Онлајн настава

Дискусија во 'Коронавирус' започната од referentka, 29 јуни 2020.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.790
    Допаѓања:
    323.763
    1. Ако родителот одлучи детето да не оди во школо, дали ќе може од дома да следи он лајн
    2. Кој ќе ги згрижи децата после настава која би траела од 8 до 11?..ако и дцајцата родители работат, дали ќе се отворат дневните центри??...или можеби тие родителие работат со скратено работно време?

    Не разјаснети прашања.
     
    На fana, cresa-jagoda, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.685
    Допаѓања:
    25.264
    Пол:
    Женски
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.785
    Допаѓања:
    41.864
    Пол:
    Машки
    Според мене одлукава е ок.
    Најмалите ќе можат да се описменат, а притоа да бидат колку- толку безбедни со тоа што цели училишта би се пренамениле за 3 генерации/ одделенија.
     
    На Hellobeautiful, raww, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    Во превод овие од министерство: "Не мрзи да се замараме, па еве ви една опција што прва ја смисливме. После вие правете што сакате."

    Тотално неозбилно и неодговорно.
     
    На Veta, Sejfullai, Cacii123 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.685
    Допаѓања:
    25.264
    Пол:
    Женски
    Не мислев на тоа дека од четврто нагоре нема да идат. Туку пола од родителиве на дечињава до трето одделение нема да ги пуштаат во школо чим пишале дека може и онлајн да следат настава а може убаво да ги распоредат низ цело школо.
     
    На azelea, Ева33 и Ahoy им се допаѓа ова.
  6. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.636
    Допаѓања:
    15.785
    Токму така
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Ова им се "избрзани" одлуки и од "ракав" донесени, и тоа под временски притисок на родителите и просветарите, да кажат еве донесовме конечна одлука,а не се земени сите опции во обзир
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    Е, шо и фали на одлуката? Добро е што дадоа избор родителот да одлучи дали сака да оди детето во школо или дома онлајн да учи, полошо ќе беше да немаше избор. Јас не би пуштила мало дете во школо во пандемијава да бидам искрена.
     
    На Принцезичка1, BlackMistery, MrenaRiba и 4 други им се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.018
    Истовремено ли ќе биде наставата, во живо?
    Родители со две мали деца два ли компјутери ќе им бидат потребни?
    Државата ќе ги обезбеди ли, барем за загрозените категории?
    Дали тоа значи родителот нема да може да оди на работа и ќе биде ослободен оти дете од 7-8 г не може само да седи пола ден и по автоматизам не може да се снајде со он лине наставата?
    Ептен смислиле...важно избор нудат. Демек на своја одговорност ги праќаат, дала државата опција.
     
    На Kitten, Ladyyyy567*, kukla21 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е во ред тоа што решиле на помалите да дадат избор на родителите.
    Најдобро е одлуката за своите деца да ја донесат родителите, а не министерството.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.785
    Допаѓања:
    41.864
    Пол:
    Машки
    Владата на Република Северна Македонија на денешната 81-ва седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за организирање на наставата во основните и средните училишта согласно кои образовната програма за 2020/2021 година треба да се одвива онлајн со следните исклучоци:

    1) Учениците од прво до трето одделение да посетуваат настава со физичко присуство во училница, согласно капацитетите на училиштата за спроведување на планот и протоколите на Министерството за образование и наука и со одобрување од родителите.

    За учениците кои имаат хронични болести, наставата да се одвива преку далечина (он-лајн).

    2) Настава со физичко присуство во училница може да се реализира во училиштата со обезбедени санитарно – хигиенски услови за одржување на општа и лична хигиена наведени во Протоколите, согласно епидемиолошката состојба во подрачјето/општината, но само доколку основачот на училиштето поднесе барање до Министерството за образование и наука со образложение за исполнетоста на критериумите и условите согласно протоколите и исклучиво по добиена согласност од страна на Владата на Република Северна Македонија, по претходно добиено позитивно мислење од Министерството за образование и наука и Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

    3) Во училиштата кои имаат паралелки во кои се одвива дуално образование, практичниот дел од наставата, во компаниите, да се одвива со физичко присуство на работно место, со почитување на општите протоколи за заштита и на протоколите на компаниите каде се изведува практичната настава.

    Владата денеска донесе заклучок да се разгледа можноста да се обезбеди финансиска поддршка за работодавачите, преку Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија или преку нов пакет на економски мерки, за родителите на деца кои се запишани во училиште и се до 10-годишна возраст, а во моментот се ослободени од работа и работни активности преку користење на мерките донесени од страна на Владата, имајќи предвид дека истите ќе продолжат да бидат ослободени од работа и работни обврски доколку нивните деца следат настава со физичко присуство, или пак, настава преку далечина (он-лајн).

