Џабе објаснуваме тука, и им кажуваме како фактички ќе функционира ова се. Истово им го кажав пред некој ден, но ние не знаеме, што сме дирекно вклучени во овој процес, другите повеќе знаат. Има уште други "новитети" но ќе ги задржам за себе, нека дознаат кога ќе дојде време. Голема мешаница ќе испадне со платформата.
Да се предава, не е е практично, ама да се следи наставата, може. Иначе, секој може да каже: Не сакам или не можам. Во право си дека не е поентата 'да се снајдат' и дека државата треба да им обезбеди уреди на сите кои немаат. И не само што треба, туку мораат. Законски, основно и средно образование се задолжителни и законски, а државата е законски обврзана да обезбеди услови за непречено одвивање на истата, без разлика дали е онлајн, или физички. Давав и предлози по темиве, како би можело да соберат пари за да го спроведат тоа. :::::::::::::::::::: Можеме на се' да влијаеме и се' да обезбедиме... за сите. Само под услов да сме сложни и да бараме сите. Власта не може да не' игнорира, ако сме во доволен број за да правиме опструкции. Само со кој народ...
Точно така, реков само неможе да се предава. Да се следи, може но со потешкотии. Овој пат ни еден наставник неможе да каже несакам, бидејќи нема друга опција за настава. Ќе нѐ следат од министерство и инспекторат, секој ќе биде со свој ID даден од Мон.
Не е проблем што ќе ве следат дали и како предавате, проблем гледам во тоа да не ви обезбедат опрема за да ја одржувате таа настава. Исто како што гледам проблем во тоа да не им биде обезбедена опрема на учениците.
За учениците имало решение, ќе сме принтале материјали Ќе ги унаказат децава, неспремни пак стартуваме. Оние родители што се изјасниле за онлајн настава а немаат техничка опрема се должни еднаш неделно да доаѓаат до училиштето да подигаат принтани материјали за учење. А принтање и копирање знаете како ќе оди? Пак од наш џеб. Има некои училишта што им обезбедиле копир, принтер и хартија на вработените но кај мене тој луксуз го нема. А имаме пријавено една третина од учениците дека немаат услови за онлајн. Ќе ми биде многу забавно оваа година. Друга бољка ми е опремата. Немаме доволно опрема за да работат сите колеги истовремено. И покрај поделбата во три смени! Министерството не било должно да нѐ опреми, директорот исто така се оградува, со други зборови- драги колеги, услови за работа сами створете си, купувајте лаптопи и мкнете ги на работа а исто така и свој интернет обезбедете Дома имам само десктоп компјутер и решена сум ни денар не давам, ако не ми се обезбеди ќе терам до каде што треба да се тера!
Што е уште потрагично, лап топи со нормална и пристапна цена (до кај 300-350 евра) скоро и да нема. Баш разгледував, најчесто од 400 евра па нагоре се движат цените... Трошок плус за секого..
Што ти е поентава со муабетов? Демек родителите кога даваат пари не чини, а професорите може да плаќаат од свој џеб? Ниту едното, ниту другото не чини Сега допрва ќе излезат на површина го*нариите околу онлајн наставата Земете пуканки и гледајте @WildMk ми е страшно смешна со упорноста дека може да се направи нешто од денес за утре. Или со ставот: ич не ми е гајле, они нека мислат. Да, се согласувам, ама се работи за моментална состојба која не трпи одолговлекувања и со упорно одење со главата во ѕид или со романтични утопистички ставови ништо не правиме. Состојбава бара решение сега, веднаш. Образованиево не е од вчера вакво, ниту ќе се реши за еден ден, ама децава оваа година треба да имаат редовна настава, прашањето е како најпрактично во моменталнава состојба да им се обезбеди колку, толку квалитетна настава (велам колку, толку бидејќи и во нормални услови наставата ни е колку, толку ) Уште понеписмени генерации ќе излезат од претходните, а мислев не е возможно, аме ете уште не сме го допреле дното. Кога на крајот ќе се прави биланс на состојбава, ќе видиме дали жртвите ќе бидат поголеми од короната или заради короната т.е дали таму каде што ќе има физичка настава ќе има епидемија од заразени или пак оние со онлајн настава ќе станат дополнително неписмени и неуки Квалитетно образование е еден од клучните услови за просперитетна држава и успешен систем, ние со години упорно го уништуваме, па затоа и дражавава ни е таква каква што е. Јас пак ќе го повторам мојот став околу проблематикава: требаше секаде да има настава со физичко присуство, а таму каде што бројот на деца е поголем истата да се организира со принцип на ротација, слично како што ротира медицинскиот кадар. Штета што никој не ја размисли идејава.
Поентата ми е дека родителите се тие што се оштетени, а не наставниците. Бидејќи кога училиштето нема пари, тогаш наставниците ништо не трошат пари од свој џеб, туку сè што треба им порачуваат на родителите да снабдат. Наместо да си бараат од училиштето како знае да им даде материјали за работа, нив најлесно им е да се жалат само и од родителите да бараат. А вака на форуми да се фалат и жалат како тие како наставници даваат од свој џеб.
Генерализираш. Не плаќаат сите родители, секаде. Многу често наставниците од свој џеб даваат пари. И повторно се потврдува дека ние како нација си заслужуваме ова што ни се случува, оти место да бараме тоа што ни следува таму каде што треба, ние се расправаме меѓу себе
Пари најчесто се собираат во нижи одделенија(1-5 одд) и тие се трошат за потребите на сопствените деца, не ги зема дома учителката. Погорните одделенија, секој наставник сам се снабдува со се. Не верувам дека има училиште(со мал исклучок) каде на секој наставник поедично му се даваат топови хартија, принтери, нагледни средства или слично.
Најпрво, многу ја усраа со оваа платформа. Фино лепо можеше teams да ја користат сите преку телефон/лаптоп, на кој како му одговара. Полесно е преку телефон зошто повеќето имаат сопствен телефон. На факултет пола студенти ја користеа преку телефон и океј беше. Ние дома сме еден студент, еден ученик во основно и двајца професори. Само јас имав лаптоп сопствен зашто за факс ми беше најпотребен и еден друг лаптоп малку постар кој вршеше работа на другите, но работеа во посебно време и можеше да се снајдат. Сега, мора 2 лаптопи да купат и татко ми и мајка ми за да предаваат зошто училиштето ете изјава даде немале пари да обезбедат компјутери на професорите, морало сами да си носат лаптопи. А, ќе предаваат во исто време и мора секој свој да си има. + тој стариот лаптоп не е толку јак и тешко да послужи за оваа нова платформа, па ќе мора и за брат ми на крај да се купи уште еден нов лаптоп за да може редовно да следи настава и да исполнува училишни активности. А, лаптопи добри нема под 20 илјади. Сега следат огромни трошоци и за наставниот кадар и за учениците. И не се криви наставниците, ни школите за ова, криви се тие од МОН и оваа апсурдна платформа шо ја напраија. Џабе толку ја искомплицираа, при толку достапни платформи, можеше да се почне веќе скоро 1месец со онлајн настава. Ама не, зошто да биде просто, кога може да е сложено.
Не реков никаде дека може да се направи 'од денес, за утре'. Напротив. Колку пати по темиве потенцирам, уште откако се отворија, дека имаат време, ако веднаш почнат со одбирање платформа, нејзино инсталирање, и обука на наставниците? Ама поради фактот дека откако почна пандемијава официјално во државава, се поминати цели шест месеци, денес, нема изговор зошто не е завршена работата. Ако МОН 'не стигна' да се спреми, народниот обвинител, треба да е спремен да санкционира. Времево е за казнување веќе, нема повеќе 'ама не сум спремен'.
Пред пандемијава секоја школска година добивавме списоци за се што треба да се купи од џеб на родителите за да можат децата нормално да функционираат. На почеток на година машала списоЧе кое чини 2000 денари, а дополнително преку цела година пак бараа топови хартија и триста чуда. Па ајде собиравме пари за телевизор што ќе им стои прикачен над табла пошто новата програма така налагала. Па ајде шкафчиња немале, ајде пак родителите од џеб. Па компјутер, па принтер, па прочистувач за просторија и да не редам понатаму. Ова беше на товар на родителите, имаш-немаш, кој те прашува. А да не зборам за средства за хигиена, цело време носевме течен сапун, тоалетна хартија и бришачи за раце. Не праша некој нас дали можеме? Образованието од секогаш ни било на најниско ниво, и во наше време и во времето на нашите деца сега. Искрено, не ни очекував дека на време ќе средат се. Не очекував ни дека брзо ќе се снајдат. Од корен треба да се сменат многу работи, од тие што се на чело и што треба да водат, па се до наставници и професори.
На прашањето кој е минимумот од опрема и технологија што секој ученик треба да го има дома за да може да следи настава, проф. д-р од ФИНКИ Јакимовски одговара: - Наставата ќе може да се следи и со мобилен телефон, како за пристап до платформата така и за да се следи онлајн-наставата. Но, за да може ученикот да напише домашна работа, полесно да чита, да решава тестови, потребен е компјутер. Нема да биде неопходен нов компјутер со јаки карактеристики. Доволен е компјутер што се користи за стандардно канцелариско работење. Секако дека тоа ќе биде предизвик за семејствата со две, три и повеќе ученици, но со добро планирање можно е да се овозможи наставата да ја следат со еден компјутер.
Абе шо.. со еден компјутер. Уште не ми е јасно, зошто ниту еден од оние компјутерите 'за секое дете', не е ниту еден поправен. Не можи некој да ми речи дека од 100 и кусур илјади единици, ни една не е поправлива.
Ама и 6 месеци се малку бе Вајлд? Образованиево ни е со години труло. Се сложувам дека можеа да организираат порано, наместо да тераат избори. Можеше на пример во август да почне наставата до средина на октомври, па после во зависност од состојбата второ полугодие февруари, март. Ама не... тие го пролонгираа почетокот за октомври Багра неписмена