Не можеш да споредуваш порано и сега. Ти си преминувала булевар сама, ама колку беше празен градот се сеќаваш? Никогаш немало вакви страшни гужви по улици како последниве години. А за другото, едно е како ние знаеме дека е правилно а друго е какви се можностите и лошата реалност. Не споредувај свет и кај нас. Сегде отворија, ама ѕирни какви училишта и градинки имаат, и во какви услови седат тие деца таму па нека ти текне како е кај нас. За кај нас не ми се збори искрено. А дека за еден месец ќе створат безбедни услови, ако се лажеме само. Плус, кај нас луѓето се како пуштени од ланец, неизживеани. Се мешаат како да нема утре, па после ќе си ги пуштат децата во школо. Истите тие им зборат дека вирус не постои. И така после наставниците ќе се борат со децата за да држат дистанца и да носат правилно маска, ако воопшто и се замараат.
Ова исто. Секако ќе го носи некој од родителите, ама јас не зборам за носење туку за земање после часови. Родителите ако се на работа а детето има скратени часови, кој ќе го земе? На работа не можам да го носам да седи, баби и дедовци не треба да се мешаат со нив. Многу луѓе се соочуваат со проблемов, ама ако не си им во кожа лесно е да кажуваш ''решенија'' кои во реалноста ги нема, не постојат.
Зошто им е мрза да предаваат. Има и такви како и секаде што има но има и супер наставници. А ако МОН толку сакаше да инвестира во образованието пред се на нашите деца ќе спроведеше обука за ИТ вештини на наставниот кадар. Се се прави без план и визија. Но до толку да се омаловажуваат наставниците не се согласувам. Верувајте дека има и родители кои се млади а не знаат основни ИТ вештини.
Исто како во училница. 'Дај да видам што си напишал/а' ... и ќе ја исправи тетратката пред камера. Буквално исто, како да исчекори 5 чекори до детето и главата да ја наведни за да види што пишувал/а. Нека се уклучат наставниците да предаваат, после лесно е за другото. Од 12 предмети, само еден наставник држеше предавања и тестираше со вклучени камери и микрофони. Тоа се случи во школото на ќерка ми. Епа ќе ме извиниш, ама 11 наставници, 3 месеци да се дома и воопшто да не се ни потрудат да уклучат камера, нема оправдување. ФИНКИ им понуди и да ја инсталира нивната платформа и да го обучи кадарот да ја користи. Зошто не прифати МОН? Што ги спречи? Мрзата. Неодговорноста. Незаинтересираноста. Тие би, да си биди како што беше. Каде никој од родителите не ги гледа што и како прават. Пошто оние изминати 3 месеци, ги видовме колку се способни. Прашај кој сакаш родител, ќе ти каже дека тие учеле со децата, тие им објаснувале, тие практично им предавале. А илијадници вработени во образовен сектор, спиеле 3 месеци и земале плата. Нема оправдување, само и само изговори. ----------------- Пошто го повторувам на секој поединечно муабетов, од сега, ќе ве молам да прочитате што е пишувано претходно, бидејќи на сите овие прашања е одговорено по 10 пати најмалку.
@WildMk и не треба да го повторуваш,сфативме. Сепак,тоа е твое субјективно гледиште и не мора да значи дека е исправно и прифатливо.Исто како и моево и на другите.Секој си кажува како мисли,тоа е...Нема потреба да убедуваш никого или да се трудиш. И онака,небаре па некој не праша нас,па како поротницине да се усогласиме и да заземиме заеднички став.
Не убедувам. Постојано ги поставувате истите прашања, затоа постојано повторувам исти одговори. Да прочитавте, немаше да има потреба од повторување. Како што рече: Мислење е.
Епа прочитавме и првиот пат кога пиша дека од 12 наставници 11 не уклучиле камера,ми се чини во првите мислења на темава беше. Слаб аргумент за да останат затворени училиштата,кога секаде врие од деца,кафичи полни,паркови плажи врие и гори од луѓе.Од аспект на безбедноста,апсурд.Од аспект на ефективноста на наставата еве јас имам ново прашање: -Дали реално очекуваш дека ќе се промени ситуацијата од септември и од 12 наставници,барем 10 ќе уклучат камери? Само немој одговор од типот „Епа ќе мораат ако сакаат да задржат работни места“.Само реална проценка на веројатноста,дали има шанси нештата да се сменат.
Очекувам, ама што корист од очекувањето? Се' додека не ги казнат, очигледно не делува ништо на овој народ. Не ги гледаш журкине? Ти им збораш, ко на дрва да им збораш. Исто би било и во школите. Ако им е мрза камера да уклучат, мислиш нема да им е мрза да ги пазат во школо?
Очекуваш,ама се спремаш да пријавуваш.Е баш како што рече џабе очекувањата кога немаат никакви обуки и стратегии,нови програми итн.Не се тоа реални очекувања. Ги гледам јас жуките и јасно ми е.Не можи никој да доварди деца,кога дури и возрасни и покрај парични казни си тераат исто.Еве методов со парична казна не вроди со плод,со физичка сила не ми се верува да експериментираат.
Да де,ама затоа секаде можи-родендени,имендени,журки,паркови,игралишта,базени,аква паркови,кафичи.Супер!
Баш заради тоа. Оти знаеме сите дека повеќето не пазат, затоа оние кои пазат, нема да ги мешаат децата со првиве.
@WildMk Прво да го надополнам моето претходно мислење. Не ги мрзи. Едноставно имаа избор и го избраа полесното како и секогаш. И кај моето дете вклучија камера само неколку наставници по сродни предмети. Останатите не. Е сега ако ја согледаме ситуацијата дека преку ноќ децата останаа дома и се беше брзински направено можеби и полесен избор им беше тој на наставниците, бидејќи имаа оставено избор. Да тргнеме по ред, има семејства со повеќе деца, доколку сите наставници вклучија камера и предаваа во работно време пак ќе имаше незадоволни. Односно како родителот преку ноќ да обезбеди уште 2 компјутери за децата. И не спомнувајте веднаш дека ќе се помогнело на ранливи категории бидејќи ете има некои што не се ранливи па пак немаат пари. Друга работа е што и дел од наставниците се родители на помали деца. И тие се најдоа затечени за чување на нивните деца. Дел од постарите наставници изиграваа баба и дедо сервис за нивните деца да не останат без работа. Градинки и школи не работеа ама приватен сектор мораше да работи. Па и тие луѓе некако се снаоѓаа за да не останат без работа. Се знае дека кривина ќе фаќаат тие што се под буџет. Зошто наставниците би биле виновни затоа што МОН не ја прифатиле обуката. Што требаше да направат и кој е тој јунак административец што сам ќе бара ангажман кога може да си помине и вака. Но ако МОН наредеше да се уклучат камери и да се предава и тоа како ќе ги уклучеа. Друго неморам да прашувам било кој родител дали учел со детето. Јас самата сум родител и воопшто не седнав ниту еднаш да учам со детето. Само учеше. За нејасни работи поставуваше прашања и наставниците одговараа. Е сега и кај нас имаше многу разочарани родители кои претходно глас не пуштаа и се упикуваа на професорите за подобри оценки. Си ги воздигнуваа децата како им се со сите петки и се знаат, ама останаа дома и тогаш излезе вистината на виделина, дека едноставно не ги бивало за учење и дека сепак не биле многу надарени. И за крај без нервози за прашањата. Едноставно е, посетувам теми кои ми се интересни, читам последни мислења и последни нивости. Ако некој коментар ме допре тогаш коментирам. Зарем мислиш дека можеме сите да ги дочитаме твоите мислења, па толку многу коментари имаш што ќе треба отказ од работа да дадам и семејство да запоставам за да ти ги исчитам сите мислења низ темиве.
Нит онлајн настава нит настава со физичко присуство оваа година ќе има како што треба. За онлајн настава никој не е спремен ни државата и МОН да даде ресурси обуки,ни наставниците ни родителите.Оти за таква настава треба сите 3 чинители да се вложат подеднакво.Во Шведска од старт беше така основците одеа а средно и факс онлајн но државата им обезбеди лаптопи. За настава со физичко присуство ќе биде исто хаос со мерки кои и да сакаш не може во целост да се почитуваат, со огромни отсуства од ученици и кадар.Еден наставник да го фати обична настинка еден симптом да има треба да се изолира оти работи со најранлива група.За еден отсатен наставник во нормална состојба се прави хаос со часови досега а не сега.Едно дете со кашлање (а секој ден најмалку неколку кашлаат)сите во ризик и пак дома.... Работава тешко и на деца и на родители и на наставници.Пишете една пропадната образовна година. Лично јас сметам само со помалите деца да се оди во скроз мали групи и само со скратена програма со основните цели а сите останати посебно средно и студенти ама со добро организирана онлајн настава и само најосновните практични вежби некаде таму напролет...Оти средношколците и студентите кога ќе почнат по автобуси ,домови, заеднички кујни и купатила ,предавања во амфитеатри со 100души или по 40 души на вежби во мали простории тоа ќе биде хаос.