    Дополнително, Владата ги задолжи Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука и Министерството за информатичко општество и администрација, да ги разгледаат можностите да се предвиди и извршување на работа со скратено работно време или работа во смена за оваа категорија на лица кои во овој момент се ослободени од извршување на работа и работни активности со физичко присуство на работното место.

    Имајќи ги предвид горенаведените заклучоци, Владата го задолжи Министерството за образование и наука, во соработка со Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство да подготви и за наредната седница на Владата на Република Северна Македонија, што ќе се одржи во текот на оваа недела, да достави финални, усогласени планови и протоколи за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година (начин на организирање на наставата, електронска платформа за учење на далечина, носење на лична заштита, број на ученици во училница, број на одделенија/класови и слично, согласно трите модели за одржување на настава).
     
    На cresa-jagoda и Sahlene им се допаѓа ова.
  12. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.241
    Допаѓања:
    15.468
    Пол:
    Женски
    Може имате назад пишано, се извинувам ако се повторувам. Имам едно прашање, зошто само до трето одделение ќе може да се бира како ќе се почне школската година? Објасниа ли зошто е тоа така?
     
  13. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    5.918
    А за наставниците има ли нешто дека мора да извршуваат настава? А не како предходно.
     
    На noteforself и Glowy им се допаѓа ова.
  14. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Што и фали?

    Прво, има наставници што предаваат англиски јазик 1, 3,4,6,7.. во различни одд и паралелки, и со овој начин, ќе треба да работат и онлајн со 4-9 одд, и физички да се присутни на училиште со ученици од 1-3 одд што одзема многу време.

    Второ, не знам како би функционирал системов "по желба"??

    Сите можат да извадат извештај од матичен дека детето има хронични заболувања(што доста често во пракса се користи овој метод/ или народски кажано - оправдание)

    Па секој родител може да "ескивира" кога сака со детето, и поучени од минатите години, да ја иавести учителката 5 до 12.

    А притоа учителката е должна секој ден да оди на училиште(патува со јавен превоз) а во училница да пречека неколку ученици.

    Трето, ќе има ли кој да ги згрижи овие деца после 2,5 часа училишна настава?
     
    Последна измена: 18 август 2020
    На Ladyyyy567* му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    1. Во моето основно од 1-3то беше една наставничка англиски, за 4то и 5то друга и од 6то до 9то други.
    Ќе се организираат и да има такви, 20те часови неделни ќе си ги предадат. Во петок пример со 5то одделенци, во понеделник со 1во одделенци. Школото си е должно да си направи распоред на сите шо им одговара. :)

    2. Зошто не секој родител сака да му оди детето во школо сега и има услови од дома да му обезбеди онлајн настава. И нормално, не се нормални услови, треба да има избор. Гледаш родители ќе потпишат дозволи за одење во школо, не е туку така. Ситуација со која првпат се справуваме е, мора да има избор. Сепак се мали деца и родителите одговараат и одлучуваат за нив. Фер е да има избор.

    3. Па сите одат на работа. И тие во маркети и тие во фабрики, па и со автобуси и работат со луѓе. Така ќе одат и учителите :). Можно е и другите наставници да се во школо, од таму да предаваат онлајн, не само тие од 1-3то. И така треба да биде. Треба да се вложат и да се обезбеди квалитетна настава.
    Нема поента да седат дома со месеци и година да фати и пак целосна плата да земаат, а еднаш неделно домашно од троседот у дневната шо им е да праќаат. Треба да се заангажираат.
     
    На MrenaRiba, Pixi5, Glowy и 5 други им се допаѓа ова.
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Си барате изговори да не работите, само толку ќе ти кажам.
     
    На Glowy, referentka, Celltica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    А зошто да одзема многу време? Како работи во нормални услови? Остатокот од народот 40 саата неделно работи минимум, како е ова повеќе? Не ми кажувај пат работа - дома, зошто никому тоа во работа не му се смета :)
     
    На referentka, Ahoy, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    Видов си доедитирала за тоа со кој ќе ги чува и зема децата +.
    Епа може да се направи за тие дечиња (кои сигурно ќе се во помал број, кај нас памтам целодневна едвај 20 деца одеа од 160 во генерација...), да останат да ги чуваат уште некој плус саат во помали групи од 5-7 дечиња на пример и за тоа време да пишуваат домашни, нешто да ги занимаваат...
     
  19. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Во нормални услови оди на работа, завршуваат часовите, и дома си продолжуваат со своите приватни обврски.
     
  20. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.261
    Допаѓања:
    118.955
    Пол:
    Женски
    1.не се знае
    2.да
    3.не, се расзбира дека НЕ!
    4.Ќе значи дека родителот ќе седи дома, но нема да е ослободен, што значи отказ.
     
    На azelea и danichap им се допаѓа ова.