Онлајн настава

Дискусија во 'Коронавирус' започната од referentka, 29 јуни 2020.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.785
    Допаѓања:
    41.860
    Пол:
    Машки
    На raww, Glowy и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Цццццц....

    Каде им се родителите?!? Дали свесно ги ставаат децата во оган и на тапет?! :x

    Чиста "злоупотреба" на наивни дечиња, за остварување на некои "свои" цели...

    Јас пак не можам да сфатам како, и врз кој основ МОН "потклекнува" на "протестиве" на средношколциве?!
     
    На Laufinam, tinka-mace, noteforself и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.785
    Допаѓања:
    41.860
    Пол:
    Машки
    *фотката е преземена од фб*

    FB_IMG_1598953506424.jpg

    Инаку, ова е претседателот на Средношколскиот Сојуз :D
     
    На lolitaspurgatory и Hellobeautiful им се допаѓа ова.
  4. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Смејем се, ал плаче ми се!!! (facepalm) (facepalm)
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    Лани матурирав, а никад не сум слушнала за овој сојуз на Средношколци. :rofl::rofl::rofl: Или сум стара или е формиран годинава заедно со факултетскине собранија можеби?

    После изјавата на Заев дека сите во тие студентски собранија се НЕГОВИ ЛУЃЕ и се КОНТРОЛИРА тој, сигурна сум дека ова е сосема исто.
    Им дале насоки да протестираат таму партиски мини полтрончиња, па да се видат со сите од влада и да биде како еве ние работиме, ги слушаме младите.

    Сакале да одат во школо како не, кога одев во школо поготово 3та и 4та само 7-10 души редовно одевме на настава и седевме на 7-8ми час од 30+.
    Повеќето дома викаа дека се у школо, а се шлаеја со дечковци или по кафиња од јутра до сутра дремеа.
    Сега одеднаш им се приоде во школо на сите. Туку така им диригира партијата. :)
    Провидно е.

    Срамота за дечињата што ги користат за ова. Сигурно им се братчиња мали на овие шо протестираат. :)
     
    На katalina, senjorita-v, BlackMistery и 11 други им се допаѓа ова.
  6. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.636
    Допаѓања:
    15.784
    Малите деца беа со родителите што штрајкуваа за физичко присуство во училиштата,а не со средношколците,имаше мајки со деца колку што видов на тв.

    И се мислам ниту ќе има квалитетна онлајн настава,ниту пак ќе тргнат децава и од 1 ви октомври во школо.
    Тешко на сите со ваков образовен систем :(
     
    На Kitten и Glowy им се допаѓа ова.
  7. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    Пу пу не важи :D :D.
     
    На Ahoy и raww им се допаѓа ова.
  8. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Лелеее циркузи...30 деца се собрале, еден клас и ова го нарекуваат протест.

    Ако на некој му се учи ќе си учи и од дома и во школо. Кога бев средно, особено 3та и 4та година материјалот сама си го учев дома бидејќи од една страна школските не беа сериозни и часовите беа како на пазар да сме и од друга страна професорите "губеа" желба да предават бидејќи сме биле немирни. Се разбира, изговори еден куп како и сега. После голем одмор сите на кафенца од јутра до сутра или на мотор со дечковците па сега им се учело бе.:rofl: Смешки:lol:
     
    Последна измена: 1 септември 2020
    На Принцезичка1, Ева33, Ahoy и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.785
    Допаѓања:
    41.860
    Пол:
    Машки
    Обраќање на министерката за образование и наука Мила Царовска до наставниците пред почетокот на учебната 2020/21 година


    Драги наставници,



    Сите ние оваа учебна година се наоѓаме пред голем предизвик, а тоа е како да го заштитиме јавното здравје, но истовремено и да го започнеме образовниот процес. Секој наставник, ученик, студент има свои лични желби и размислувања како треба да изгледа оваа учебна година и тоа е разбирливо и оправдано. Сепак, врвниот приоритет на Владата е да го заштити здравјето на децата, нивните родители и наставниците истовремено обезбедувајќи ефикасен образовен процес. Ова воопшто не е лесно да се постигне и тешко дека постои идеален модел кој ги гарантира двете. Сепак, лично сум убедена дека комбинираниот модел на настава е најдоброто решение во овие компликувани услови. За реализација на овој модел, веќе се подготвени и усвоени протоколи за учење со физичко присуство, а во тек е и изработка на единствена национална платформа за учење на далечина. Верувам дека до 1 октомври ќе бидеме целосно подготвени за почеток и реализација на ваквата настава.


    И покрај тоа што работиме во услови на голема криза, нашето внимание мора да остане насочено кон градење на современ образовен систем. Систем кој ќе создаде прогресивни идни генерации за да ја движат државата напред.



    Затоа, од вас просветните работници очекувам да го дадете својот максимум во пренесувањето на знаењето на учениците. Образованието го менува животот на секој човек, тоа е основа за креирање можности и личен развој. Децата е важно да одат во училиште за да стекнат соодветно образование, но еднакво важно е да ги научат и основните животни вредности. На децата им треба квалитетно образование кое ќе им помогне целосно да го искористат својот потенцијал и да ги зголемат шансите да станат среќни, здрави, успешни и корисни членови на општеството. На децата им треба квалитетно образование што ќе им помогне да се развијат во учтиви, самоуверени, критични и добро интегрирани личности во општеството.



