Онлајн настава

Дискусија во 'Коронавирус' започната од referentka, 29 јуни 2020.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    41.853
    Пол:
    Машки
    Владата на Република Северна Македонија на својата 5-та седница, одржана на 22 септември, го усвои и Извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од страна на основачи на училиштата за организирање на настава со физичко присуство, за период од 2.09.2020 година до 14.09.2020 година.

    Владата го прифати предлогот на Комисијата согласност за настава со физичко присуство да добијат 169 училишта од кои: 6 државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште со одобрение за експериментална настава во основно образование, 15 централни општински основни училишта, 147 подрачни основни училишта.

    Извештајот констатира дека не ги исполниле условите 32 централни општински основни училишта, 11 подрачни основни училишта и 2 приватни училишта.

    Според извештајот, за организирање настава со физичко присуство во средните училишта биле доставени вкупно 66 барања, од кои Комисијата предлага согласност да добијат 4 училишта од кои: 2 државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште, 1 општинско средно училиште. Делумна согласност за реализација само на стручните предмети и практичната настава да добијат 10 училишта (5 уметнички, 4 општински училишта и 1 државно училиште – Спортска академија).

    На 5-тата седница Владата ги усвои предлозите на Комисијата, која, по разгледување на комплетните барања доставени од страна на општините, одобри изведување настава со физичко присуство на училишта за деца со посебни образовни потреби: ПОУ „Д-р Златан Сремец“ – Скопје; ПОУ „Иднина“ – Скопје; Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ – Битола; Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Кисела Вода – за основно образование; ПОУ „Маца Овчарова“, Велес; и Завод за заштита и рехабилитација Бања Банско, Струмица.

    Поради актуелната епидемиолошка состојба и постоењето на ризик кај оваа ранлива категорија на деца, наставата треба да се реализира со мал број на деца во различни смени со целосно почитување на епидемиолошките мерки во протоколите дадени од нивна страна и протоколот за настава со физичко присуство, а училиштата кои имаат интернатско сместување да ги опфатат само своите ученици со максимално сместување до 2 деца во соба.

    Од барањата на приватните основни училишта, одобрение доби француското интернационално училиште „Ефис“ од Скопје.

    Согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение доби и Подрачното основно училиште (ПУ) Мородвис во Општина Зрновци.

    Во Општина Берово согласност добија ПУ с. Будинарци, ПУ с. Митрашинци; ПУ с. Ратево; ПУ с. Смојмирово; и ПУ с. Владимирово за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.

    Во Општина Валандово согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение во различни смени со учениците од прво до трето одделение добија ПУ с. Чалакли; ПУ с. Казан Дол; и ПУ. с. Брајковци, а ПУ во Дедели, Башибос и Грчиште добија согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.

    На подрачните училишта во с. Калково, с. Марвинци, и на с. Удово им се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение во различни смени во групи по возраст (учениците од прв период во една смена, учениците од втор период во втора смена).

    Општина Василево доби согласност за ПУ с. Доброшинци за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение во две смени; за ПУ с. Чанаклија и за ПУ с. Сушево, ПУ с. Владевци за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, и за реализација на настава во две смени со учениците од прво до петто одделение; ПУ с. Едрениково и во с. Седларци, и ПУ с. Радичево за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, додека за ПУ с. Дукатино е одобрена согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение со укажување наставата да се реализира во две смени со учениците од прво до петто одделение.

    Во Општина Петровец согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение добија ПУ с. Горно Коњари, ПУ с. Сушица, и ПУ с. Чифлик.

    Општина Пехчево доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение за ПУ с.Црник, ПУ с.Панчарево, ПУ с.Умлена, и за ПУ с.Робово.

    Во Општина Новаци организирана настава со физичко присуство ќе има во ООУ „Славко Лумбарковски“ за учениците од четврто и петто одделение, и во ПУ с.Бач за учениците од шесто до деветто одделение; во ПУ с.Живојно, ПУ с.Далбеговци, ПУ с.Агларци, ПУ с.Добромири, ПУ с.Рибарци, и ПУ с.Гермијан, исто така за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.

