1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Онлајн настава

Дискусија во 'Коронавирус' започната од referentka, 29 јуни 2020.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Нека се бунат кај МОН и нека предаваат, оти за тоа се платени.

    Оди кај некој приватник, не работи, па чекај плата да ти даде.
    Кај има такво нешто?
     
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Македонија од 1 септември сака да биде Финска, но...

    Никој не ги прашал наставниците и директорите од основните и средните училишта што мислат за начинот на кој треба да се организира наставата во новата учебна година, иако тие најдобро ги познаваат сите маани на македонското образование. Дел од нив негодуваат бидејќи наместо да се искористи летото за сериозни анализи и подготовка на наставничкиот кадар за работа во специфичните услови коишто ги донесе корона вирусот, се’уште не се знае како ќе функционира наставата. Според најавите, Македонија ќе го следи примерот на повеќе европски земји коишто планираат воведување комбинирана настава. Во игра се повеќе модели кои предвидуваат враќање на учениците во клупите, скратени часови, намален број на ученици во училниците, обврска за носење заштитни маски, но и онлајн настава во местата со голем број заразени од корона вирусот.

    Ваквите комбинаторики и неизвесноста создаваат недоумици кај наставничкиот кадар, но и кај родителите. Кој ќе гарантира дека ќе се почитуваат мерките за заштита во училишните дворови? Како наставниците и децата ќе зборуваат и по неколку часа во денот со маски на лицето? Што ќе се случи ако физичкото присуство во училниците предизвика разгорување на заразата од корона вирусот?...Ова се само дел од прашањата коишто предизвикуваат главоболки во пресрет на септември.

    Децата не може да се затворат во „стаклено ѕвоно“
    Министерството за образование и наука деновиве пред Комисијата за заразни болести презентира неколку модели за настава. Комисијата треба да одлучи кои од нив се прифатливи и ќе станат практика во новата учебна година. Елизабета Наумовска, заменик-министерка за образование вели дека заеднички став на Министерството и на Комисијата е дека учениците мора да се вратат на училиште.

    Работната група која ги изработила моделите на настава и протоколите за безбедност работела од 7 мај, годинава. Наумовска вели дека еден од моделите предвидува физичко присуство на ученици, со скратени часови и поделба на учениците во помали групи. Часот би траел 20 минути, а во училница би имало по најмногу 15 ученици, зависно од големината на просторијата. Меѓу секоја смена на ученици ќе треба да се дезинфицираат училниците и ивентарот. Сите ќе мора да носат маски постојано додека се на училиште. Таа уверува дека наставниците нема да работат прекувремено.

    „И Бугарија, Србија, Хрватска го прават истото. Пандемијата очигледно ќе потрае, ние не можеме во стаклено ѕвоно да се затвориме. И сега децата се движат и се дружат на отворено, а се разбира дека треба да ги почитуваат мерките што се на сила“, вели Наумовска.

    Таа открива дека постои опција во различни градови и региони, па дури и училишта во иста општина, да се применува различен начин на настава. Сѐ ќе зависи од тоа колку ученици има во училиштето, дали има услови за сменско работење, одржување хигиена, колку заболени има во тој регион и слично. Наумовска укажува дека еден избран модел не мора да се применува цела година во училиштата.

    „Ќе им оставиме поголема слобода на директорите да си формираат свои тимови во училиштата кои ќе направат добар распоред. Сѐ ќе зависи од епидемиолошката слика. Ние ќе бидеме подготвени и за онлајн-настава. Па, ако во едно училиште се заразат повеќе ученици, или пак, има зголемен број на заболени во тој регион, веднаш ќе се прекине наставата со физичко присуство“, вели Наумовска.

    Во оние училишта во кои има поголем број на ученици и нема да може да се поделат во смени, ќе се понуди модел на комбинирана настава. Учениците ќе ротираат со наставата. Една група ќе оди еден ден во училиште, а втората ќе има онлајн-настава.

    „Три дена на училиште, два дена дома, ќе биде опцијата за преполните училишта“, вели Наумовска.

    Од дома ќе учат децата со хронични заболувања. Секое училиште ќе треба да направи план за онлајн-настава и да избере платформа за дигитално учење.

