Имам почит за тие што се трудат фала богу, ама еден од тие да се избацеше дур седеа дома и да ги поттикнеше и другите трудољубиви ученици да протестираат за да имаат настава. Општо познато е дека за 90% од средните па и основните само по 1-2ца професори држеа настава, некои праќаа проекти, а дел воопшто не се ни вклучија.
Може ќе звучам клише, ама веројатно некој манипулира со Сојузов на Средношколци. Не може вака од нигде никаде се дигнаа и веднаш средби со Владини функционири, и on top of that имаат предност пред зборот на родителите.
Слушај не е секој светец и чесен, повеќето препишува и си кажува меѓусебно. Сестра ми групно препишуваше со нејзино друштво од клас. Сигурно имало 2% што не препишувале, но да бидеме реални сите станавме мрзливи во карантин, па и јас ќе си признам препипував каде што можам. Јас само го кажувам како што си е најреално, тие што не препишувале се многу ретки.
И јас тоа си го помислив. Многу од нив не се ни полнолетни, а очекуваат да се слуша нивниот збор. Па и веднаш средби со министер, па свикани на состаноци со Комисијата за заразни болести, па тие пак не биле задоволни од тоа што им го објасниле и си останувале на ставот за протест. Мислам wtf кој вака ќе ти посветува внимание ако си обичен средношколец без некој да ти го чува грбот? Никој.
Еве во моето училиште имавме две петиции меѓу нас учениците, од кои една и од родителите. Никој не очекуваше дека школската година ќе заврши онлајн. Сите мислевме дека ќе се вратиме на училиште. Ние правевме тестови со камера и микрофон уклучени, така што професорот да не гледа нас (лицето), компјутерот/лаптопот и екранот каде е тестот. Имавме малку време за секое прашање. Јас лично учев и не препишував и за мене беше стресно и тешко. Очигледно е дека голем број препишуваа, а имаше и такви зад кои родителите стоеја и потикнуваа препишување. И кога ова е јасно, која е поентата на онлајн настава? Инаку во моето училиште имавме распоред за онлајн часови и во толку часот се приклулувавме на Zoom за предметот. Ги држевме сите часови така, освен ФЗО за кој добивавме изготвени видеа од професорот со вежби и предавања. Правевме по неколку тестови од предмет, а по некои предмети покрај тестовите имавме и проекти. Проекти правиме и при нормална училишна година. Се спроведуваа и воннаставните активности така. Единствено што е потешко за одличен ученик да го совлада материјалот така, иако часовите беа интерактивни. Најголем проблем ми е стресот кој ми ја доонушти психата. Значи, не секој средношколец сака да бега од настава. Не знам кој се тие од такозваниот сојуз на средношколци, ниту па знам што им е намерата. Јас како средношколка можам само лично моето мислење да го искажам кое верувам се поклопува и со мислењата на многу други.
Извини, ама ако не ти е проблем да кажеш школово во кое учиш државно е или..? Се е премногу совршено за да биде државно школо ова.
Ај што се "подбуцнати" од некого, јасно е тоа, туку дотерани средношколци со ранци за на школо се сликаат пред влада као мислат со своја глава и нешто преговараат. Дај да формираме сојуз на родители на средношколци??
Ако добро те имам запамтено, во приватно средно училиште си. Јас можам само за овие државниве да зборам, од тоа што гледав околу мене. Никој не оспорува дека имало ученици кои сакале да учат и да се надоградуваат периодов, ама конкретно зборам за овие што протестираат (претпоставувам со претставници од државните средни училишта) а истите тие со прст не мрднаа кога требаше да учат цело второ полугодие, ама сега глумат лудило.
Мислам дека и моја соученичка е дел од тоа, значи има и од приватните училишта. Јас сум за комбинирана настава, се' само не во целост онлајн. Никој не мрдна со прст тогаш, бидејќи никој не очекуваше дека вака ќе се заврши годината. Сите се надевавме дека ќе се вратиме во училиште.