    Иднината на секое општество зависи од децата. Тие се идните работници, родители, наставници, доктори и политичари. Тие доаѓаат на наше место. Ако ние денес не им обезбедиме основа за здрав и продуктивен живот, тогаш ја ставаме нашата иднина, просперитетот и безбедноста во ризик. Затоа не смееме да чекаме. Не смееме да си дозволиме залудно да потрошиме ниту еден час од работно време наменето за школување и воспитување на децата. Не смееме да си дозволиме залудно да потрошиме ниту еден денар од парите наменети за образованието. Секој час и секој денар да го посветиме на подобро и поквалитетно образование.



    Јас верувам во еднаквоста и се борам за неа. Секое девојче и момче каде и да живее, мора да има еднакво право и пристап до квалитетно образование. За ова ќе се борам во мојот мандат. Ве охрабрувам да се приклучите и да ме поддржите во процесите коишто ни престојат. Мојата заложба како министерка во четиригодишниот мандат ќе биде: суштински реформи во основното образовние, јакнење на средните стручни училишта, подобрување на оценките на меѓународните тестирања коишто ќе станат наша национална гордост и враќање на достоинството на просветните работници и нивна лична мотивација. Со секој од вас планирам лично да се сретнам, запознаам и разговарам.



    Патот заедничи ќе го трасираме и изодиме. Нема да биде лесно, но сигурна сум дека со посветена работа, ќе создадеме образование со коешто сите ќе се гордееме. Да го дадеме максимумот од себе за нашите деца. За иднината на државата.
     
  10. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.237
    Не го следев пресот, кажаа ли нешто за факултетите?
     
  11. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Овој Сојуз врска си нема со тој првобитниот од пред 5 години, кога масовно протестираше и бојкотираше цело Скопје, се гледа дека ова е некое фиктивно тело за некоја цел, па уште одма прием кај Венко, абе 2 месеца кампувавме пред МОН па ни остана екстерното а не па Грујчо да не прими:D
     
    На Принцезичка1, raww, Ева33 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. lolitaspurgatory

    lolitaspurgatory Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2019
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    ништо. секој факултет посебно ќе си одлучува
     
  13. злоба

    злоба Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    3.726
    Пол:
    Женски
    На Ева33 и tinka-mace им се допаѓа ова.
  14. Marija6165

    Marija6165 Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Ako kje bidi vakva nastavata kako shto pisha chlenot @Ahoy i jas sum za. No ako e kako shto beshe, ne doagja vo obzir da sum za.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    Без разлика дали има корона или нема и без разлика дали ќе има онлајн или физичка настава, тие школи треба да се средат и доведат до некоја нормална состојба, а не да се помириме дека ете, такви се условите, нема друго чаре.

    Ако е така и куп деца немаат свој лаптоп па според тоа би требало физичко. А решението е државата да обезбеди средтсва за тие деца нели?
     
    На tinka-mace, noteforself, tina2018 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. злоба

    злоба Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    3.726
    Пол:
    Женски
    Дали може да се пријави професор некаде за каснење на онлајн полагање?
     
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.785
    Допаѓања:
    41.860
    Пол:
    Машки
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Може.
    Во Министерство за образование,
    Во Државен инспекторат за образование - попрецизно.

    Уште да завршат каде што треба парите, а не во нечии џебови... и тамам ќе биде.
     
    На cresa-jagoda, tinka-mace, duffi и 4 други им се допаѓа ова.
  19. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Во средните училишта низ Скопје се спроведува анкета која ќе покаже колку деца немаат електронски уреди како таблети и компјутери за да следат онлајн настава.

    Градоначалникот Петре Шилегов, вели дека за било што, градот може да нема пари – но средства за обезбедување на опрема за учениците, ќе најдат.

    „Ќе најдеме средства. Многу е важно за што ги трошите јавните пари. Ние во Скопје имаме околу 24 илјади средношколци. Не се сите социјално загрозени. Ете да се 10 проценти. За мене, непоимливо е да не можеме да помогнеме на 2.000 семејства за своите деца да набават доволно квалитетни средства, за детето да ја следи наставата. За било што може да нема пари, за тоа мора да има пари“, рече Шилегов.

    Резултатите од анкетата треба да бидат готови во скоро време, бидејќи наставата во училиштата треба да започне на 1 октомври.

    „Во моментов се одвива анкетата која се спроведува низ средните училишта, во смисла за утврдување на социјалниот статус на учениците и неможноста да се следи онлајн настава. Откако ќе ја имаме таа анализа, градот ќе изнајде начин како да помогне на тие лица, тие дечиња кои што се од социјално-загрозени семејства, да дојдат до доволно квалитетна електронска настава“, додаде Шилегов.

    ©Makfax.com.mk
     
    На cresa-jagoda, WildMk и SummerGirl им се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.425
    Допаѓања:
    90.747
    Пол:
    Женски
    Сега наидов на вест дека Семос уште крај на март понудил бесплатни обуки за наставниците за полесно да се вклучат во онлајн наставата.
    И покрај тоа, наставничкиот кадар воопшто не се снајде, секоја чест на ретки исклучоци.
    Полесно беше да се кука дека ги фатило неспремни и дека не се обучени.
    Сега повторно ако биде онлајн наставата како во почетокот е стварно срамота.
    Секој наставник сам требаше да се спреми.
     
    Последна измена: 16 септември 2020
    На LivingGlam, Glowy, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.