Ама има акција, доставено е се во училиштата,само никој ништо не превзема. Не значи ако не е овде на форум нешто спомнато, дека не е превземено.. Ако не прифаќаш да работиш во необезбедени услови за наставницте, Мила Цароска си донела закон за тоа, мислат овие на се.
Кој да има вишок? Во МК бараш некое семејство да има вишок уред? Тоа фалат уреди, има недостаток на се.
За твоја информација тие средношколци добија и посети со министрите, што не протестираа за опрема?? Туку си протестираа за комбинирана настава, што ете и се доби... така да тебе не ти држи вода муабетот, не сфаќам како планираш да решаваш проблеми во нашава држава? Со куцање преку интернет? Ќе фаќале сеир, па што ми е гајле кој што ќе каже јас одам таму да протестирам за мене за нешто што не ми чини... сакаш да менуваш нешто а патем те страв од другите што ќе кажат
Десетици апликации и платформи користиш и сега, па не си ИТ експерт. И форумов е платформа. Како научивте да ја користите? Станавте ИТ експерти?
Има луѓе кои имаат. Лично имам подарено куќиште кое не го користам. Помогнете некому доколку сте во можност на било каков начин. Со кукање на форумов нема да смениме буквално ништо. Свесни се сите дека ситуацијата не е ок. Не очекувајте ништо од власта. Терористи држава водат вие очекувате образованието да се подобри па и компјутери да обезбеделе.
Што релативизиташ ти цело време жити се?? Зборам општо за сите наставници/професори, не за мене... Не користат сите Фб, Инст, Твитер, форум..
Па како да ги поддржат кога самите 10-тина членови си ги донесуваа сите одлуки? Се претставуваат како Средношколски сојуз, а ни еден средношколец од мое градче не беше прашан за мислење, а колку што знам ни од другиве градови. И многу добија, повеќе од доволно, од прво излегување јавно одма средби во Влада, предност пред родителите на владините средби и слично.
Да се разбереме, протестот беше чиста глупост,смешки во боја, политички маркетинг, и слични глупости..
Од тоа колку се способни наставниците, зависи колку ќе научи моето, а и другите деца. Ем ве плаќаме, ем сркаш со двете раце. Не ти се тебе проблем албанците во Гостивар, во тебе е проблемот ако не си способна да си го задржиш работното место.
Значи ти се изнажали со месеци тука. Мрчеше за се можно што слушна. Целиот процес се трудиш да го претставиш како ужасен, ништо не бидува, пишуваш неболузи од типот оваа опција ја нема на телефон, онаа опција ја нема и на крај еј супер штом ја имало ама пак не бива телефон. После ваква онаква конфигурација на лаптоп, аа супер штом ја отвара на сите. После еве видете падна програмот на милидекунда ете кажав јас ништо не бива се е ужас бла бла. После што е ова има уште една недела кај се обуките кааај К АаЈјј сееее е е. Утре дента: за ова е потребна обука од еден ден, јас веќе ја поминав, програмата е интересна. На најмал проблем ти доаѓаш тука и урлајќи правиш од мравка слон. Мислам дека како наставник во очите на сите тука си потоната до бескрај, однесувањето целосно ти го уништува угледот како професор. Скоро сите родители тука се молат да не им го учиш ти детето или некој сличен наставник како тебе. Треба малку да се освестиш и да престанеш да ја силуваш темава секојдневно со небулози, нападни мислења, твои лични фрустрации од онлајн наставата.
Немора да значи дека таа не е доволно добра во нејзината дејност и професија ако тука сте наишле на недоразбирања со неа. Служба е служба, дружба е дружба.
Нема никаква дружба и недоразбирања. Наврати се назад во темава и прочитај ја и ќе ти биде јасно што напишав и јас и уште неколку членки.
Јасно ми е се. Реков само да не и судиш каква е таа кога си ја врши должноста доколку немаш докази за тоа. Тука како и ние така и таа е анонимен член кој е дојден за дискусија.
Па ако и додека предава вака се однесува е страшно. Пример ќе падне системот на секунда и ќе им збори 10 минути на учениците ете падна системот, ова онлајн за ништо не го бива (бидејќи нејзе желба и е да не бива), мон вака така, државата крива дрн мрн. Имав вакви професори во средно кои цел час само плукаа по државата и си зборуваа каде шетале, што правеле. А сега истите тие ќе мора вистински да предаваат на онлајн часовите, бидејќи ќе ги снимаат предавањата, родителите дома ќе слушаат можеби, мон ќе врши контроли. Тоа ги плаши и фрустрира сега и агресивно пропагираат против онлајн. Ова го зборам од личен пример околу мене, личност која е наставник во средно и има вакви ставови како членката од горе наведените причини.
Бинго! Тоа е тоа. Претходно не знаевме за што зборуваат на час. Колку пати ќерка ми ми кажувала дека си седел наставникот на моб цел час, а тие си дрдореле меѓу себе. Е сега секој родител ќе може сам да види кој, колку, што и како предавал.
Ма браво! За ова богами вреди целава бламажа Просветните инспектори за украс ни служат. Туку.... не те чув да кажеш збор, два за конфигурацијава, за еднаков пристап на децава до наставата, за пратеници, министри и сл. за кои се обезбедува опрема за работа и се има финансии, ама за образовен кадар и ученици се нема. Оти нели ти беше за протести, правдина и тако даље... или селективна правдина тераш?