    „Мора да сме спремни и на тоа дека во секое време може да се промени епидемиолошката слика и дека ќе мора да се вратиме на онлајн-настава. Затоа, секое училиште ќе избере платформа која наставниицте и учениците ќе мора да ја совладаат добро. Ова е планот и во случај ако цело или повеќе одделенија мора да одат во изолација“, вели Наумовска.

    Сличен концепт во Финска
    Настава во училиште ќе има во речиси сите европски земји, но со посебни мерки и протоколи. Одржување дистанца, намален број на ученици во класови, носење маски. Исто така, сите се подготвуваат и за онлајн-настава во случај да се разгори кризата со коронавирусот. За оваа проблематика разговаравме со Лора Ниеми, виш специјалист во Министерството за образование и наука на Финска, која важи за една од земјите со најдобар образован систем во светот.

    Таа вели дека Законот за основно образование и Законот за европско училиште на Хелсинки се привремено изменети и дополнети. Ниеми објаснува дека дополнувањата им овозможуваат на образовните институции да се префрлат на примена на вонредни мерки кои произлегуваат од пандемијата со коронавирусот.

    „Предложените измени ќе обезбедедат безбедно одвивање на наставата од есента 2020.

    Овие законски измени стапија на сила на 1 август 2020 и ќе се применуваат до 31 декември 2020. Оваа есен основното образование, ќе биде организирано на локално ниво. Доколку, наставата не може да се организира според дадените упатства за безбедност, хигиена и санитарни услови, ќе може да се пренесе на друго место со одлука на општината. Во овој случај, за да се обезбеди безбедно учење, може да има ротирање на настава во училиште и учење од далечина. Односно некои групи да можат да учат од далечина и да се ротираат со други групи“, вели Ниеми.

    На учениците им следува оброк во училиштата, поддршка во учењето и присуство на училиште и едукација за социјални придобивки во време на вонредни ситуации. Се одржува дистанца, така што бројот на учениците во одделенијата е намален.

    Ниеми вели дека во Финска не постои национална платформа за учење на далечина.

    „Не постои само една онлајн платформа која се користи во финските училишта, така што, таа е различна во зависност од училиштето и општината“, вели Ниеми.

    Во Македонија се доцни, наставниците не се информирани
    Иако надлежните тврдат дека се подготовени за секакво сценарио, во тоа не се убедени просветните работници. Тие замеруваат дека немаат никаква насоки за наставата иако новата учебна година е на прагот. Дел од нив сметаат дека не биле доволно вклучени во носење на одлуките.

    Наставничката Марија Дончева од основното училиште „Никола Карев“ во Кочани прашува зошто се преземаат модели од земји кои се далеку пред нас со здравствени капацитети и имаат високо развиена свест и култура.

    „Како ние можеме да се мериме со нив? Ние сме родители и наставници. Како наставници подобро ја согледуваме ситуацијата. Знаеме колку децата почитуваат мерки и со кои капацитети располагаме во училиштата. Дел од прашањата на кои треба да добиеме одговор се: Дали ќе се укине кабинетската настава за да не се разнесуваат вирусите од една во друга просторија? Дали ќе се делат маски на децата од ранливи категории? Како ќе се одржува дистанца во тесен ходник и на одмори? Дали децата вадејќи и ставајќи ги маските со нечисти раце, при јадење и пиење, нема да направат полошо? Што е со учениците кои патуваат?“, прашува Дончева.


    Според неа, без оглед каква ќе биде одлуката за наставата од септември, присилното воведување виртуелна настава во минатата година ги разоткрила сите маани во македонското образование, коешто е пред колапс. Наставниците не можеле преку ноќ да се вклопат во новиот начин на работа бидејќи никој не ги обучил за онлајн-настава и можностите за подучување. Таа вели дека не се сеќава кога последен пат бил одржан семинар кој ќе придонесе кон подобрување на квалитетот на наставата.

    Некои од наставниците, пак, биле убедени дека наставата ќе се одвива онлајн и во новата учебна година.

    Аида Петровска, наставничка по физика во ОУ „Димитар Миладинов“ вели дека многу наставници потрошиле многу од слободното време и многу денови од колективниот годишен одмор за да се подготват за предизвикувачкиот старт на учебната година и да истражат многу платформи и веб алатки за онлајн наставата да ја направат попривлечна и поинтересна

    Повторно импровизации?
    Професорката Елизабета Секирарска, од средното економско училиште „Перо Наков“ од Куманово вели дека со оглед на тоа дека МОН во моментов сѐ уште не излегува со конкретни насоки по основ на тоа како ќе се старува во септември, „базата” сѐ уште не знае како ќе функционира воспитно-образовниот систем.

