Онлајн настава

Дискусија во 'Коронавирус' започната од referentka, 29 јуни 2020.

  1. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Плус тоа, како ќе следат онлајн настава преку моб, ако тој период двајцата родители се на работа?

    Ќе треба нов моб да се купува?

    Не зборам за обичен моб за ало-ало само, да биде смартфон треба, со добри перфоманси, да може го "поднесе" прво целиот наставен процес, а потоа и да се работи на него..
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    5.918
    Убаво е да можат да следат преку мобилен, не секој дома има два лаптопи.
     
    На cresa-jagoda, Glowy, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Можи.
     
  4. Sleepy

    Sleepy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2014
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    321
    Пол:
    Женски
    Воглавно за следење на онлајн часот децата треба да имаат инсталирано само Microsoft Teams.
    Планот е декој час да се одржува преку Teams.
    Значи, наставникот зборува, прашува, го споделува својот екран.
    Децата треба само да следат и да одговараат ако се прашани или имаат нешто да прашаат.
    Не ги користат истовремено сите алатки.
    Самите деца, алатките од Office 365 и moodle ќе ги користат најчесто за пишување домашна работа или за прегледување плус материјали.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Еве ви официјално кои се перфоманси ги бара платформата:

    Каде ќе најдат родителите вакви PC? Сега по 200+ евра треба да дадат за компјутер за да учат децата ?

    Минимум Windows 8.1 ? А 10. пожелно.
    минимум 128 гб ССД ? Зошто ?
    Не работи ли со ХДД ? 500 ГБ? 1 тб 320 гб? 250 гб? Не работи со под i3 ?

    Има, има, уште многу други недостатоци кои тек допрва ќе излегуваат на површина.
    Ај да не распишувам многу, ќе почнат и ова да го релативизираат.

    EiMrkA_XkAEtEDr.jpeg
     
    Последна измена: 19 септември 2020
    На Kitten и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Од каде ти е овој документ, зошто од ФИНКИ кажаа дека платформата ќе функционира и на мобилен и на таблет ?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Од нет е превземен, но впрочем е истото тоа што го пишувам недели и недели наназад околу компијутерите.

    Ќе видиме, обуките се во тек..

    *сметам дека не е фејк документов.

    **Дали е тендер во најава?!? И тоа ќе видиме..
     
    На Kitten и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    За мене е фејк без доказ дека е од валиден извор. А на нет има секакви глупости.
     
    На WildMk и referentka им се допаѓа ова.
  9. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Можеби е фејк, еве ќе започнеме за некоја недела ќе видиме како ќе се одвива целата онлајн настава со оваа платформа.

    *и мојот комп. не ги "задоволува" овие конфигурации, и се надевам дека е "лажна тревога" сево ова.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    Јас нешто изгледа не разбирам.
    Ако наставата е онлајн, тогаш оваа сликата горе сигурно е фејк зошто во тој случај не би се барало директорите да ги надградат компјутерите во школото.
    Да не зборам дека малце ко пресечено е на средина :D

    Иначе Moodle нема врска со самиот онлајн час, башка што е веб платформа па не зависи до тој степен од перформансите на корисничкиот компјутер.
    Teams дека работи само на Windows 10 исто не е точно, еве јас лично го користам на друг оперативен систем.

    И јас сметам дека помалечки деца нема да се снајдат сами на Moodle. Со помош на родител да, да им симне задача и слично. Мислам дека родителите би требало да можат да се снајдат на Moodle, не е толку тежок за користење.
     
    На WildMk, cresa-jagoda и Sleepy им се допаѓа ова.
  11. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    И јас се чудев како тоа web платформа а минимум win8.1

    Дали тоа ќе биде само за наставната страна, не за децата, кај шо ќе има камери, програми итн. за да се пренесуваат во живо, или не ќе видиме.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.670
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Не се само децата проблем, еве ќе ви кажам од аспект на наставник, имам во потесна фамилија. Прво, голем дел од наставниците не знаат меил на уклучат, а не па повеќе. Тоа што имаат лаптопи што се послаби од мојот мобилен од 2008 и дневните подготовки ги пишуваат шаблонски, а не знаат да изгуглаат најрпоста работа не помага никако. Друго, треба да имаат и тие нивен лаптоп преку кој ќе одржуваат часови, секако погоре споменатите лаптопи не доаѓаат во предвид затоа што ем немаат виндовс, ем се преслаби. Ако роднината моја користи службено лаптопче и чат пат за потреба лаптоп од децата не значи дека има достапен лаптоп за да држи настава. Сума сумарум, ова е сѐ направено колку да се рече дека нешто се работело и некој да лапа пари за тие обуки што ги држат. Нема да биде успешно, децата неписмени ќе останат.
     
    На Dream-Girl, cresa-jagoda, Glowy и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    На повозрасните наставници/професори оваа платформа ќе им биде многу тешка, нема шанси во целост да ја усвојат.

    Точно, дел не си го знаат ни пасс од маилот со кој се пријавени во ЕМИС, а таму ќе треба да им стигне username и pass за да можат да се најават на платформата.