    Во Општина Могила ПУ с. Д.Чарлија доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение; ПУ с.Радобор – се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на ученикот од четврто одделение.

    На ООУ „Браќа Миладиновци“ од с. Добрушево му е одобрена согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, како и на ПУ с.Дедебалци, ПУ с.Мусинци, ПУ с.Ношпал ПУ с.Трап, и на ПУ с.Будаково.

    Согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, добија и ООУ „Кочо Рацин“ во с. Ивањевци, како и ПУ с.Долно Српци, ПУ с.Волино и ПУ с.Трновци.

    Општина Дебрца доби согласност за ООУ „Дебрца“ за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение во смени, исто како и за ПУ с.Оровник и ПУ с.Требеништа, за ПУ с.Мешеишта, за ПУ с.Ботун.

    ПУ с.Велмеј, ПУ с.Злести и ПУ с.Издеглавје во оваа општина добија согласност за организирање настава со физичко присуство на ученикот од петто одделение заради комбинирана паралелка, а ПУ с.Горенци и ПУ с.Лешани добија согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение.

    Во Општина Лозово согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение доби ООУ „Методи Митевски - Брицо“, како и ПУ с.Дорфулија, ПУ с.Каратманово, ПУ с.Сарамзалино, и ПУ с.Милино исто така за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.

    Општина Зелениково доби согласност за ПУ с.Страхојадица, за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение, и за ПУ с.Орешани за настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.

    Во Општина Карбинци согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение доби ООУ „Страшо Пинџур“, и ПУ с.Таринци, ПУ с.Балван, ПУ с.Прналија, ПУ с.Калаузлија, ПУ с.Радање, ПУ с.Кучица, исто така за учениците од четврто и петто одделение, а ПУ с.Оџалија за ученикот од четврто одделение, ПУ с.Крупиште за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение во две смени, и ПУ с.Караорман за учениците од четврто и петто одделение во две смени.

    Во Општина Конче согласност добија ПУ с.Габревци, ПУ с.Ракитец, ПУ с.Долни Липовиќ, ПУ с.Горни Липовиќ, и ПУ с.Дедино за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.

    Општина Богданци доби согласност за ПУ с.Ѓавото и ПУ с.Селемли за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.

    Во Општина Македонска Каменица ПУ с.Саса има согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение во две смени, а ПУ с.Моштица и ПУ с. Цера 1 за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.

    Во Општина Долнени ООУ „Пецо Даскалот“ од с. Долнени доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, како и ПУ с.Сенокос, с.Браилово, ПУ с.Бело Поле, ПУ с.Костинци, ПУ с.Дупјачани, ПУ с.Дреновци, ПУ с.Небрегово, ПУ с.Кошино, ПУ с.Гостиражни и ПУ с.Заполжани, а во ПУ с.Вранче ќе се организира настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение.

    Во ООУ „Али Фетхи Окјар“ во с. Дебреште ќе се организира настава со физичко присуство на учениците од комбинираната паралелка (на албански наставен јазик) од четврто и петто одделение.

    Во Општина Старо Нагоричане, во ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ - с. Драгоманце ќе се организира настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, а во ПУ с.Челопек и во ПУ с.Пелинце се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на двата ученика од четврто одделение, додека во ПУ с.Арбанашко ќе се организира настава со физичко присуство на ученикот од петто одделение.

    Во оваа општина, во ООУ „Христијан Карпош“ - с. Младо Нагоричане – се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од петто одделение, исто како и во ПУ с.Облавце.

    Во ПУ с.Ѓорговци настава со физичко присуство ќе има за учениците од четврто одделение, а во ООУ „Светозар Марковиќ“, во ПУ с.Алгуња, и во ПУ с.Никуљане за учениците од четврто и петто одделение.

    Во Општина Сопиште настава ќе се организира во ООУ „Драга Стојановска“ во с. Ракотинци за учениците од четврто и петто одделение, исто како и во ПУ с.Добри Дол, и ПУ с.Долно Соње, и ПУ с.Држилово, додека во ПУ с.Патишка река се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение.

    Општина Илинден доби согласност за ПУ с.Мралино, ПУ с.Бунарџик, и за ПУ с. Текија за физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, а за ПУ с.Мршевци има согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение во две смени.

    Во Општина Кривогаштани ООУ „Манчу Матак“ во с.Кривогаштани доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, исто како и ПУ с.Крушеани, ПУ с.Славеј, ПУ с.Врбјани, ПУ с.Бела Црква, и ПУ с.Боротино.

    ПУ с.Подвис во оваа општина доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од петто одделение, а ПУ с.Годивје за учениците од четврто одделение.

    Во Општина Гевгелија ООУ „Климент Охридски“ во с. Миравци ќе организира настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, како и ПУ с.Давидово, ПУ с.Богородица, ПУ с.Мрзенци и во ПУ с.Прдејци, додека во ПУ с.Милетково, во ПУ с.Моин и во ПУ с.Смоквица настава со физичко присуство ќе има за учениците од четврто одделение.

    Во ПУ с.Кованец во оваа општина се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од петто одделение.

    Општина Битола доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од петто одделение во ПУ с.Братиндол, и ПУ с.Брусник, а за ПУ с.Дихово се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто одделение, додека во ПУ с.Трново настава со физичко присуство ќе има за учениците од прво до петто одделение (комбинирана паралелка од прво до петто одд).

    И ООУ „Ѓорѓи Сугарев“, Битола, доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците во посебната паралелка од четврто до деветто одделение. Во ПУ с.Крклино ќе се организира настава со физичко присуство на учениците во комбинираните паралелки од прво до петто, а во ПУ с.Лопатица за учениците во комбинираните паралелки од второ до петто.

    Во ПУ с.Црнобуки и во ПУ с.Лисолај во општина Битола ќе се организира настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, во ПУ с.Габалавци за учениците од петто одделение, а во ПУ с.Драгожани за четврто одделение.

    Во општина Битола, ОУ „Крсте Петков Мисирков“, во с. Бистрица ќе организира настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, како и во ПУ с.Барешани, ПУ с.Велушина, ПУ с.Егри, ПУ с.Доленци , ПУ с.Граешница, ПУ с.Меџитлија, ПУ с.Кременица, ПУ с.Лажец, ПУ с.Кравари, ПУ с.Канино, ПУ с.Оптичари, ПУ с.Породин, додека во ПУ с.Кишава, ПУ с.Острец и ПУ с.Олевени ќе се организира настава со физичко присуство на учениците од четврто одделение.

    За ПУ с.Цапари се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение во смени.

    За Јавната установа за деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение (објект Радишани и Визбегово), се дава согласност за организирање настава со физичко присуство за штитеници во установата.

    Во делот на средното образование согласност за организирање настава со физичко присуство добија средните училишта за ученици со посебни образовни потреби Државен училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ Гази Баба - Скопје;, и Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ Кисела Вода - Скопје.

    Согласност за организирање настава за стручните предмети, за соодветните видови на подрачја со физичко присуство, добија и средните уметнички училишта Државно музичко училиште Битола; Државен музичко балетски училишен центар „Илија Николовски Луј“ Центар – Скопје; Државно музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“– Тетово, Државен музички училишен центар „Сергеј Михајлов“ – Штип и Државно средно училиште за применета уметност „Лазар Личеновски“ Центар – Скопје.

    На овие средни училишта не им е дадена согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците во наведените училишта за наставата по општообразовните предмети, теоретските предмети, солфеж, хор, оркестар и хорско пеење.

    На Спортска академија Центар и е дадена согласност за реализација на стручните предмети (избран спорт: ракомет, фудбал, кошарка и тенис) согласно одобрените протоколи на соодветната федерација.

    Во однос на приватните средни училишта согласност за организирање физичка настава доби Приватното средно училиште QSI INTERNATIONAL SCHOOL of Skopje – Скопје за учениците од прва до четврта година.

    Во Општина Битола согласност доби СОУ „ СОЗУ „Кузман Шапкарев“ за организирање настава во две смени со физичко присуство на учениците од прва до четврта година.