    „Знаеме дека МОН изработи концепт и акционен план за учење од далечина, и дека се разработуваат неколку опции за новиот старт, од враќање во клупите со почитување на протоколите, работа во смени, комбинирана настава од типот на настава „во живо” и онлајн, како и целосна настава во онлајн формат. Но, се доцни со конкретни чекори и подготовки, затоа што новиот старт е на прагот и ние како фела, но и децата и нивните родители сме во состојба на исчекување, дилеми и недоумици“, вели Секирарска.

    Таа се надева дека нема да има импровизации во наставата како лани и дека МОН ќе креира решенија за наесен според реалните околности и во нивен контекст ќе се избере опција која ќе одговори на приоритетот - во фокус да бидат децата и нивната безбедност.

    Директорот на скопската гимназија „Орце Николов“, Митко Димовски вели дека единствено што знае е дека се работи на план за работа и протоколи. Дел од моделите се познати, но надлежните сѐ уште не им дале инструкции како да постапуваат и како да се подготват. Тој вели дека подготовките можеле да бидат и подобри. Онлајн-наставата, според него имала одредени аномалии, особено кога учениците требало да одговараат за оценка или требало да решат онлајн-тест.

    „Прашање е колку тие сумативни оцени можат да бидат и објективни. Можеби за предавањата е во ред иако таа интеракција која треба постои меѓу учениците, но и меѓу професорот и ученикот е на незавидно ниво. Не можеме целосно да се предадеме на дигиталниот свет бидејќи ќе станеме социјално оттуѓени, а воспитно-образовниот процес тотално ќе ја изгуби својата цел“, вели Димовски.

    Според Димовски најдобро е да се понуди комбинирана настава, модели кои ги имаат повеќе земји.

    „Учениците да се вратат во школо, да се работи по скратени наставни програми, редуцирана настава од септември до средина на ноември 2020 година и од април до јуни 2021 година. Тоа би значело дека учениците ќе доаѓаат во групи и би се менувале на неколку дена или една недела, а часовите да не траат повеќе од 30 минути. Во месеците помеѓу ноември и април училиштата да имаат план за настава преку далечинско учење со утврден распоред. За време на наставата во училиште, да се почитуваат мерките и препораките за заштита од Ковид 19“ – вели Димовски.

    Поделени мислења кај родителите
    „Битките“ за мислења какво образование ни треба од 1 септември се водат и на социјалните медиуми. Дел од родителите се за онлајн-настава, други да се тргне на училиште.

    „Дефинитивно сум за тргање на училиште од септември бидејќи од искуството со ланската онлајн-учебна година сфатив дека на мојата ќерка многу и недостасува директниот контакт со наставничките и со учениците, како за учење, така и за социјалниот развој. Од физичкото присуство во училиште не се плашам затоа што децата веќе научија како треба да се однесуваат и да се заштитат, самите се свесни и ги применуваат мерките. Но, за од септември се плашам како ќе се организирам со едно прваче и со третоодделенка кога ќе нема целодневна настава. И јас и сопругот сме вработени, така што нема кој да ги зема од училиште во различни смени со скратени часови и да седи со нив дома. Тоа е мојата најголема грижа во моментов, а верувам и на многу други родители“, вели Даница Тунтевска – Вујовиќ.

    Од другата страна се родителите коишто сметаат дека здравјето на нивните деца ќе биде загрозено доколку тргнат на училиште и дека никој не може да гарантира дека ќе се почитуваат мерките за заштита што само ќе допринесе да се разгори кризата со корона вирусот по почетокот на учебната година.

    Ако се земат предвид досегашните искуства на непочитување на мерките за заштита од младата популација, како и најавата на здравствените власти дека од септември не’ очекува нов засилен бран на епидемијата, се чини дека стравувањата на родителите се повеќе од оправдани.

    Повеќе модели и во соседството
    Според последните изјави на српскиот министер за образование, Младен Шарчевиќ децата и родителите во Србија, самите ќе избираат како ќе учат. Но, ако се одлучат за онлајн-настава ќе мора да дојдат во училиште само да одговараат за оценка.

