Онлајн настава

Дискусија во 'Коронавирус' започната од referentka, 29 јуни 2020.

  1. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.186
    Допаѓања:
    16.432
    Како нововработена наставничка во прватно училиште по јазик би кажала дека ОВА Е КАТАСТРОФА.
    Прво, ова не е Америка па сите ученици да бидат обезбедени со компјутери и интернет.
    Второ, ние не сме толку напредна држава како по технологија така и по се со ред.
    Трето, со колешките толку дававме напори овој период( имаше и такви кои не се грижеа),очи ни окапаа, како со спремање часови, така со помагање на некои родители да се поврзат, па ако не дојде ученикот мора да се прати порака на родителот, зошто го нема детето,дали ќе дојде, дали го заборавиле часот,домашно пишувај им во ворд, па да се пргледа,па тестови, па прегледување а па за наплата па да не зборувам, а бе тоа слики праќања, уплатници, па не знаат колку да платат, па не ја знаат жиро сметката на школото ( а децата со години одат), па ајде газдата ни вели, се да завршите до тој и тој период молете- колете само да платат, ако треба и јавувајте му се.
    Четврто, какви дрски луѓе постојат, па наставникот е крив, па не ја кажал сумата, па од каде да знаат да платат, па ајде по нас, викај. АЛО ИСКОМПЛЕКСИРАНИ, КАКО НАЕДНАШ НЕ СЕ СЕЌАВАТЕ КАДЕ СТЕ ПЛАЌАЛЕ, и во школото додека не беша кризава и тогаш рачно на сите им се пишуваа и пак не плаќаа.
    Па, некој плаќал онлајн и идеа да не реметат после часови дали имаат платено, бидедјќи не знаеле, да им проверуваме.
    СЕКОЈА ЧЕСТ НА РОДИТЕЛИ, СВЕСНИ ЗА СЕ, КУЛТУРНИ И ЗНААТ ДА ДАДАТ ЗАБЛАГОДАРУВАЊЕ,

    Петто, знаете како сме платени? Јас сум лично неосигурана и ми даваат пари на црно, има колешки што се на пола ,земаат 7 250 па другите кеш,осигурување сами си плаќаат преку фирма, има и такви кои си го плаќаат целсоно сами осигирувањето.
    Платата за месец април на некој им изнесуваше 11 000,00.

    Шесто, знаеме дека на тестови се препишуаше и имаше родители што им сугерираа тивко, а се слушаше. Газдата ни рече да препишуваат, да ги оставиме, значи оцениките не се реални.
    Некои деца за време на часовите беа немирни, ставаме мјут, па имаше родители што пцуеа во поадина,зборуваа на мобилен, гледаа филмови.
    Учениците, цело време кликаа на remote control ама не им дозволувавме, ги воведивме во ред.
    Некои родители сугерираа, не го пишувај ова, го знаеш, остави ја таа што ти кажува.
    Драги, ако вашето дете го знае зборот за изгвоор не значи дека знае да го пишува.
    Родители драги, вашите деца беа пред вас, и кога ќе ги опоменувавме не не слушаа, па ви се јауваме вам да ви кажеме а вие не обвинувавте нас, како сме безобразни.
    Сериозно?

    ЗЛАТНОТО ПРАВИЛО БЕШЕ ДА ИМ ПОЌУТУВАМЕ НА КЛИЕНТИТЕ И СЕ ШТО ЌЕ БАРААТ ДА МИ СЕ ДАДЕ !

    Ајт и фирма и све по ред.


    СЕПАК, ХРАБРИ И РОДИТЕЛИ, УЧЕНИЦИ И СЕКОГАШ ПОСЛЕДНИ НАСТАВНИЦИТЕ.

    Не гледам понаков начин како би се одвивала наставта.
     
    Последна измена: 29 јуни 2020
    На Ucenicka123, нина122, azelea и 9 други им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.668
    Фала Богу што се јави наставник за да се искаже како изгледа он лајн наставата од таа страна.
    Далеку сме ние во моментов (па и наредните години) од изведување на ваков вид настава и тоа можеби не поради начинот на он лајн образованието кое се планира да се спроведе туку поради степенот на беобразлук на родителите.
    Не требаше да каже апла некој , како погоре, ние и сами знаеме на што сме способни.
     
