1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Онлајн настава

Дискусија во 'Коронавирус' започната од referentka, 29 јуни 2020.

  1. Pelargonium

    Pelargonium Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Па тогаш која е логиката да учат онлајн ако после тоа пак се мешаат со други деца?
    Лесно е сега да зборуваш кога твоето дете е веќе поголемо и поодговорно и се описменило во клучните моменти на училиште.
    Прашај некоја мајка што од септември има прваче или втораче. Прашај ја што мисли за ова. Прашај ја како да му објасни на своето дете дека таков битен момент ќе го проследи од дома, пред компјутер.
     
    На Ucenicka123, azelea, Biljarkata и 6 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Ама ризикот од одењето на школо е огромен.

    Секоја сезона, кога едно дете ќе фати вирус, за една недела барем пола во класот се заразуваат, башка домашните нивни.
    Немало сезона, а да не испонастине пола клас.

    Знаете како ќе изгледа тоа со короната?
    Сите ќе се заразите.

    Малите деца, многу тешко ќе ги научиш да се заштитат, башка што е докажано дека за 20 минути во затворена просторија, еден да е заразен, ќе зарзи и други.
    А во школо се по 5 саати затворени во училница.

    Покољ ќе биди
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.404
    Допаѓања:
    81.605
    Пол:
    Женски
    Наставнички бевме:|
    Ама И овие во Австралија иста мака имале:lol: и тие наставници биле.
     
    На Biljarkata, fana, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.281
    Пол:
    Женски
    Реално.
    Со мене ко мала многу работеа и учеа моите. Немаше домашно математика да не седам и решавам со татко ми.
    Пред тест обавезно мајка ми ме преслушуваше. Зборам за до 5-6то тоа.
    Па и понатака ако ми требало помош за задачи сум барала.
    Да ме оставале само на школото верувам дека немаше да имам добри оцени и резултати ко што имав во тек на моето образование во основно и средно.
    Секој ден ме прашуваа што сум учела и до кај сум со материјалот и за сеа беа информирани. Тогаш дури досадни ми беа со толку прашања ама од овој аспект сфаќам дека добро е што толку биле вложени во моето образование.
    Може и дека професори по професија па ќејф им било ептен тоа да го прават.

    Мора некогаш да се помогне и објасни на детето и да се работи со него.
    Во школо има многу пропусти.
     
    На Ucenicka123, BlackMistery, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Како летово и пролетта што се дружевте
    Далеку помал ризик се две деца, отколку 30
     
  6. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.379
    Допаѓања:
    35.753
    Вајлд , сериозно мислиш дека ќе се заштитиш ако детето не ти оди на школо една година?
     
    На Ucenicka123, Biljarkata, fana и 4 други им се допаѓа ова.
  7. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.101
    Допаѓања:
    5.278
    Пол:
    Женски
    Против. Што ако беа повеќе уклучени на предавање кога 80% од нив не слушаа. Мјутнати звучници и само така уклучено. Слушаа тие што и во нормални услови одат на некои предавања. Сега во ситуацијава океј, ама инаку не, со оглед на тоа што не се организираат убаво. И мене лично поубаво ми е да полагам на факс отколку од дома, друга ми е атмосферата некако таму.
     
    На Peperutce1115, edna_malecka, Glowy и 6 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Да
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Затоа наставникот регулира.
    Оваа што им предаваше, ептен внимаваше дали слушаат или не
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.379
    Допаѓања:
    35.753
    Ок...тогаш како се разболеа некои на кои исто децата дома им седеа?
    А што ке биди по година и 15 дена различно?
     
    На Ucenicka123, fana, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Pelargonium

    Pelargonium Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Никако не се дружевме. Детево мое последно си играше со друго дете во март. Не можеш на таа карта да играш и да не ставаш сите во ист кош.

    Наставата и досега се одвиваше во прва и втора смена, сега може да ги поделат и плус по денови. На пример да одат 1-5 одд. на часови прва половина на недела, а од 6-9 да одат втора половина на недела. Би се намалил метежот по школите, а децата би добиле предавање во живо и објаснување на нејасните работи.
     
    На azelea, Biljarkata и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Па ако има пандемија и после септември, пак ќе мораш да пазиш до кој и колку се гледа и да рестриктираш.
    Шо е разликата?