    Учениците кои ќе одат на настава во училиште, ќе имаат неколку смени, часовите ќе траат 35 минути и сите ученици ќе имаат само по 4 часа. Во една училница ќе има најмногу 15 ученици и сите ќе треба да носат маски.

    И во Хрватска, целта е сите ученици да одат на училиште. Подготвени се три модели, еден со целосно физичко присуство на учениците со посебни мерки како одржување дистанца, носење маски и скратени часови. Вториот модел е комбинирана настава, при што часови во школо ќе има за учениците во пониските одделенија и оние во завршните години во основно и средно, а онаму каде што има просрни услови учење во смени за сите ученици. Третиот модел е целосна онлајн-настава.

    https://samoprasaj.mk/naacik/1699-1
     
    На mareane му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Во ситуацијава приватникот е МОН. Така да тој треба да каже, наставниците никој не ги прашува.
    Ама и приватно доколку ти каже газдата слободен си, уживај, плата ќе си добиваш редовно, зарем мислиш има некој што ќе рече несакам. Ретки исклучоци се тие во мкд. Јас не сум административец и никогаш не би можела да бидам. Неможам едноставно да го гледам начинот на функционирање на таквиот систем а да не се обидам да променам нешто. А таму промени не се дозволени :) може отказ да си потпишам така. И затоа не фала.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.801
    Пол:
    Женски
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    На cresa-jagoda и naturallmess им се допаѓа ова.
  6. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Дали наставата ќе се одвива со скратени часови или во некои од училиштата ќе се оди етапа по етапа сето тоа ќе биде прилагодено на моменти. Битно е да се сфати дека ние ќе мора да живееме со вирусот, социјалниот момент кај децата и нивното школување ќе треба да биде поставен од авторитети. Секој момент на одложување на започнување на училишната година во иднина ќе не чини поскапо, изјави д-р Ангелчо Андоновски, директор на детската болница Козле во „Ја сакам Македонија“.

    На прашањето за која возраст ќе бидат задолжителни маските во училиштата, Андоновски вели дека се уште се водат дискусии, и дека за најмалите најважно ќе биде одржувањето на дистанцата.

    Се уште сме во дискусии за тоа какво модел ќе се прифати во однос на носењето маски во училиште. Пред се потреба е една едукација почнувајќи од најмалите за нив најважно е да се одржува дистанцата. Првачињата во оваа ситуација ќе бидат изоставени, носењето маска за нив ќе биде додатна психолошка бариера. Додека кај децата над 10 годишна возраст маската ќе биде задолжителна, објасни Андоновски.

    [​IMG]


    На прашањето како на дечињата од шест години ќе им се објасни дека не треба да се групираат и да одржуваат дистанцата, Андоновски вели дека ќе има список на задолжение по протоколот кој ќе мора да се контролираат.

    [​IMG]
    Прво училиштата ќе мора да ги исполнуваат поставените услови за да започне школската година, треба да има задолжен човек на самиот влез кој ќе ја мери температурата, ќе треба да има и човек кој ќе биде задолжен за да ја следи ситуацијата и се да се спроведува според протоколите, вели Андоновски.

    Конечната одлука за тоа какво модел ќе се примени за старт на школската година ќе се знае по 10-ти август.

    https://skopjeinfo.mk/prvachinjata-bez-maski-zadolzhitelen-kje-bide-redar-koj-kje-meri-temperatura
     
  7. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.227
    Допаѓања:
    260.082
    Пол:
    Женски
    Од се се знае само дека ќе има редар кој ќе мери температура.(facepalm)
    Кадар кадар вработете на определено да се поделат паралелките...
    И протоколи,протоколи...бла,бла...
    Ова ќе испадне само господ да ни ги чува...
     
    На raww, azelea, Ева33 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
  9. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.786
    Допаѓања:
    8.828
    Пол:
    Женски
    Онлајн настава да, ама се знае време на пандемија, се избегнуваат собиранки, за тоа е и намената, да се спречи ширењето на вирусот. Ама еве кај мене откако децата ги оставија дома пред зграда се собираат до 3 сабајле и тоа најмалку 20 деца. Се прават журки во изнајмени простори кај мене во зградата. Па искрено вака повеќе ќе се заразат отколку во школо каде ќе се спроведуваат некои правила. Дури и за време на полициски седеа само не смееја толку гласни да бидат, и да, тогаш и полицајците дремеа на клупите со нив :@.
    Јас имам мало дете, требаше да почне од март во градинка, ама поради условите дома ќе остане дури не се смири ситуацијата, не би го пуштила ни од септември иако градинката ни ветува услови затоа што е приватна, сепак е мало детенце од 4 години.
     
