Да, се е инсталирано, обуката помината, платформата совладана во целост. Не е тешка, интересна е, има многу опции за се, но си бара време да се вклопи се во неа
Нормално е. На ИТ факултет студирам во странство па дури и нашиот сајт (создаден од професионалци) паѓаше.
Е добро де, ако паѓа(или може се надоградува платформата) со лаик кажано 2000 онлајн вклучени наставници, да не биде после да крахира скроз.. Сега се е тренинг и вежбање..
О фала што ме просветли. Земи решавај задачи или пишувај домашна на мобилен да те видам или прави било што што правиш на компјутер. А за мек и мајкрософт, фала уште еднаш за просветлувањето само... знаеш нели дека кога купуваш некоја програма треба одделно да ја купиш за виндоус и осх? Јас во дописов од мон не прочитав дека осх се наведува како опција. Еве пак ќе прашам: образованието е задолжително, дибециве решија дека ќе биде онлајн настава со оваа платформа, следствено треба да обезбедат опрема за следење на истата исто како што себе си си имаат обезбедено службени лаптопи, мобилни, си плаќаат трошоци за пат и што уште не Али еј, додека има овчички....
Еве сестра ми пишуваше домашни преку мобилен, ги решаваше тестовите преку мобилен, и не само она пола оделение, и презентации се прават преку мобилен, бар сега за се постои апликација. Не треба они да пишуваат по 10 страни домашно, па за да е нешто тешко... ако се сака ќе се најде начин, а не оправдување. За обезбедувањето на опрема се сложувам сосема со тебе, на некој со 1000евра плата што може и ниту еднаш нема прозборено во собранието има обезбедено стан во ск, патни трошоци, опрема и се друго, а за учениците нема... Јас само Апасиев го слушнав да зборува за тој проблем, никој друг. Патем за учениците што немаат интернет како решение е земено да следат преку телевизија, wtf како тоа дете ќе се вклучи во интерактивна настава ако нешто не му е јасно, ова е ептен нелогично
Тоа и јас сакав да кажам дека е нормално. Има луѓе кои и за тоа ќе почнат да ја обвинуваат државата, власта и образовниот систем па за тоа коментирав. Серверот на тој сајт постои и физички, така да замислете што се случува 5 000 корисници и повеќе одеднаш да го посетат сајтот. Единствена предност е што на компјутер е поудобно и попрегледно. Инаку нормално е да бараат појаки конфигурации бидејќи денес еден најобичен и најефтин смартфон има рам 4GB и добар процесор. Незнам дали би можело да се гледа онлајн предавање и истовремено да се работи нешто друго на конфигурација стара 10 години да речеме. Најчесто тие подржуваат само DialUp конекција која веќе не се користи, така да би имале проблеми со интернетот, да не зборувам за друго.
Браво за сестра ти не е работава да се најде били каков начин(најчесто мизерна импровизација) Законски сите ученици треба да имаат едмаков третман и прилика за образование.
Епа еве гледаш дека немаат и сега што да правиме?? Никој не гледам да организира протест. Преку форумов не гледам дека нешто ќе се направи, туку само ќе си се жалиме и ќе си пренесуваме негативна енергија. Треба акција а не коментирање по форуми
Нишо бе.... ќе си се плукаме по форуми еден со друг дека сме мрзи или неуки, додека дибециве мува не ги лази. Познато сценарио Иначе, средношколциве протестираа/т, ама не добија голема поддршка од поширока народна маса пошо протестирале за да шетаат, а не за учење.
Пример кажав. И безжична и секаква да подржува џабе е. Не може да се спореди со понова конфигурација. Уствари пробај ако не веруваш дека нема да имаш проблеми со стара конфигурација штом гледам дека си толку упорна. Ако сами не си помогнете никој нема да ви помогне. Барајте решение за да си завршите работа. Не ја оправаме државата преку форум. Општо ова е долгогодишен проблем. Нема да обезбеди ништо државата за жал тоа е факт.
Штом ја "решивме" ситуацијата дека децата нема да имаат проблем со онлајн наставата(следење преку моб, интернет,и сл) дека наставниците/професорите се сите ИТ експерти, 1 Октомври очекувам да започне без никакви проблеми за се, и целиот процес глатко да тече.. Само да промрчи некој за нешто..
Абе акција има од Август месец.. Дадени им се комплетни информации кои деца немаат се што треба за старт(уред, интернет..).. И?? Презеде некој нешто? Онака само си стои бројката 40 000 деца (која верувам дека е поголема)
Средношколците протестираа за да има комбинирана настава а не за обезбедување на опрема за секој ученик
Имам јас 10г стара ејпл конфигурација, сеа ќе ја менувам пошто веќе е се потешко да се работи на неа. Јасен ми е муабетот и потребата за нова конфигурација, друг ми е муабетот. Ако читаш, ќе видиш што збориме цело време.
Не ја решивме, туку сакам да кажам дека со кукање како е лошо во државава нема да постигнеме ништо. Доколку имаме било каква можност да следиме онлајн настава ќе следиме. Било на мобилен било на таблет не е битно, си ја врши работата. Доколку имате вишок уред понудете некому кој знаете дека не е во можност да следи онлајн настава. Така би било подобро, а со кукање дека е лошо нема да решиме ништо, сите знаеме дека е лошо.
Акција за обезбедување на опрема во смисла протести, тоа е дадена информација а не акција. Еве вие како наставници можете да протестирате со неприфаќање на работа се додека не се обезбеди соодветна опрема за секој
Да де... ама добија поддршка од сеирџииве? Ние сме гнаса народ, па затоа муабетот за протест не ти држи вода пошо ако излезеш да протестираш поише сеирџии ќе има од страна што ќе ти се смеат. ОВЦИ!