    После учебната година имаат распуст, а според проценките, за наредната ќе има веќе лек или вакцина.
    Се надевам дека стварно ќе е тогаш дедлајнот
     
    Последна измена од модератор: 29 јуни 2020
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.379
    Допаѓања:
    35.753
    За да се вакцинира цело население треба време , имунизација не мора да значи 1 доза само.
    Има толку многу начини да се зарази некој, што илузорно е да се очекува 100 % заштита со тоа што детето ќе го држам дома.
    Не сакам да сум careless , ниту пак да ја затворам дома една година ко во апокалиптички филм . Единствено би правела така ако е со нарушен имунитет детето.
     
    На Ucenicka123, azelea, Biljarkata и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Pelargonium

    Pelargonium Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Ќе се направат посебни протоколи за училиштата. Еве студентите може онлајн да следат затоа што имаат позитивно искуство. Првачињата имаат малку часови и може на групи да ги делат.
    Се согласувам дека вирусот е лош, дека брзо се шири, ама не може да страда ама баш се' од страв дека ќе се разболиме. Страда и економијата. Кога ова ќе помине што ќе јадеме, од што ќе живееме?
     
    На Ucenicka123, azelea и fana им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Тогаш две години ќе учат онлајн
     
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.070
    Пол:
    Женски
    Интересна тема.

    За основно мислам дека не може да функционира.

    На мали деца не можеш да им пратиш презентација и книга по нет и да им речеш: читајте, испитот е за една недела, нив им треба поразлично и поголемо внимание - кое не секогаш го добиваат и во нормални услови од страна на наставниците - ама кое сепак е многу потребно.

    На нив им треба наставник да го гледаат вака физички пред нив, активно да го слушаат, да учат како да го задржат вниманието на часот и да запамтат барем дел од тоа што се зборувало.На 8-9 годишно дете може ќе треба наставникот да дојде непосредно до него, да му објасни индивидуално како треба да се изврши некоја задача или пак да му објасни некој текст и да му укаже на грешки во пишувањето.Едноставно, виртуелното дава само некое чувство на оддалеченост.

    Онлајн, пред компјутер, како ќе исконтролира наставникот дали сите го слушаат?Ќе праша прашање, никој нема да му одговори, па ќе продолжи затоа што не може да рече ајде Петко стани одговори на прашањето.Петко може да се исклучи и да рече дека имал технички проблеми.
    Исто така, премногу е лесно да се оттргне вниманието, особено ако детето се осеќа многу удобно легнато во кревет наспроти училницата која дава чувство дека си во институција и нешто се бара од тебе.

    Друго нешто пребитно е социјализацијата што ја добиваат децата.Одат во училиште, добиваат чувство дека припаѓаат некаде, се дружат, формираат меѓусебни врски.Општо, и дружбата и часот помагаат во градење на карактерот со тоа што децата се соочуваат со најразлични ситуации на кои мораат некако да одговорат.Онлајн, тој сегмент не може да се постигне.

    Одењето во училиште, спремањето за таму, времето кое го поминуваат ги учи дека мора да формираат некакви навики, а тоа останува за цел живот.Со онлајн настава, времето е многу пофлексибилно и додека тоа е супер за млади изградени луѓе, за деца кои се уште немаат чувство за план и организација на денот не може да биде супер.

    Во однос на средните школи и факултетите имам слично мислење, дека не може онлајн да замени физичко присуство.
    Во средно, повторно е многу битно она одење во школо, здружување, социјализација.Секако, сите можеме да учиме од сабајле на зум и попладне да излеземе, но никогаш нема да биде исто, кога се навраќам на сопствено искуство, толку спомени ми се создале благодарение на тој период, што никакво не можам да замислам тие 4 години да сум ги поминала пред компјутер.
    Растеме, создаваме искуства, паралено со образованието.
    Еве и да речеме дека некој предмет ќе се предаде онлајн, тестот пак ќе биде онлајн?Па се знае дека таа оценка никогаш нема да биде реална.
    Друго, има стручни средни, како таму би учеле онлајн?Едноставно, скоро невозможно е.

    За факултетите би рекла дека е возможно да се изведе некоја комбинација од онлајн и физичко доаѓање, со тоа што предавањата кои и така не се сите задолжителни може да се одвиваат и преку апликација.