    Мноогу касно им текна со овие обуки, требаше барем Август да почнат, колку-толку сите наставници да можат барем првичните лекции да ги спремат.

    *од Понеделник ќе почнат со обуки сите наставници во МК, тешко ќе оди, 1 обучувач ќе биде на 24 наставника...

    **Плус, зошто ние наставниците/професорите (зборам за тие што ќе бидат обучувачи, по различни предмети во наставата) да ги обучиме останатите?
    Не се сите информатичари, не знаат и тие како најдобро да ја пренесат обуката на останатите.

    За оваа работа си бара стручен во својата област, како најбрзо и најлесно да се разработи цела платформа,а некој рандом по математика, да ми објаснува, а и тој самиот не разбрал убаво.

    Што правеа од МОН цело лето?
    Молеа бога да заврши Короната?
     
    Последна измена: 19 септември 2020
    На sierra, Dream-Girl, An-na и 3 други им се допаѓа ова.
  14. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Децата коишто немаат уреди за следење на онлајн настава во време на Ковид-19 ќе добијат можност за учење како и останатите деца.

    Министерството за образование и наука ја информира јавноста дека со Планот и Протоколите што се усвоени од Владата се предвидува успешно следње на наставата и за децата кои нема да бидат во можност да учат преку онлајн платформата.

    „За таа цел, детето има можност наставата да ја следи со физичко присуство на часовите во самите училници, додека наствниците предаваат на другите деца преку онлајн платформата. Исто така, за децата, чии родители се изјасниле дека не сакаат да ги пуштаат во училиште со физичко присутсво, а немаат уреди, во Планот е предвидена опција да добиваат печатени материјали. Овие материјали ќе се доставуваат на родителите од страна на наставниците според сите мерки и протоколи за заштита од Ковид-19“, соопштија од МОН.

    За да може секое дете да има пристап до наставниот материјал, МОН е во преговори 15-минутни видеа со одреден час да се емитуваат на Националниот сервис на посебни канали кои се обезбедени.

    Исто така, наставниците ќе имаат обврска редовно да комуницираат со децата и нивните семејства и да следат колку напредуваат во учењето.

    „Приоритетната и најважната цел на Министертсвото за образование и наука е да обезбеди пристапност до наставата за секое девојче и момче во државата, без разлика каде живее. Нашата примарна цел е да создадеме образование достапно до секого и образовен процес којшто ќе ги постави темелите за развој на идни генерации кои ќе бидат движечката сила и умот на државата“, велат од МОН.



    ©Makfax.com.mk
     
    На WildMk и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.407
    Допаѓања:
    143.119
    На училиштата им треба оваа конфигурација, барем така стои во дописот.

    Минатата година беше хаос, затоа и немаме доверба во онлајн учењето. Ни останува сите да се потрудиме да профункционира како што треба. И родители, и наставници, и деца.
     
    На Dream-Girl, azelea, Sleepy и 3 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    За уредите, може и преку смарт телефон, а за тоа што 'не знаат'... ќе ме извинат, ама имаа време од Март навака, откако се прогласи пандемијата во Македонија... да научат.
     
    На g8lQQk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Проблемот е тоа што не сакаат, а вака сега, само ќе измислуваат некакви изговори.
     
    На raww, tinka-mace, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.670
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Рибата се знае од каде смрди ;). Наставниците во овој случај се опашката. За цел хаос што настана има ист виновник. Тие што не знам што правеа цело лето наместо да осмислат начини како образовниот систем да функционира. Да не зборам за градинките, тоа ми е болна тема. Врска немаат кај тераат, за 2 дена носат одлуки што имале време на претек да ги донесат замислете со валидни причини за тоа. Ништо нема да биде од ова, ви гарантирам. И @WildMk не е поентата да се снајдат со смартфони, поентата е тој што сака да спроведе онлајн настава да обезбеди основен терен за тоа. Ама како што кажав, немаше кој да легачи од почеток на пандемијата. За срамота.
     
    На Glowy, WildMk и azelea им се допаѓа ова.
  19. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.636
    Допаѓања:
    15.784
    Точно,ова ќе биде чиста импровизација, уште една изгубена училишна година.
    Од овие наставници што оделе на обуки за платформата кажуваат дека многу тешко ќе ја разберат децата до петто одделение.
    А и плус многу нееднаквост ќе се направи меѓу децава,излегува само тие што имаат пари ќе им обезбедат конфигурации,телефони , приватни професори на децава,другите нека учат од искинати материјали копирани или нека гледаат на МТВ.
    Жално,и после нека ми зборат за задолжително образование под еднакви услови за сите деца;(
     
    На Glowy, Dream-Girl, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Само едно инфо, преку новата платформа нема да може да се предава преку смартфон. Малку олабавете со осуди кон наставниот кадар. Во ситуацијава никој не смее да каже несакам или неможам.

    Кај нас во училиштето веројатно и секој класен ќе направи мини-обука за родителите и децата од неговиот клас.
     
    На Glowy, Dream-Girl, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.