    Согласно препораките на Комисијата практичната настава во стручното образование учениците ќе ја реализираат со физичко присуство согласно одобрениот план и протоколите за средно образование, практична настава, феријална практика и учење преку работа.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.972
    Пол:
    Женски
    IMG-948ba1deec17282aaeec7b2c3eca7633-V.jpg

    Повелете минимум потребна конфигурација за следење на наставата.
     
    На tina2018, Ева33 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.972
    Пол:
    Женски
    Значи само виндоус компјутери може да ја користат платформата, ние што имаме ејпл може да се сликаме :^)
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.685
    Допаѓања:
    25.260
    Пол:
    Женски
    И сега онлајн ќе биде?
     
  5. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Значи сепак не бил фејк документот што го имав пред некој ден постирано...

    И сега??
    Ова треба да го видат сите родители, и навреме да се обезбедат со се што е потребно за онлајн наставата.. Да не биде после не знаевме, немаме финансии за нови PC...
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.706
    Допаѓања:
    6.593
    Пол:
    Женски
    Ова треба да го видат сите родители, и навреме да се обезбедат со се што е потребно за онлајн наставата.. Да не биде после не знаевме, немаме финансии за нови PC...

    Mnogu od roditelite i nemaat finansii za 1 kompjuter, a kamoli za 2 ili 3 kompjuteri za onie roditeli sto imaat povekje od 2 deca..
     
    На FightaminC му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Падна системот...

    Screenshot_20200924-193506.jpg
     
    На cresa-jagoda, katalina и fana им се допаѓа ова.
  8. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.253
    Допаѓања:
    118.914
    Пол:
    Женски
    На Harper, cresa-jagoda, Kitten и 2 други им се допаѓа ова.
  9. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    5.918
    Штом вика дека на сафари може да се следи, не гледам проблем зошто да не може од ејпл да се следи
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    И???
    И мене денес пола ден ми беше падната мрежата и не можев да се уклучам и да сработам се што треба за на работа, па се стабилизира и се среди. Не се истрчав на форум да мрчам.
    Значи и интернет знае да падне, па си чекаме да се стабилизира за да се уклучиме.

    Значи стварно не можам да ве разберам со кукањево и плукањево за онлајн настава.
    Ако не сте способни и не ви иде, земете работете нешто друго, никој не ви ставил нож под грло.

    Јас слушнав и друга верзија од наставнички за обуката и онлајн наставата.
    Зборам за човек што во моментов оди на обуките. Рече дека платформата е ок и дека на децата ќе им биде интересно.
    И дека имало наставници што одбивале да одат на обуките и дека имало и такви што не се појавувале воопшто.

    И после ќе ми рече некој дека само тие од горе се криви. И те како има наставен кадар што е неспособен и примен со врски па неќе да работи и мрчи и све му смета.

    И мене не ми е по кејф ситуацијава и сакам детето нормално да ми оди во училиште, ама нема, таква е ситуацијата.
     
    На Annath, cresa-jagoda, boomsleng и 4 други им се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.972
    Пол:
    Женски
    Не дочитуваш. На било кој пребарувач може само да се следи наставата т.е да се има пристап до истата без притоа да можат да се искористат нејзините алатки. Или во превод нем следач. Нешто слично е и со мобилните и таблетите, таму ќе имаат малку повеќе опции.
    За да се добијат сите функционалности на платформата треба да се има винодус 8, а пожелно винодус 9 и останатите перформанси кои се наведени да не се повторувам сеа.
    Сега појасно ти е? Се надевам дека си доволно едуцирана за да знаеш дека програмите кои функционираат на виндоус не функционираат и на осх?

    Ме интересира што решија со пратениците? Нели едно време се збореше дека можно е да имаат онлајн седници? Се прашувам дали од свој џеб ќе ја купуваат опремата за да ја следат седницата (како учениците и наставниците) или ќе им следува службена опрема?
    Се кладам дека ќе биде второво |( Ова не ве вади од такт?! Како можете упорно да напаѓате наставници, родители, овој, оној, кога оние кои ја смислија глупоста со платформава и онлајн наставава се криви?
    Минимум цена за препорачанава конфигурација е 20 000, замисли имаш две деца или недај боже три?!! А има и деца што немаат пристап до интернет. Ама не грижете се, смислиле господава решение. Ќе имаат принтани материјали од каде што ќе учат. Пу јаз’к!!!!!
     