Треба, и уште еден бонус Сојуз на Средношколци кој навистина ќе има комуникација и соработка со сите средношколци од сите градови.
Охооо, и јас би таму ако имам завршено веќе уживај и не се замарај искрено. Подобро да не знаеш како беше и како е сега во државниве. Хаос беше и пред коронава, не сакам да замислам како ќе им биде сега на децава. Каква социјализација какви бакрачи... Плус да се надополнам, прво и основно хигиената во Јахја е од секогаш присутна, а додека во др училишта не би ни да коментирам.
Знам дека е хаос. Државните воопшто немаат услови за онлајн настава. Мислам условите се тие, но голем број професори си играа мајтап со учениците. За физичка настава уште помали услови има од хигиенски аспект, но според мене не е тешко да се створат. Хигиеничарките кои се платени да одржуваат хигиена ќе си ја вршат редовно работата наместо еднаш дневно и остатокот да пијат кафе, ќе се купат сапуни за тоалетите и училниците итн. Има начини искрено, но нема кој да се залага за тоа. Има многу минуси во образованието ради што се вработуваат луѓе со врски, а не по диплома и квалификации.
За да има хигиеничарките што да чистат треба првен вецињата да изгледаат нормално мила а не да бидат како шупи. Да не претерувам ама во пола држава се такви.
Знам, но и ходниците и училниците треба да се чистат постојано. Навистина треба да се инвестира во тоалетите, но еве јас можам да направам огромна разлика меѓу моето основно и сега средно училиште. Во основното (државно) хигиеничарките беа ужасно арогантни и кон нас, а и кон наставниците. Чистеа само еднаш дневно, измеѓу смени и остатокот го поминуваа пиејќи кафе. Неколку пати имавме "свеченост" со конфети и ни се дереа ужасно многу за малиот неред. Навистина и учениците треба да се поодговорни, ама и тие нека си ја вршат својата работа. Сега хигиеничарките се толку мили по карактер. Ги викаме тетки и така им се обраќаме. Имаат премногу работа и цело време работат. Ние додека сме на часови ги чистат ходниците и кантината постојано, а и тоалетите. Кога некоја училница е празна ја метат. Постојано го збираат ѓубрето и така кантите не се полни. После часови училниците ги метат и секоја клупа поединечно ја бришат. На работа се и во сабота кога го чистат цело училиште со дезинфекциски средства. Секоја клупа и стол ги рибаат. За жал, не земаат редовно плата, а 'рмбаат ко магариња. Има огромна разлика... Се извинувам на офтопиков, сепак е хигиенски дел поврзан со ситуацијава.
Дали децава се навистина "изманипулирани" и искористени за политички цели, или следат некој западен тренд каде "кул и ин" е да се протестира!?! Ова е слика од вчерашниот протест на средношколци. Се прашувам, зошто двете пароли се на англиски јазик напишани? Каде со транспарентот Are you kidding me, со ова ќе буткале онлајн настава ? Немаат врска со вистинското значење на протестот. Како владата наеднаш "попушти" на барањата на 10 средношколци? Се "уплаши" ли?? Тешка глупост е сево ова..
Каде не е вмешана политика многу нормално и во средношколскиот сојуз да е, овие излегле само од организацијата што си се па и одма бе ги примиле... кога протестиравме за други работи во врска со образованието и тоа масовно имаше излезеност па никој не не рецкаше сега магично 10ученици ги примија. И исто така немаше ни спроведена анкета.... Жално е кога политиката се вмешува секаде. Кај сестра ми во клас и претседателот им е со политичка определба исто и во советот за родители, и тоа на неферски начин избрано, каде учениците не се ни прашани. Па дај бе од советот нека објават податоци од анкета, од кое училиште колку се против колку за, врз база на општини... ова личи ептен непрофесионално.. Друго, застапуваат средношколски сојуз на РМ, цела страна им е на англиски, како прв им е ставен албански па под него македонски, после повеќе постови имаат на албански, само еден видов на нашиот јазик...