    Вежби, пракси, повторно е невозможно да се одвиваат онлајн.Иако мене лично ништо не ми помага да ги слушам професорите, сакам да учам и разбирам сама, но друго е чувството кога ќе го видиш нештото на факултет а друго е се' да биде дома од лаптоп.И пак, денот ми е многу повеќе среден и организиран кога имам задолжителни обврски како одењето на факултет.

    За полагања, едно големо не онлајн.Од почеток мислев дека е одлична идеја ама сега го сменив мислењето.
    Има придобивки да, не се губи време по автобуси и трчања, стресот е намален и сето тоа мене лично ми е топ, ама стапката на препишување и студенти кои положуваат не можат ништо добро да ни донесат на долг рок.

    Се изнапишував, извинете. :D
     
    Последна измена: 29 јуни 2020
    На Ucenicka123, azelea, Peperutce1115 и 12 други им се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.241
    Извини, ама ова ми личи како онаа "видела жабата дека го потковуваат коњот, па и таа дигнала нога".

    За наши услови.ќе зборам, ама најпросто за да се разбереме:
    Наутро во 8 го носиш на училиште, установа наменета за образование.
    До 16 си на работа, тоа после часови оди во целодневен престој и те чека.
    Дома стасувате во 17 - 17.30
    Додека ручате, средите и седнете да поразговарате веќе е 19 часот.

    Прашање: дали може родителот од 19 до 21 да учи со детето??
    Прашање 2: а каде се другите активности, како англиски, музичко, балет...
    Прашање 3: тоа дете треба да се истрча надвор?

    Затоа, според мене училиштето е многу важно т.е. присуството на детето таму.
    И за него е добро, се учи, ама и за родителот е супер зашто помалку се занимава со учење.
    Да не се правиме светци , знаеме дека не секој родител има дарба да предаде.знаење...не дека нема, туку едноставно незнае како да пренесе
    Плус има родители кои и откога ќе се приберат, продочжуваат со работа.

    Пак ќе речам...срудентите се профилиран карактер.Академци.Сметам дека се желни за наука и студирање на некоја област.Кај нив не треба присила и репресија , тие сами се пикаат да научат.
    Додека дете од 8,9 години, со ќотек треба да го наседнеш да учи ( не буквално , не се ежете од зборов)
     
    На eliesaab, Ucenicka123, SummerGirl и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    Апсолутно против. Како што веќе некој кажа поназад, за студенти можда е функционално но за предшколска и школска возраст е крајно непрактична. На ученикот му треба социјализација, да се изгради како личност преку неа а учењето е сосема една комплексна тематика.

    Оваа онлајн настава што се практикуваше кај нас се покажа за неуспешна во достигнувањата на децата, оние што можеа да ја следат, а оние што неможеа поради технички и други причини, е повторно нова тема за разговор.

    Дури и да се унифицира наставата, да се работи преку една платформа и програма, повторно испливуваат на површина недостатоците од друг тип. Џабе е да седнеш пред компјутер и предаваш минимум 30 мин ако не му гледаш на ученикот фацијална експресија, неможеш да контролираш присуство, да оствариш двонасочна комуникација и активна настава, и ред други работи...
    Министерството беа во тотално бунило, додека они да се разбудат заврши учебната година. До сам крај даваа насоки во 5 до 12.

    Имам многу да кажам на темава. Но највеќе од сѐ како и други родители, се надевам дека моево прваче ќе седне во школски клупи. Ако не осмислат министерство и биро за развој начин на одвивање на наставата од септември, и сѐ остане во рацете на менаџментот на училиштата (веројатно ќе остане на онлајн настава), од мое искуство во наставата ќе кажам- сме го ебале ежот! :worried:
     
    На Biljarkata, azelea, renata77 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    5.840
    Демек на школо ако седат децата не ги ставаат на мјут професорите, па 90% не слушаат што зборува наставникот на друго место му е паметот
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.241
    И да го стави на мјут, седи 30 минути.
    Од 30 минути 10 ќе " фати" нешто.
    Плус во нижите одделенија.препишуваат од табла.

    Замисли дома пред лап топ, наставничаката си збори, а тој си игра игрица на телефонот.

    Значи децата од страв или ради почитување правила СЕДАТ на.час.
    Ама дома нека се пофали еден родител кој минатите 3 месеци не окапал со детето пред ПЦ
     
    На Ucenicka123, eliesaab, Angie1432 и 6 други им се допаѓа ова.