Факт е дека еден дел од наставниот кадар е незаинтересиран и инертен да научи како да ја оддржува онлајн наставата. Тоа е оној ист кадар кој се упика во образованието благодарение на врските со директорите кои по некое непишано правило, мора да се од политичката партија која е на власт во моментот. А овие од ФИНКИ доцнат со платформата - требаше вчера да биде готова. Ама што било кај нас нешто готово на време По сѐ изгледа, учениците ќе ги подучуваат наставниците да се снајдат со платформата додека се онлајн
До менаџментот е. Како што решило училиштето и одговорната служба, така и беше спроведена онлајн наставата. А бидејќи министерство дигаше раменици и само кажа да се тера било каква настава, важно да сее истурка школската година, затоа и училиштата беа полабави и не превземаа поголема одговорност. Сега ќе биде со една национална платформа, таа што Финки ја спремаше. Значи нема забушавање, ќе биде следен секој наставник/професор но и присуството на секој ученик. Ќе може да се следи и работата на ученикот, нема да можат "со препишување" да поминат како лани.
А оти не се бунеа наставниците да преземе одговорност менаџментот? Или им одговараше да не предаваат? Ај да видиме. Ако не.. реков: Ние ќе пријавуваме.
Па изгледа на некои им одговараше, други не беа толку стручни за да знаат што да прават во тој момент. Ваше право што ќе правите. Но како што се однесува и за наставниците, оцената ќе мора и да си ја заслужи ученикот, а не како лани што повеќето добија поклонети оцени. Имаше пример дека преку програмчево наставникот точно ќе знае до кој пасус стигнал ученикот со читање.
И до сега требаше да бидат заслужени оценките... и физички и онлајн кога се оценуваше. Ама очигледно, не беше правило тоа.
Неножеше. Едноставно ситуацијата беше таква да неможеше да ги оштетиш сите деца кои до март месец заслужиле каква таква оцена, а после тоа да им ја намалиш. Не дека сега пак ќе имаат еднакви права, но сепак дадоа опција за да нема ни едно дете што ќе остане без настава. Оние што немаат техничка опрема за следење онлајн, ќе им се принтаат пишани материјали сами да работат дома. А после како ќе ги оцениме таквите...жими сѐ појма неам!
Па да, така ќе биде. Но пак колку ќе биде веродостојно дека тој самиот решил, а не родителот, нели. Да видиме како го осмислиле тоа со тримесечните менторски средби во живо.
А знаеш ли зошто не поправија некои од оние 'компјутерите за секое дете'? Или на друг начин да им се обезбедат уреди? Има некакво објаснување? Кажале нешто од МОН?
Тие компијутери имаат УБУНТУ оперативен систем, на Линукс. Треба секое компијутерче посебно да го сменат или да им вметнат Windows. Треба првое секое училиште да ги среди комп, за да може да им ги даде на децата
Сега ќе се работи со Микрософт 365, schools.mk платформата. Не знам дали би функционирале микрософт алатките на убунту. Секој наставник и ученик ќе има таму сопствен акаунт, за полесно да може да се следи целиот наставен процес. Сеуште траат обуките за обучувачи, па после за другите наставници.
Ја мислев на ФИНКИ платформата ќе ја користат. Нели се чекало на нејзе? Така некој пиша по темиве. Ако е Микрософт платформа, секако платија 17 милиони евра за лиценци. Сигурно се 'покриени' сите компјутери кои државните институции ги имаат на располагање. Едноставно, треба да се инсталира виндоус.
Искрено појма неам. Не кажале ништо. Платформата на Финки иначе ќе биде комбинација од Microsoft teams и Moodle. На таа ќе се работи.
Овоа се ќе е неуспешен обид. Не не бива искрено. Никогаш нема оценките да се реални ко во живо. Ние не сме дигитализирани во ниедно поле, најмалку во образование.
А, тоа секако. Таква нација сме, кога ни одговара ќе научеме, кога не ни одговара, нема. И на фб пишува цена на продуктот, а коментари "cenaaaa".