    На Ucenicka123, ElenaOfRivendell, dunika и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Јас на факултет, притоа магистерски студии по ЕДЕН предмет имав предавања, од 4, праксата што требаше да ни биде во суд пропадна, и 1 проектна направив за друг предмет и уште еден случај ни дадоа да решаваме-толку, и тоа што си плаќаме 500 евра од семестар (се очекува повеќе да се ангажираат околу нас.
    Сестра ми во средно по 1 предмет имаше часови и тоа не цело време, пола година пракса изгубија и плус летната во клиника, а на камера како да боцка и прегледува пациенти не се учи, ако продужат вака уште година две или три тек ќе искочи неписмен кадар.
    За помалите деца уште бетер е, има родители што идат цело време на работа па и во смени, не можат да ги дочуваат па тек и да учат со нив, а и на самите деца им е тешко да задржат внимание.
    Друга работа што немаат тестови, и да имаат препишуваат (ова и студенти) еден куп технички проблеми никаква можност за пракса што е клучна, оваа опција ама никогаш нема да биде успешна.
     
    На Ucenicka123, candy.cane, ElenaOfRivendell и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.098
    Допаѓања:
    42.357
    Цели факултети се завршуваат со пари во мк и магистратури се пишуваат, а нема да ме чуди и докторати, мада е сменат сега начинот на докторирање, не е само тезата да се "склепа" од ваму- од таму.
    Вашата ситуација е заради тоа што приватното школо е бизнис, од кој газдата заработува и во прилог му е да се родители среќни.
    Ама во право си..да требаше мајка ми да ми објаснува задачи по математика, тешко мене ќе беше..или татко ми цртање..
    Сите земаме слика од себе си кога зборуваме, но она што е " просечен ученик" е различно во Корчагин, во стопанско во Битола, во гимназијата во Демир Хисар и слично.
    А во основно уште повеќе е социјалниот елемент нагласен, па некој има плус бебе дома, па родители немаат време или знаење и тие такви амбициозни плус со илузија " моето е најдобро". Јака ви душа...
     
    На candy.cane, duffi, Biljarkata и 5 други им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.668
    Се бара ангажман од родителот.
    Сега во време на корона кога сме дома е ОК...ќе седам и ќе учам со него.
    Ама кога во нормални услови, јас еве морам да признаам дека нема да најдам време да го преслушувам секој ден што учеле.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.339
    Пол:
    Женски
    Зошто тешко тебе да било ако требало да ти објаснат..?

    Еве мене татко ми у прва факс пред некој ден хемија ми објаснуваше задачи и цел практикум изрешивме. Фала богу па не ми е страв да му побарам да ми помогне кога се разбира...

    Јас ќе бидам родител што ќе работи со децата. Исто очекувам и од идниот ми сопруг.
    Сметам дека тој метод е најадекватен за да од мало има желба и навика за учење.
    Редовно ќе се контролира и за учење и за пишување домашно.
    Нема деца што не сакаат да учат има деца што од мали не им се створила љубов и навика за учење, читање книги итн...
    Родителите се многу битен фактор кога станува збор за образование. И сметам дека треба време да посветат околу тоа.
     
    На Ucenicka123, bittersweet, BlackMistery и 3 други им се допаѓа ова.
  7. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.186
    Допаѓања:
    16.432
    Значи колеги сме 6 и замислете никој со никого не комуницира.
    Диви луѓе.
    Глупи бе, за поќе пари на црно да добијат ќутат.
    Јас не знам шо е работава.
    Секој од секого се плаши.
    Сигурно е еден шпиун а газдата ни прави тестој ле.

    Море да видиш да се собериш, заедно сите.
    Има сите отказ и оставањето на цедило.
    На сред година и тоа.
    И да видиш како ќе е.

    Ќе ми се приѕверува мене некој бе?!

    Еден колега држи часови до 22 саат.
    Без осигурување, на црно ги бичи 30 000.
    На моето работно место се имаат 6 наставници Сменето, јас сум седма.
    Ми кажа колегата што си заминуваше одма ко влегов јас на неговото место, ах реков.
     
    На Alishan30 и Dentina им се допаѓа ова.
  8. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.098
    Допаѓања:
    42.357
    Зашто мајка ми нема појма математика, а татко ми уметност.
    Мене не ми е страв да барам помош или да понудам.
    Кај нас маж ми работеше со керка кога и требаше дома, плус на нов јазик сето тоа и за тројцата, јас бев зафатена со мое учење и така. Немам против за помош.
    Ама не на грб да го носиш. Сега сама си работи на 14.
     
    На Peperutce1115, ane.bella, candy.cane и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    119.020
    Пол:
    Женски
    Дримче, убаво кажа, твоите родители се професори, и многу убаво што се ти објаснувале и ти посветувале внимание.

    Е сега замисли колку семејства во Мк се такви.
    Многу е голем процентот на родители кои не се образовани како прво, потоа работат во смени, потоа се земјоделци и се уморни, или се вратиле од фабрики во ниедно време.
    Размислувајте по опширно.
    Благодет е да се седи со децата и да им се објасни, и јас така викам, дека ќе им посветам на моите деца внимание во школувањето.
    Но пример маж ми работи по 16часа дневно, кога тој ќе седни да им објасни?- тешко. И не се лутам за тоа.
    Познавам многу семејства кои едноставно неможат и не се во состојба да работат со децата. Или незнаат како.
     
    На Ucenicka123, Peperutce1115, ane.bella и 14 други им се допаѓа ова.
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.339
    Пол:
    Женски
    Па, добро има опции сепак да се најде начин.
    Еве најдобра другарка на архитектура, за задачи да вежба плаќаше професор да ја вежба и сите испити си ги положи.
    Кога бевме во основно доаѓаше кај мене дома и заедно решававме работна математика пример со татко ми.
    Битно никогаш не рекла ќе баталам се зошто мајка ми и татко ми не може да ми помогнат да извежбам ова на пример.
    Ама па од мала и всадиле во глава дека ако сака да успее мора да учи, може не знаеле да и покажат се ама битно давале се од себе да е сега таму кај што е.

    Мислам има да се најдат начини ако некој ептен е желен за учење.

    Во иднина голем дел од родителите ќе се веќе со факсови, магистратури и докторати, така да сметам дека ова ќе е се помал проблем.
    Повеќе ќе е зошто нема да сакаат да им обрнат толку внимание (да, сум видела и такви деца оставени сами на себе, нека се снајде колку може или битно година прошол со 2ка ајде не е битно, а понекогаш се што ти треба е само поттик и мотивација и поддршка зошто секое дете во него има потенцијал) или зошто ќе работат турбо и ќе ги запостават на некои начин.

    Да, битни се и професорите и многу е битно прва наставничка која ќе им е за да им всади навика за учење ама битна улога имаат и родителите.

    Пример, кажав веќе брат ми одеше целодневна, јас не.
    Према мене беше многу попросечен ученик. Ама книгите не ги носеа дома и всушност немавме толку увид да знаеме што и како е. Битно не беше нешто многу јак ученик, 3-4-5 просек.
    Откако е 6то, доби прв тест математика 2 и одеднаш коа видовме какви пропусти и утки имал поради таа целодневна...
    Почна редовно да вежба и да вежба многу, од 2ка стигна до ученик сега во 7мо што вади 4-5 математика цело време. И другите оцени ептен ги подобри, почна сам да си бара помош од нас пред тестови и се виде дека можел многу повеќе уствари.
    Значи требало работа и работа со него... Оставен така сам на себе толку можел...
    Зборам од лични примери, баш еве...

    Значи и во школо наставничките не се грижат за сите 20 деца, не ни постигнуваат.
    За јаки резултати мора и работа надвор од школо за жал...
    Можеби треба да се помали класови, повеќе да се работи со децата за подобри резултати, не знам ама има пропусти во овој дел и без онлајн настава.
     
    На Ucenicka123, bittersweet, BlackMistery и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.235
    Да не се лажеме, никогаш нема да може да биде толку квалитетна и ефективна онлајн наставата како онаа со физичко пристуство. За полагања, тестови, не ми се ни зборува, супер што некои членки погоре објаснија што се случува всушност. Не смееме да го заборавиме и аспектот на социјализацијата, зјапањето во лаптоп нема никогаш да ги замени доживувањата на училиште/факултет.
    За привремена опција (неколку месеци преку сила) е океј. И тоа, ако и само ако е добро осмислено, а не вака како кај нас.
    Во секој случај, физичкото присуство е незаменливо. Ако ништо друго, кризава не' научи дека е така. Образованието е една од оние професии што не би функционирале трајно онлајн. Факт :)
     
    На Ucenicka123, senjorita-v, candy.cane и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.098
    Допаѓања:
    42.357
    Има деца и сами што можат, можи не се чести ама има .Не работат сите со нив и кај најдобрите. Еве и пример- брат ми со награди беше натпревари математка, и републички, вежбаше наставничката, ама моите дома јок. Јас исто имам републичка физика, ради тоа и стипендија имав средно, сама учев оти ме занимаше, помош имав пола ден од еден наставник вкупно пред натпревар ах да и наставничката ни даваше листи со задачи.
    Интелигентно дете не му треба " висење" над него, имав другарки скроз сами минуваа основно и средно ако нешто не им е јасно , тука беа наставниците.
    СЕКОЈ ден работа од неколку сати со дете дома е ту мач според мене.
     
    На Ucenicka123, Peperutce1115, Sleepy и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.339
    Пол:
    Женски
    Порано имало многу поквалитетен наставен кадар и мислам дека многу работи не се учеле за разлика од сега.
    Самите генерации од порано го кажуваат тоа.
    Сега програмата е фул натрупана по милион предмети и се и сешто... Класична настава, етика, граѓанско, општество, иновации, животни вештини, програмирање, историја на родниот крај, религии (дали навистина се ова е потребно во основно еве не знам...).
    Не се учи најбитното, се учи буквално се можно што му текнало на некого.
    А да не збориме и дека со партииве у образование вработија секакви професори и тоа си има улога...
     
    На Ucenicka123, BlackMistery, Alishan30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Pelargonium

    Pelargonium Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Свесни сме сите дека има големи пропусти во образованието и тоа мислам дека нема некој што го нема приметено. Ама на тие пропусти кај основци еве да речеме додај и онлајн настава и ете ти неписмени деца. Ти си студент и ми оставаш впечаток на разумна и одговорна личност и како и да се одвива наставата ќе си учиш. Тоа не е случај со голем број на деца и плус не секој има професор дома да му објаснува.

    Мислам дека со членките што се за онлајн настава не се разбираме добро за една работа. Не е дека ние не сакаме да работиме со нашите деца, секој родител треба барем малку да обрне внимание, туку сакаме да има што да им ставиме на маса за јадење и сакаме да уживаат во детството со своите врсници.
    Само да напоменам дека моето дете е малечко за школо, ама како родител тешко ми паѓа да мора да учи онлајн.
     
    На Ucenicka123, candy.cane, christinnn и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.200
    Пол:
    Женски
    Ова не е поради целодневната. Едноставно учителките на помалите им попуштаат ради мотивација, и така тие оцени не им важат за упис во средно. Кога ќе дојдат во предметна настава е друга приказна, мора да биде пообјективно. Ти кажувам бидејќи сум предавала и во 5то и во 6то, знам колкава е голема разликата.

    Ако мислеше општо на наставата сметам дека како што многу земји изнајдоа решенија да се вратат децата во школски клупи, така можат и овде. Реорганизација. Дали тоа ќе биде настава во три смени со скратени часови, дали вработување на дополнителен кадар, дали ќе им се наметне дупла работа на наставниците и професорите (а при тоа да дадат и поголеми плати)...треба да се осмисли нешто и има решение.

    Онлајн наставата е краткорочно решение, но не решение за година или две како што вика Вајлд. Толку долго ако трае ќе ги осакатиме малите деца.
    Доволно беше 3 месеци па и долго. Наставното градиво не беше усвоено во целост, само нешто принаучија. Исто како да оделе само 2 недели на настава во училиште. Знаењето не верувам дека им е поголемо.
    Ако земеме и од септември да го сумираме најважното од учебниците (ние наставницоте и професорите) сами да прилагодуваме наставни содржини наместо биро да ги изготви програмите, децата навистина ќе ни застанат кај лекцијата "наброј ги домашните животни" :|

    Меѓу другото јас поминав низ многу обуки и вебинари за онлајн настава, ами децата? Едвај се снаоѓаат со нови алатки а со тоа се усложнува текот на наставата и предвидените очекувања.

    Навистина незнам што не чека во септември. Пополнив неколку анкети испратени од Мон поврзани со онлајн настава. По сѐ изгледа ми докажуваат дека се неспособни да направат поголеми реформи :envy:
     
    На Ucenicka123, candy.cane, renata77 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.166
    Допаѓања:
    5.382
    Пол:
    Женски
    Абе кој сака нека зборува дека и во живо не слушаат децата и дека и во живо се препишува. Гарантирам дека процентот на препишување е далеку помал при полагање на факултет, или тест на училиште. Сигурно дека на полагање во амфи не можам да си извадам учебници пред мене, и да си препишувам од нет, или со колеги групно да си полагам, како што направија многууу студенти во текот на онлајн полагањата кои не беа со камера. Секако дека и во амфи некој ќе подпрепише, ама никој не може да ме убеди дека исто така може лабаво да се читка од книга или да се полага заедно со колега. А кај нас очигледно не се создаваат подобри услови за тоа онлајн полагање да биде релевантно. Барем не на мојот факултет. Кога ќе биде како што треба, верувам дека никој нема да биде против.
     
    На Ucenicka123, Peperutce1115, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Ама исто е.
    И на школо да оди, пак им висите над глава за домашни и учење дома
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Па и преку камера можат да им привлечат внимание, и тоа без страв.
    Интерактивна настава.
    Ако им предаваат и ги инволвираат со разговор и кратки задачи, ќе слушаат
     
  19. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.339
    Пол:
    Женски
    Жив пример на психологија у амфитеатар од телефони препишаа се...
    Жив сведок бев на тие околу пред и зад мене. На биофизика цели прашања си диктираа колеги...

    Кој знае да се снајде и да препише и така и вака ќе успее.
     
    На senjorita-v, BlackMistery, GirlLove и 2 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    ИбИ на наставниците кои ни една лекција не им предадоа

    Оф Топик, пишам од моб не знам да спојам мислења