    На Glowy, cresa-jagoda, Kitten и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Јасно ми е мене, исто, и многу наставници немаат соодветна опрема за држење на онлајн настава, па никого не го засега тоа.
    И на крај пак наставникот ќе го изеде подебелиот крај.
     
    На riba79 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Обуки се во тек, распореди се прикачуваат, наставни програми, теми, се и сешто се прикачува, се спремаме за старт, а ти викаш И??!? :x
    А тек сега кога ќе се уклучат уште200 000+ ученици ќе биде весело..

    Оооо, тие од горе и то како се криви..не се прави ова 3 дена пред старт на учебната година.

    Не е кукање воопшто, ама после да не слушнам родител да се пожали, дека нешто "не функционира" како што треба, ок....
    Алармирано е се навреме, уште од Август месец.
     
    Последна измена: 24 септември 2020
    На cresa-jagoda, fana и zuto им се допаѓа ова.
  14. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Не знам, од тебе читам само кукање искрено. А еве ти кажувам, наставничка што сега оди на обука ми кажува дека не е така хаотично како што ти сакаш тука да претставиш.
    Ние утре ќе имаме родителска средба, па баш ќе видам што ќе кажат наставниците. Посебно за онлајн наставата.
     
    На tina2018, cresa-jagoda, Pixi5 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    5.918
    Ако ти читаш ќе видиш дека на мобилен ќе може сите опции да ги имаш само што ќе ти биде намалена прегледноста нормално поради помалиот екран, и доколку сакаш самата да си провериш а не само да се жалиш ќе видиш дека мајкрософт тимс програмата функционира и на макбук...
    И за конфигурациите на лаптоп да нормално е да има поголеми барања затоа што ќе треба да се извршуваат секојдневни активности на лаптопот, да бидеш активен на него со часеви, да зачувуваш фајлови да креираш, нормално е да ти бараат поголема меморија, па сега обичнине телефони имаат по 3-4 гига рам ти за лаптоп си се фатила. Сега разјаснивме?
     
  16. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    Не е тешка за користење платформава, моиве ја вежбаа и вчера и јас им појаснував нешто, ме прашуваа и супер им иде.
    А се у 50тата али и онака редовно користеле и претходно социјални мрежи и компјутер/телефон, добро се снајдоа, ако се сака се може. :)
    Дури малце прво ми беше страв да не нешто им иде потешко ама вчера се изненадив као се си научиле и на обуките у тефтерче си фаќале белешки за командите, тоа се тие oldschool навики. :D

    Мислам дека секој професор ако се потруди ќе ја сфати, а и еве на малку постарите генерации, ние дома децата може да им помогнеме на почеток ако нешто не им е јасно, само да имаат желба да научат, со вежбање ќе биде супер. :)
    Од компјутер ја испробувавме дома, малце кочи на моменти ама на македонски е се напишано и мислам дека сепак лесно е да се најдат сите опции и би требало и на децава да им иде океј, ние секако некако помладиве и инстинктивно знаеме да се снајдеме дури и првпат да гледаме некоја апликација. :D

    За учениците мислам нема да има проблем, баш и брат ми еве ја гледаше вчера отприлика и вика лесно му се гледа за користење и него.
    8мо одделение ќе е, така да мислам дека за над 5то одделение добро ќе им оди на децава, а и помаливе ќе се снајдат сигурно. :)
    Добро е што направиле се да е на македонски.
     
    На MrenaRiba, tina2018, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Не е кукање, жива вистина е тоа што го пишувам.

    Јас никаде не реков дека е несовладлива програмата, но си бара барем еден ден обука, да се истражива цела платформа, чепка низ неа и слично..

    Цело време пишувам за целиот закаснет процес, и основната опрема-компијутерите, кои се најважниот сегмент за онлајн наставата.
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Ја немаш инсталирано веќе?
    Не истражуваш?
     
  19. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Не се вклучувај у дијалог непотребно, и колку контра да одиш, и ПАК не знаеш што пишуваш..

    Што не ти е јасно?!
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Не пишав ништо контра, само прашав дали ја имаш веќе инсталирано и дали си ја расчепкала да видиш што е-како е.