Гледам сите пишувате за компјутери и смарт телефони, а никој не ги споменува таблетите. Па и овие од ФИНКИ не ги спомнуваат
Ете погоре имаш и од Микрософт Тимс. Сигурно Микрософт не направил заговор со владава наша, па да лажат и на сопствените сајтови. Пребарај и сама, ќе видиш. Стварно може да се користи и на мобилен и на таблет. Чим може на мобилен, може на таблет, пошто слично функционираат.
Лично, на таблет немам испробано како, и дали би функционирало, и затоа не можам со сигурност да кажам. Сигурно е подобро него ли моб, а дали ќе може да се работи на него, сеуште не знам. За следење на наставата ќе може на сите уреди да се следи, но не и да се работи,и активно да се учествува.
Назад низ странициве, имав ставено интервју со продеканот на ФИНКИ, не ги спомнува таблетите https://www.fakulteti.mk/news/28082...000-korisnici-treba-da-bide-gotova-za-20-dena
Може бе The Microsoft Teams Mobile App Installing on Android To install the Teams mobile app on your Android phone or tablet: Работата е што оперативните системи се исти, без разлика дали е на мобилен, или таблет. Само треба хардверот да ги задоволува потребите за инсталирање на апликацијата.
Може и преку мобилен да се превземат командите и да пишуваш и работиш исто како од компјутер. Ја користевме платформата цел семестар, а јас ја следев наставата преку телефон и ја користевме конкретно таа опција. Со сигурност може. А мене лично ми беше супер преку телефон, всушност многу подобро отколку во амфитеатар. Знам дека вие зборувате за основно и средно, само сакав да кажам дека ниту една опција не фали ако си вклучен преку телефон.
Немаме поим како ќе се одвива, наставничка вчера кажа дека уште ни обука не се имале. Книги нема, да ли ќе стигнат во електронска форма дури, не е потврдено, и што ќе им е електронска форма на децата? Се е безвезе. Ни даде само по еден предмет книги, денес ќе одам да видам да купам од просветно дело, пошто ни старите книги немаат да ни дадат. Знае само дека ќе биде исто како лани, праќа наставна содржина за тој ден, треба да имаш испринтано материјали и како и кога ќе се одвива настава не знае. За плачење е работава.
И оваа опција ја имавме. Претходно зборував баш за Take comands опцијата, каде што може некој од нас да менува слајдови или да напише нешто директно на слајдот. Но и share content ја има.
Јас на мојот смартфон ја немам таа опција. Ако може и тоа да се прави преку моб, би било доста олеснително за сите
Но дечки не се работи само за делот со видео конференција... Платформата е сосема друг дел, оној тешкиот. Микрософт тимс е лесен за користење преку телефон. Зошто да купувате, па школото е должно да ви даде книги. Кај нас веќе ги поделија на учениците.
Сега пробав, на мојот моб, немам таква опција. Ај да пробам да го апдејтирам, може ќе ми излезе нова верзија.
Oд телефон може само да следи...СЛЕЕ-ДИИ. Тоа значи да чита и гледа, друго ништо. Од телефон не може да решава задачи, да пишува во ворд, ексел, да испраќа материјали и даунлоадира. Додуша може, ама просто невозможно е на мал екран да го правиш тоа. Башка очи ќе ти излезат од телефон да читаш. Кога реков дека онлајн нема да може, ради ова така мислев. Мислите они таму не знаат дека има голем број на деца без компјутер? А тие што фаќаат прашина по училни се со линукс. Напрајте една солидна семинарска работа од телефон со табели, слики., чуда, све уредно и тогаш дојдете и кажете ми дека телефон и компјутер е исто. И јас предавања следев од телефон. Ама еден од предметите го полагав онлајн со пишување кое мораше да биде од компјутер.
Не е исто, ама наставниците ќе направат напори да ги инклудираат и оние деца кои немаат компјутери. Има и други апликации кои може паралалено да се користат со Тимс. Државата не сака да им обезбеди опрема, родители немаат доволно средства да обезбедат опрема... следно останува на наставниците. Втора опција е да се собереме пред МОН и сите заедно(родители, ученици и наставници) да побараме да се обезбеди опрема за сите ученици. Ќе дојдете?
Вајлд, со сила се правиш наивна? Како наставникот да направи напор ако самата платформа или уредот не го дозволува тоа? Ти реков, направи ми една семинарска од телефон, после дојди збори дека е исто. Башка не сите апликации имаат опции за интерактивна настава.