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Мене едно пак не ми е јасно

    Ај до трето ке одат на училиште со скратени часови.
    Наставата ке почне во 8 и ке заврши во 11 на пример.
    И после 11 ??
    Сите баби немаат!!!?
    Кој ке ги згрижи?
    Дневните центри ке се отварааат ли?
     
    На azelea, duffi, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  11. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Имаше некои иницијативи Рефке за родителите на децата што ќе одат у школо да важи уште она еден од родителите да работи од дома или да биде ослободен од работа.
     
    На cresa-jagoda, SummerGirl и referentka им се допаѓа ова.
  12. Ева33

    Ева33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.213
    Пол:
    Женски
    Овој модел не е вклучен во нацрт планот од МОН.

    Мислам дека е предлог даден од комисијата(не сум 100% сигурна)
    и официјално не треба да се разгледува овој модел
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    А според мене е најдобар. |(:|
     
  14. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.219
    Пол:
    Женски
    Κаκов хаос ќе настане во образованието ! И политичарите κаκо донесувачи на одлуκи, нема ли да ги биде страв да прочитаат и да слушнат што зборуваат граѓаните. Нема ли да ги биде страв да не не донесат најправилна одлуκа (во младите генерации е иднината на државата и е особено важно донесувањето на правилни одлуκи).

    Да не се лажеме, во последните неκолκу години и образованието претрпи неκои промени. Естерни тестирања, полагање матура, воведување деветто одделение... До пред десеттина години не беше таκа.

    Зборот ми беше аκо, образованието се соочувало со сите овие предизвици до сега и онлајн наставата нема да биде ништо ново и ништо страшно. Учениците и онаκа веќе се навиκнати на κомпјутери, за сеκој учениκ-κомпјутер и онаκа по цел ден се на интернет.

    Верувам образовниот процес ќе претрпи промени но, се додеκа има вредни и добри ученици, нема зима.
     
    На DiCaprio и ostoun им се допаѓа ова.
  15. Ева33

    Ева33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.213
    Пол:
    Женски
    Не знам што да кажам, немам јасен став, не знам што е најдобро и најбезбедно, и како родител со училишно дете, и како дел од образовниот процел
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Останува да плаќаш жена. А не може секој. На мене ми одговара овој план затоа што сега сум дома. И плус тоа, имам кој да ми чува деца. Ќе треба помалото да оди во школо, а со големиот да работиме од дома. Ќе биде четврто одделение.
     
    На azelea и referentka им се допаѓа ова.
  18. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.346
    Допаѓања:
    8.117
    Пол:
    Женски
    Децата треба да продолжат со онлајн настава дефинитивно.
    Има многу дечиња со вродени болести, многу родители со хронични болести. Верувам дека таквите деца до сега биле соодветно заштитени, во училиште нема шанса да бидат. Првин кое дете ке седи неколку часа со маска без да ја извади и пипне, па да се фати за лице.
    Едно дете да се зарази, цел клас ке иде во изолација. Пак прекин на наставата.

    За хигиената да не зборуваме, испод секое ниво е. Сапун и тоалет се мисловна именка, служителките со една крпа бришат и ходници, училници, вецеа.

    Со добро изведена онлајн настава не верувам дека ке им фали било што. Посебно на помалите деца, тотално погрешно е они да идат на училиште. Па не учат нуклеарна физика. Секој родител може да им објасни собирање, одземање и сите прости работи кои ги учат.

    Единствени што мислам дека треба да појдат на училиште се средношколците. Кога можат секоја вечер да се собираат и излегуваат мора да одат и на училиште.
     
    На raww, злоба, Dream-Girl и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.294
    Допаѓања:
    20.772
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со се', освен последниот дел. Ако е за така, има и голем број основци што се собираат низ маало секоја вечер.

    Еве општо прашање, да бевте родител на дете од основно или средно и знаете дека детето ви почитува мерки, ќе сакавте да го пуштите во школо со такви кои ни м од маска не пипнале?
     
    На oblace1, злоба, Dream-Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки