ама мора да има поделба на одделенија на повеќе групи од по 5-8 деца. И да има добар протокол кој ќе се остварува во целост за да можат да се заштитат учениците, па и наставниците.
    А за поголемите ученици се согласувам дека треба да следат онлајн настава. И наставниците редно време е да си ја сфатат сериозно работата и да спроведат како што треба онлајн настава. Имам еден професор на факултет тотално информатички изгледа неписмен, ни на мејл не комуницира со нас, а за онлајн предавања да одржи поарно ич да не збориме, не одржа ни едно предавање, моравме сами да учиме, а за испит не сакаше да слушне онлајн. А замисли докторска титула стекнал, на факултет професор станал. Што да речам тогаш за оние неписмените, партиски напикани наставници по училиштана, од нив ли ќе очекуваме да одржат настава. Тие не се способни да одржат квалитетна настава со физичко присуство, децана се со дупки во знаењето, полуписмени, а за воспитание да не збориме. А за онлајн настава да се спроведе квалитетно потребна е прво чистка на кадарот што не е за во образование, па потоа да очекуваме да примат нови, едуцирани и кадри кои знаат и да воспитаат деца, а и кои ќе бидат информатички писмени да работат со компјутер и да одржат онлајн часови. А до тогаш ќе оди сè на штета на учениците што и да се одлучи за од септември...
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    На некои платформи нема опција да запамтиш пасворд зашто различен пасворд е за секоја соба која ја формира професорот. И треба сам да го пишеш.
    А сега беше оставено на професорите да изберат преку која платформа ќе предаваат, повеќето избраа зум.
    Луѓе и јас сум седела со саати на телефон и со саати на лаптоп.
    На телефон сум почесто вака од досада и немам толку гајле зашто помал екран е.
    Ама после цел ден на лаптоп правејќи семинарска не можам нормално да функционирам. Глава ненормално ме боли, кичмата ми е укочена, очиве ме печат до немајкаде. Едвај чекам да се фрлам на кревет.
    А како секојдневно ќе влијае тоа на мало дете? Оти ем настава ќе слуша, ем ќе праќа материјали па нешто ќе заглави, па ај родител да види и дополнително време.
    На 5 години и јас наоѓав солитер и пинбол на компјутер. Ама ги научив чекорите. Знаев она доле зеленото па Games па Pinball. Толку.
    Инаку од англиски ни А не знаев. Не па да даунлоадирам, да праќам меилови.
    За деца од 10+ години океј. За помали - малку потешко.
     
    На azelea, Kitten, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Не мораат ни малите.

    Реков сто пати на темава.
    Ако овој кадар е неспособен, има други кои се способни.
    Нека ги испуштат овие, нека вработат такви што се способни, желни за надградба и спремни за промена.
    Ќе имплементираат програма која е соодветна за таа возраст.
    Постојат алатки, недостига асертивност.
     
  20. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Кажи ми како преку компјутер ќе описмениш дете? Да видиш како пишува? Па да го поправиш? Или родителите треба и наставници да бидат?
     
    На mareane, azelea, Kitten и 2 други им се допаѓа ова.